Еве како би изгледала победа на Украина во оваа војна? Која ситуација би ја прогласиле за победа? Прво тоа да го дефинираме, па да видиме дали е тоа возможно.
Можеме да влечеме заклучок само врз основа на она што го знаеме а тоа често е нејасно во време на војна, сети се на 90-ти и екс-ју.
Путин лично, при почетокот на агресијата искажа став дека не постои украјинска нација но тие непостоечки украјинци биле нацисти а како што забележа цел била и демилитаризација на земјата врз која се врши агресија.
Негирањето на украинството, инсистирањето на несреќно избрани фрази како "конечно решение" и очигледното масовно убивање цивили остава да заклучиме дека целта на Путин е да ја освои Украјина и да ја припои кон Русија.
Што значи тоа демилитаризација? Независна, суверена земја со два сецесионистички региони да нема војска и специјална полиција? Тоа е невозможно освен со физичко освојување на територијата.
Опстојување на било каква Украјина во било која форма како независна држава ќе биде голема победа за украјинците.
А за наводниот decoy кон Кијев, не знам зошто никој не спомена тогаш дека било мамка туку откако се повлекоа после шокантните загуби, тоа не било целта. Чудно како никој не увиде тогаш при 64км колона за логистика. Од она што се знае може да се шпекулира дека многу од руските одлуки се базирале на настаните од 2014 и Крим. Оттаму, по се изгледа очекуваа брза победа и пад на Кијев за кратко време заедно со бегство на политичкиот врв.
Но наместо тоа се заглибија во војна каква што би посакал најголемиот руски непријател, неверојатно нешто.
А што би значело победа на Русија? Што во реалност значи демилитаризација?