W
wicked_1
Гостин
На тебе елементарни работи не ти се јасни друже.Па он истреска дека НАТО спрема инвазија на Русија, а очигледно Финска и Нато сакаат да го потврдат тоа негово тврдење. Значи Путин изјавува дека Нато спрема инвазија во Русија, сите се смеат ха ха колку е тоа смешно, а два дена покасно Финска што граничи со Русија објавува намера да стане членка на НАТО. WTF, луѓе вие стварно сакате да умрете?
Одлично, што може да тргне на лошо кога намерно ескалираме конфликт со нуклеарна супер сила. Малку е и ова, нека објават дека ќе градат америчка база на финско - руската граница чисто „поради заштита“. Не гледам јас како тоа би можело да има лоши последици. Што повеќе оружје на границите со Русија, толку посигурно ќе се осеќаме.
Мене ми е апсолутно чудно како може Финците да испаднат имбецили од овој ранг. Изгледа не им е јасно дека ако некогаш има срање, тоа ќе биде на нивна територија а не во САД.
Украина изгласа прозападно ориентирана влада 2014 со над 70% подршка после цената што ја плати за таа твоја неутралност - еден куп жртви од конфликти, тероризам и на крај анексиран-сепариран Крим. И ова малку беше за русија очигледно, им треба уште територија, уште ресурси. И сигурно очекуваа иста реакција од светот, сите да ја игнорираат Украина за да го отцепат и Донбас како Крим.
Муабетите ракети ќе ставале, воени бази, и наоружување е муабет за во маалски штаб. Каде точно гледаш ти ракети во Естонија, де објасни тука накратко? Каква милитаризација имаме ние од кога сме членка на НАТО?
Муабетот "сакате ли да умрете?" со предлог целиот западен свет да биде под заложништво на некој лудак што се заканува со нуклеарки е смешен. Кој ви е планот после, што ќе е следно?Сите да ја напуштаат ЕУ? Совет на безбедност? Сите да купуваме лада нива, иначе нуклеарка?
Многу добро промислен пристап имате, мора да се признае.