Ме дојми еден коментар на еден соседен форум, па решив да го транскрибирам на македонски:
"Ова е војна која се води во повеќе димензии, со тоа што главна цел на русите им е да му ја скршат кичмата на западот и да се укине неговата 400+ годишната доминација во економската и политичката сфера. Бидејќи, западот, како малигна креација, расне и се развива уништувајќи се околу себе и вшмукувајќи ги сите витални ресурси за сопствен развој и функционирање. Додека кај сите други остава пустош. Но за понатамошен опстанок и развој, потребни му се сѐ повеќе и повеќе ресурси како што се храна, вода и енергија. И кој нема да игра по неговите правила ќе добие уцени, санкции, обоени револуции и во најлош случај војна. Моментално се одвива враќањето на рускиот свет дома и негова заштита од она што западот го има само прикриено, но се нема откажано, а тоа е фашизмот спрема сѐ што му пркоси. На овој свет му ѐ потребна алтернатива, каде што и гласовите на малите народи ќе се слушаат и почитуваат. Каде што секој ќе може да расте и да се развива и на светот да му понуди нешто единствено, нешто уникатно и свое. А оваа војна се води баш за таа алтернатива. За можност на избор а не на уцени, за рамноправност а не за подаништво...
Врз основа на сѐ што може да се види, изгледа дека вистинската ситуација ќе се развие во есен, кога ќе се прашува оној кој има храна, вода и енергија. Русија води специјална операција во која хируршки на Украина ѝ отсекува сѐ она што вреди во неа: плодното земјиште, природните богатства и пристаништата во Црното Море. Сето тоа на крајот Русија ќе си го присвои. Ако ЕУ во наредниот период продолжи да игра по американската музика, се плашам дека ЕУ валутата може спирално да појде во понор, а со неа и нашите заштеди."