Пеце
Пелистер-Битола
- Член од
- 16 септември 2009
- Мислења
- 4.349
- Поени од реакции
- 5.405
1.При шутот на Павлетиќ нема пенал ? и тоа е само во нашите очи !?!?При шутот на Павлетич, немаше никаков пенал, тоа може само во вашите очи да е пенал зошто вие секад после секоја утакмица на прв или на втор тим криви ви се судиите, а секој нормален и реален ќе каже дека имавте домашно судење, на два пати кога бевме у налет за +3 и за +4 бевме сечени од Џоле и Славе… за прилепчаниве судииве 6 месеца што се суспендирани пошто зеле пари од Зоки и Циле за утакмицата со Тиквеш сакаш да праиме муабет или не мора, не си ја гледал утакмицата ? Доста веќе со судиите, во Скопје тепавте зошто нашите не ја сфатија утакмицата сериозно и се спремаа за Веспрем, се знаеше дека немате шанси за титула, уште 5 пати да играме месецов, 5 пати ќе ве добиеме на каква било атмосфера, едноставно не сте подобри и тоа е тоа…
-Ти бе свесен си шо збораш ? Тоа ако не е пенал, тогаш дефинитивно ти не треба ни секунда да пратиш ракомет, пушти си спорт клуб имаш тенис турнир АТП Рим. Не се прајте со сила будали, дечкото поназад кладе инсерти, сечени видеја, каде рака на срце во сите тие случаи сме оштетени, ОСОБЕНО за тоа ти шо викаш дека не било никаков пенал, тоа е ЧИСТ пенал како солза, баш убо се виде пред наши очи пред трибината кај шо седиме беше акцијата, имаше контакт и требаше да е пенал и две минути за Њокас !
А тоа беше на резултат 22:22 на околу 5 минути до крај, пенал со играч повеќе ќе беше многу поволна ситуација за нас....Ама Начевци перде имат на очите....
2. За Прилепчаните нешто спомна за судиите....ниту зеле пари ни од Циле ни од Миле, ја гледаше утакмицата ? Или прочита само на гол.мк дека добија суспензија ?
- Еве јас ќе ти кажам оти присуствував на мечот....и двајцата судии на мечот Рубин и Горан беа изгубени германци !! Ако зеле пари сигурно немаше ваков тек да имаше мечот со толку пресврти, неизвесност, тензија и ќотек на крај. Ќе беше се решено пред време.....
И двајцата се криви шо од самиот старт наметнаја да има остра игра во мечот од 2 минута, само шо почна, имаше опасни фаули шо требаше одма да ги санкционира со картон, па после секој следен дуел со исклучување...
Тие шо напраја, на секој фаул со усна опомена одеја, а играчите се иксршија од мавање, плус, капак на се добро познатиот лик Горан Андоновски на клупата со арогантно понашање, притисок, скокање, мајмунлоци, влегвање втерен, кај нормални судии ќе ти дат црвен картон и ќе си гледаш од трибини, овде изиграваше шериф и Јовиќ од кај нас бараше до делегатот да биди санкциониран за испадите шо ги прај другиот тренер, ама ништо од то, освен еден жолт картон шо доби при крајот.....
Плус ќе се надополни АГРЕСИВНАТА - преагресивната игра во одбрана шо ја наметнува Андоновски кон противниците, мислиш карате меч, истото беше и со Охрид дури беше истото е и сега со Тиквеш, ептен селски ракомет...
И двата тима беа оштетени, обострани грешки, каде според мене требаше да има повеќе исклучувања, па дури и црвени картони. Тие кавадарчани најмногу се бунеја за плавиот картон шо го доби тој србинот кај нив, тој па дебилот како од синџири испуштен, три исклучувања напрај, последното и чиста контра спречи, го акна од земја, по завршувањето тие беа најгласни кај судиите и бараја однсно пријавија снимката да се прегледа оти навистина имаше премногу грешки на двете страни и од немај каде нерешено заврши, како да не се лутат двете екипи ај, од старт да имаше подруг критериум мечот, немаше да има вакви сцени, не особено како на крај каде ќе дојдеше до физичка пресметка меѓу двете екипи особено на битолски деца, а судиите како неми се гледаја....
3. Не сме подобри од вас ?
- Ок, јас би рекол и вие ништо не сте подобри од нас, ако бевте толку подобри, ќе имавте убедливи победи во сите утакмици до сега, а до сега утакмиците беа:
*Победа на Вардар во Скопје 4 разлика- заслужена, после катастрофално прво полувреме на Пелистер !
*Нерешено во Битола, Вардар се спаси од пораз во последните секунди од пенал.
*Победа на Пелистер во Скопје 1 гол, заслужена.
*Победа на Вардар во Битола, 3 гола, заслужена при егал меч до 55 минута.
Значи сите утакмици беа тука некаде, нигде не гледам убедлива победа, Вардар е подобар од Бутел, Тиквеш, Охрид и остали екипи, како шо исто подобар е и Пелистер против нив, ама оваа сезона екипите беа 50-50 како шо кажав претходно....
Клучни фактори за титулата на Вардар според мене:
1.Вардар има ПОГОЛЕМО ИСКУСТВО, пред се со утакмиците од ЛШ, едно е да играш со такви противници како нив, друго е со Кадетен, Татабања, Аек....
2.Имаат многу утакмици изиграно во ваква атмосфера, на нашите му се секоја рацете ! После Нексе и на утакмиците со Вардар се виде дека едноставно се губиме втерен под притисок. Оваа екипа кај нас не знај да изигра вакви утакмици, кратко и јасно, то е то.
3. Имаат победнички менталитет, ние ЛУЗЕРСКИ.
4. Имаат тренер на клупата, ние имаме аматер !
5. Не смеј судија од град, каде што доаѓа екипата ! (ова го клавам само, за во иднина управата да си бара странски судии на ова дерби)
П.С. Начевски и Николов едно лице имаат во ЛШ, ЕП, СП, друго лице во суперлигата во оваа вукојебина.
Да ни е јасно то на сите, овде се куропецаат, си изградија име покрај ехф и сега овде шо сакат можи да си прат. За други натпреварувања надвор од тука, за мене се најдобри судии, нема збор за то, најдобра судиска двојка, ама овде кога треба да судат се дебили и си го валкаат само името !
Плус зинати дупчиња за пари, за пуста дневница, се пишат и ги пријавуват за чкљ утакмици, пред неколку недели ги пуштиле на Пелистер 2 - Охрид.
Толку не заинтересирано судеја, шо едвај чекаја да заврши....
Наче си прај муабет на трибини...
Славе чамче муабет со Раде...После се смена ојде зад гол, таму зеј, му се спие му се корни, Мице Шилегов пред очи 30цм му гази престап не го гледа, а од месечина се виде дека гази линија, арно то колцето промаши...
На полувреме, наместо во соблекувална, тука на записничка си ги извадија телефоните, отворени фб, се кезат на глас, си мислиш пред коперација дошле....
Ко му е толку сеедно за во лигата, нека си судат само европски утакмици и нека не се прават ДЕБИЛИ тука.