Слободоборци, тазе материјал за вашата кауза.
Санкции, забрана за учество на спортски, културни и останати јавни настани, запленување на туѓи државни резерви и на туѓ имот... ја знаете отприлика рутината, ај да видиме колку ќе бидете гласни за Суданците во споредба со вашите крици за Украинците.
https://off.net.mk/vesti/svet/200-lugje-zaginaa-ama-ok-toa-vo-sudan
200 луѓе загинаа, ама ок, тоа во Судан
28 април 2022 - 15:19
Најновиот бран насилство меѓу Арапите и масалитските племиња во западен Дарфур завршија со преку 200 мртви и стотици ранети. Реакцијата е рутинска кога се работи за вакви делови од светот: Обединетите нации побараа Судан да поведе истрага за случајот. А Судан го води генерал чии луѓе пред три години убија стотина мирни протестанти.
Пресметката се случила во близина на Ел Генеина, главниот град на западен Дарфур кога вооружени лица ги нападнале Масалитите, најверојатно како одмазда за две претходни убиства.
Се проценува дека загинале 213 лица и повеќето од нив веќе се закопани во необележани гробови.
Арапите и не-арапските Масалити традиционално не се трпат и секој од нив има свои причини и објаснувања за антагонизмот. Земјата е во постојани тензии шест месеци откако генералот Абдел Фатах ал-Бурхан изведен воен пуч и ја симна краткотрајната цивилна влада.
Очевидци тврдат дека последниот напад го оркестрирала Јанџавид милицијата која крваво ги задушуваше побуните на етничките малцинства во раните 2000-ти години, кога земјата ја водеше Омар ал-Башир.
Истата таа милиција беше дел од суданските вооружени сили кои во јуни 2019 година го изведоа масакрот во
Картум кога отворија оган на демонстранти кои седеа на улица при што загинаа најмалку 100 луѓе.
„ Ги повикувам суданските власти да извршат итна, темелна и независна истрага за нападите и одговорните да бидат изведени пред лицето на правдата според меѓународните закони за човекови права и да преземат мерки за заштита на населението и за помош на ранетите и раселените “, рутински
порача комесарката на ОН за човекови права Мишел Башеле.