Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Без зафрканции, сосема кратко. Реал не губи ништо од недоаѓањето на Мбапе. Значи, единствен што губи е самиот играч.
Реал може кого сака и како сака да донесе. Реал сега може да го донесе Салах, на пример, да натрпа 200 гола за три-четири сезони и никаков проблем. Можат да изнакупат млади и потенцијални фудбалери, постари и подокажани, да го освежат и подмладат составот.

Мбапе е квалитетен, многу добар, секако дека би подобрил секој колектив. Но за оваа цена, плата, суми што се вртат - бегај бе таму, губи се.
Би се пореметил и во Реал и во секој друг клуб (освен ПСЖ) балансот, од финансиски и секаков друг аспект. Такви хирови дури ни на Флорентино сметам дека не му се потребни.

Од друга страна, по истекот на новиот договор на Мбапе во ПСЖ, тој би имал, колку, 25-6 години и некој куп позади себе, набилдана статистика против Лориен и Монпеље, евентуално титула првак на Франција и низа разочарувања во ЛШ.
Како за генерациски ( :pos: )...
 
Не се само дресовите, се дига рејтингот на клубот, полесно се привлекуваат останати играчи башка што ке имаш ѕвер во екипа

Sent from my iPhone using Tapatalk
Муабетот ми е за правдање пред ФФП и ништо друго :)

btw
:pos: :pos::pos:
 
И сеа на крај Мбапе ќе земе преку 100 милиони евра само за да продолжување на договорот со ПСЖ. Јас не гледам зошто било кој фудбалер би потпишувал нов договор, пред истекот на тековниот од сега натаму. Бар не за некој "обичен" signing bonus како што добиваат во нормални околности.
 
Мислам дека полека заборавајте на било каква трансфери. Се вака ќе се случува. Ќе си чекаат истек на договор ќе си лапнат голем бонус и чао пријатно.
 
Тоа е кога и други одлучуваат иако мајка му изјави дека останува на него да одлучи. :ROFLMAO:

Извадија максимум понуда од ПСЖ, да сакаше во Реал ќе идеше ако одлуката беше само негова. Сигурно немал понуда за потценување.

Доби големо внимание, побогат договор и голем бонус за продолжување.
 
Глупо е целиот наратив сега да биде ете само поради парите останува во ПСЖ. И Реал исто ќе му дадеа ненормални пари како бонус за потпишување. Претпоставувам сега во ПСЖ поголема ќе му е платата, ама и во Реал ќе му беше ненормално висока, немаше да оди онака од љубов да игра.

Ако ПСЖ на крај му нуделе се и сешто, воопшто не го кривам него за нешто, сфатливо е и логично е да прифати. Исто така еден детал кој лично верувам дека го мотивира е тоа што како дете од Париз многу повисоко значење би имало да му ја донесе на клубот првата титула во ЛШ, него да ја освои стотата на Реал. Ок, не ни изгледа како да се блиску ПСЖ до освојување, ама нема зошто он самиот да не верува во себе и да мисли дека може во следните две години да успее.

На 25 години ќе биде уште на врвот и ќе може пак да бира кај сака да оди и пак сите ќе му нудат ненормални пари.
 
Последно уредено:
Кога зборате за бренд и престиж да ве чита чоек со споредбиве некој ќе помисли дека Мбапе се двоумел помеѓу Реал и Ница а не за еден клуб како Псж кој последниве години рејтингот му е кренат во вис.
Поновите генерации се почесто ги гледам со дресови од Псж, кога дојде Нејмар во Париз рекорд турнаа со продажбата на дресови.
Псж котира високо на маркетинг пазарот, плус Париз, мене воопшто не ме чуди одлуката на Мбапе да остане во Псж.
 
На 25 години ќе биде уште не врвот и ќе може пак да бира кај сака да оди и пак сите ќе му нудат ненормални пари.

И ја мислам дека тоа е главната причина што решил да остане, да му ја донесе првата титула на шеикот и на Катар. Тоа што све ќе го добие и му било ветувано позади затворени врати нема врска со останувањето. Се покажа дека е гомно од карактер, можеше сево ова да го добие со многу помалку драма. Со здравје да си ги троши парите и само парите да му бидат најголемиот успех од цела професионална кариера.
Автоматски споено мислење:

Кога зборате за бренд и престиж да ве чита чоек со споредбиве некој ќе помисли дека Мбапе се двоумел помеѓу Реал и Ница а не за еден клуб како Псж кој последниве години рејтингот му е кренат во вис.
Поновите генерации се почесто ги гледам со дресови од Псж, кога дојде Нејмар во Париз рекорд турнаа со продажбата на дресови.
Псж котира високо на маркетинг пазарот, плус Париз, мене воопшто не ме чуди одлуката на Мбапе да остане во Псж.
Реал ќе биде Реал секогаш, ПСЖ без шеикот не знам што ќе биде.
 
Глупо е целиот наратив сега да биде ете само поради парите останува во ПСЖ. И Реал исто ќе му дадеа ненормални пари како бонус за потпишување. Претпоставувам сега во ПСЖ поголема ќе му е платата, ама и во Реал ќе му беше ненормално висока, немаше да оди онака од љубов да игра.

Ако ПСЖ на крај му нуделе се и сешто, воопшто не го кривам него за нешто, сфатливо е и логично е да прифати. Исто така еден детал кој лично верувам дека го мотивира е тоа што како дете од Париз многу повисоко значење би имало да му ја донесе на клубот првата титула во ЛШ, него да ја освои стотата на Реал. Ок, не ни изгледа како да се блиску ПСЖ до освојување, ама нема зошто он самиот да не верува во себе и да мисли дека може во следните две години да успее.

На 25 години ќе биде уште на врвот и ќе може пак да бира кај сака да оди и пак сите ќе му нудат ненормални пари.
Да, меѓутоа ти се водиш по изјавата на мајка му која беше единствен извор на информација дека понудите се исти.

Така да не знам колку стварно понудите се исти, зашто секој релевантен извор близок на Мадрид не ги пренесе бројките кои треба да бидат исти како оние на ПСЖ.

Како и да е, неговиот сон да игра за Реал после одлукава никогаш нема да се оствари. Барем не додека Перез е претседател.
 
Ќе идам малце оф топик,

Тоа што уефа е мафија и е веќе докажано не значи дека Супер Лигата беше некоја си генијална идеа.

Иначе новиот формат на ЛШ ти е најголемото срање што можеа да го напраат. За ФФП не би уопште да коментирам. Се дур не се воведе Салари Кеп во Европа џабе ќе се фура со ФФП, јасно ни е за кој важи ФФП. :D

п.с И во Супер Лигата ќе имаше вакви срања, само можно е поголеми суми да се вртеа само.

Според мене едини спас од вакви лудила од плати и бонуси е стриктно правило.
пример:
Тим што игра во ЛШ - до 300 милиони буџет за плати по сезона
тим што игра во ЛЕ - до 200 милиони буџет за плати по сезона
Тим што не е во тие натпреварувања до 100 милиони за плати по сезона
(од ракав извадени цифри).
И нормално тука им ограничуваш и на сами бонуси за играч

Само така би можеле да се спречат договори од по 100 милиони по сезона нето плата, што е ептен претерано. Небитно за кој клуб и да се работи.
Џабе е се. За се има начин. Не е никаков проблем преку рандом фирма да му шибнат повторно пари на сметка на маркетинг и слични работи. Има 100 начини да се заобиколи се.
 
Ако му е планот да остане во ПСЖ за да му донесе титула во ЛШ, ќе остане таму цела кариера.
Не знам, шеикот му е најверно другарче на Чеферин.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom