- Член од
- 5 април 2013
- Мислења
- 3.387
- Поени од реакции
- 6.999
Неколку коментари вака сега со поладни глави:
1. Многу е важно квалитетно да се менаџираат очекувањата. Како на навивачите, така и на играчите. Главен проблем што мислам и им се удри од глава и на играчите што се создаде некоја фама дека поразот е катастрофа. Па Вардар и Пелистер како да си ги сменија местата. За Вардар поразот ќе беше катастрофа. Екипа со поквалитетни и многу поискусни играчи, појак тренер, со не знам колку титули со ред, па ако сакате и поголем буџет.... За Пелистер беше само една голема можност, благодарејќи на одличниот натпревар во гости (кога победија бидејќи беа порелаксирани и очекуваа да изгубат). А приказната што се створи беше сосема спротивна - и директно влијаеше врз исходот. Му се смееа на Лино на времињата кога само плачеше и ги правеше Металург како да се најсиромашната, најмлада и најотепана екипа во Европа (што беше многу далеку од вистината), ама колку толку тој ефектот на менаџирање на очекувањата го постигнуваше. Школо за идните сезони...
2. Најважно е да се биде трпелив и мудар. Многу екипи заради ривалитет и немање трпение да се освои титула ја претерале со инвестициите и по 5-6 години пукнал балонот. Нова Металург ситуација е последното што му треба на Битола. Титулите овие сезони треба да бидат споредна работа. Битно е да се гради инфраструктура (сала, тренерски кадар, школи, база на домашни играчи...). Таа е вечна - па само видете колку генерации се истераа со салата од времето на Тито и со мал локален кадар обучен во 90тите. Титулите ќе си дојдат кога ќе биде време за нив.
3. Мислам дека имаше влијание и тоа што практично цел прв тим знае дека си заминува на лето. Несреќна ситуација, треба да се мисли и на овие работи за во иднина, затоа треба база на играчи, за да не дојдеш во ситуација каде што треба сите да ги менуваш. Да не се сфатиме погрешно, најголем дел од овие играчи што си одат и добро е да бидат заменети. Ама во иднина ќе треба да се најде помудар модел, што во суштина значи да имаш база, така секако нема да е возможно сите наеднаш да си одат како сега.
4. За тренерот, не сум некој фан на Бабиќ, реално не успеа доволно да се снајде во екипата, можеше многу повеќе. Муабетот дека 5-1 зона играат секогаш и срамота е да не најдеш решение мислам не држи многу, оти да не се лажеме, па цела Европа знае дека Вардар може да ти одигра 5-1 со Дибиров напред, па многу од екипите на го решаваат тоа. 90% од екипите играат 6-0 па ако беше до тренерот секогаш се ќе беше решено против 6-0. Ваквите работи се многу повеќе до квалитетот на играчите отколку до тренерот според мене, иако факт е дека ако ништо повеќе, можеше да проба со 7-6 кога стагнираше нападот, ако ништо друго малку да ги натера да ги врати на 6-0. Во секој случај, со бекови како Мандалиниќ и Мараш на лев и десен, и полуписмен тренер ќе ти игра 5-1. Со странични бекови кои не можат да одат на влез, одиграат еден на еден, да се уфрлат на втор пикер - ти си мртов против 5-1 уште не почнат натпреварот. А згора на тоа единствена реална опција на среден беше Танкоски кој едноставно не е калибар за ваков натпревар (и најпаметно за неговата кариера е да си направи трансфер во Пролет/Охрид/Тиквеш....). Во превод, без разлика што мислам е потребна смена на тренерската позиција, главните проблеми не се до тренерот туку до капацитетот на играчкиот кадар.
5. За нов тренер, во принцип и има можеби некоја логика да се проба со Алушевски или Шундовски - искусни домашни тренери, но ако имаат некоја квалитетна шпанска опција и тоа може да е добро решение. Јас повеќе преферирам помодерна школа на тренери, иако факт е дека дел од нив не сум сигурен колку ќе се снајдат во Битола. Мислам дека е грешка идејата за Јовиќ. Јовиќ е одличен тренер за млади екипи, за млади играчи. Најдобар во Македонија за таа работа. Ама за сениорски екипи кои целат високо не е соодветен. Па не е дека немал тој можности во Металург, па сега ајде во Битола го открија. И нема ништо срамота во тоа. Секој треба да си го работи тоа за што го бива. Некој повеќе го бива со млади играчи, друг со ѕвезди. Различен талент треба за тие работи. Мое мислење е дека подобар тренер за Пелистер 2 од Јовиќ нема да најдете, а ако го пуштите во првиот само ќе го изгорите и замразите.
6. За играчите, секогаш тоа го коментирам, треба база стабилна и тоа главно може да биде од македонски играчи (тек тук некој странец на кој му е убаво тука). Дополнителен мотив за тоа се правилата на РФМ за број на странци. Тука ќе се добиваат и губат титулите во идните сезони. Со оглед на тоа како се позиционирани, Пелистер, па дури и Алкалоид ќе имаат предност во однос на Вардар тука, што Вардар ќе мора да ја компензира со пари. Колку ќе ги има, ќе видиме. Малку е штета што двата веројатно најквалитетни играчи македонци се Битолчани (Митревски и Кузмановски), а не играат за клубот, но и тоа е нормално. Митревски можеби може пак да се врати, за некоја година, да си заврши кариера тука. Кузмановски, моментално е нелогично да се враќа, засега е на добар пат во Хановер, ќе видиме во иднина. Инаку од постоечкиот кадар, тоа што треба да се задржи, според мене е следното:
голман: ? / Кизиќ
лево крило: Кузманоски / Ојлески
десно крило: Костески / ?
пикер: ? / Пешевски? / Арсеновски
лев бек: ? / ? / Кукуловски?
среден бек: ? / Павле Атанасијевиќ
десен бек: ? / Велковски
одбрана: Кукоски
7 прашалници, за 6 странци и еден македонец. Во принцип има некаков простор и за 7ми странец (малку ротација + сигурно ќе има повреди), ама не треба да се претерува. Можеби и за втор одбранбен, зависно од какви се левите бекови. Најавените Лесјак, Сери, Дејвис, Хосни и Василев веќе пополнуваат 5 од овие прашалници. Фали уште еден лев или среден бек (главна ѕвезда во екипата) и второ десно крило (ова е добро да е некој домашен играч).
Ѓорговски, Петар Атанасијевиќ и помладите мислам дека е подобро да останат во Пелистер 2. За нивниот развој е подобро, а секако нема да можат да имаат којзнае каков придонес идната сезона во 1цата.
7. Титула веројатно нема да има, но тоа не значи дека немаше напредок сезонава. Мислам дека е грешно да се гледа негативно на сезоната, се на се, клубот направи уште еден чекор напред!