Многу потешко добиено отколку што покажува резултатот. Во второ полувреме ни дојдоа на гол или два, не ми текнува точно.
Сепак, далеку поголем проблем е повредата на Столе. Многу болна гримаса, одвај го напушти теренот. На крај стана да се поздрави, меѓутоа со поткривнување. Да се надеваме дека нема да ја зголеми листата на повредени. Инаку ќе биде многу повеќе од тешко во Битола. Последниве утакмици отсуствуваат Дибиров, Гаџа, Ѓукиќ, Тото, Кевин Њокас. Се надевам дека не се баш сите повредени. Во второ полувреме стигнавме да играме со Карапалевски на десно крило и Њокас на лево крило. Кој беше 62ка? Приметив дека беше на клупа и со Бутел.
п.с. Заставата "Смештај дан требит" for the win