Здраво екипа, имам 2 прашања на кои што не можам да најдам одговор веќе неколку дена и покрај советување со неколку сметководители. Накратко, морам да отворам фирма за да работам (ИТ) со фирма од Шведска.
1. Некои од сметководителите ми кажаа, дека ако се регистрирам како ТП, значи дека сум ослободен од плаќање на данок во рок од 3 год, без разлика на колкав приход ќе остварам. Секако ако ги вадам, персоналец секако треба да се плати. Дали е ова точно или?
(*за ДООЕЛ веќе ми е јасен делот со <3m, 3-6m, >6m)
2. Бидејќи ќе работам со Шведска, постои договор за ослободување од двојно оданочување. Но она што не го разбирам е, што тоа јас треба да доставам до УЈП за да не се плаќа екстра данок од 10%? Или ова нешто под default си е прифатено?
@Lester Freamon гледам дека имаш повеќе инфо, би ценел било каков одговор.
Фала
1. Уште 10 фирми да отворам во мк, никогаш не би отворил ТП. Ако направиш некое срање и те бркаат должници одговараш со цел твој капитал, а секогаш има шанса работите да тргнат на лошо.
2. На фактурите ќе пишуваш дека согласно: член 14 став 3 алинеја 5 од закон за ДДВ си ослободен од двојно оданочување. Ова треба да ти го покаже сметководителот, ако работиш со странство генерално ќе имаш една фактура на нивниот јазик (или англиски), и уште една на Македонски.
Друга работа која треба да ја внимаваш со клиентот е Professional Indemnity Insurance, ако работиш на големи проекти може да ти побараат и со големо покритие (дел од клиентите мене ми бараат до 1М евра, а корпорациите до 5М евра, што во превод на осигурување за мкд ќе ти значи: околу 7к евра годишно за премиум во првиот случај, околу 13к евра годишно за премиум во вториот случај (сумите варираат од многу фактори, ама тешко да одат многу надоле) + 5к евра за retention (excess) не знам како е на мкд, ова ти е сумата што ја плаќаш ако некој ти активира полиса).
Споредено со земјите надвор, МКД ја третираат како критична земја, и ова кошта упм многу, а надвор е нормална работа и за локални фирми ги чини ептен ефтино.
Ако ти го бараат осигурувањето:
Опција 1, преговарај за поголем обем на работа и да се прошириш со плус луѓе, така е побезболно (само со среќа во потрагата по асален кадар во мкд, со бруто платата кошта скапо, а квалитетот е се помал. Секогаш имај го тоа во обзир кога треба да вработуваш, тебе те занима бруто плата бидејќи толку ќе искешираш за него, а не колку ќе зема вработениот. Рачунај грубо на некој што ќе зема 64 000 плата нето, ти ќе му плаќаш околу 100к бруто).
Опција 2, побарај агенција која ќе ти застапува помеѓу тебе и клиентот. Слушнав дека имало вакви во мкд, имам контакт од такви во Англија. Странските земаат различно во зависно од сумата, околу 4-6% се бројките што им ги земаат на другари што работат преку нив.
Ако одиш со првата опција ќе ја имаш шансата да се дигнеш како бизнис и да почнеш да заработуваш повисоки суми, или пак да изгубиш многу.
Ако одиш со втората опција ќе ги прескокнеш голем дел од главоболките, види дали има вакви во мкд (сигурен сум дека ми излегуваше реклама на фб пред некое време, ама не ми текнува на името), можеби ќе завршиш работа и без да отвораш фирма (ако не планираш да се шириш агенција е секогаш поисплатливо од фирма).
Со среќа!