Конечно дојде
Интервју 20.06.2019 . Финална 11.01.2021. Положително 01.04.2022 . Одобрување 20.04.2022 , документи - воена книшка од дедо.
Овој пат ќе одам без посредник да го земам указот од Софиа.
Прочитав дека прво треба да одам во МП да се подигне, па потоа со указот и две фотографии во општина Средец за да поднесам за матичен број и треба да чекам еден ден за да излезе, па потоа да одам на сликање - каде треба да се оди на сликање? исто во општина Средец?
Од документи ми требаат две фотографии со големиан на пасош, извод мој, на мажот, на детето и венчаница. Бидејќи до сеа одевме со посредник, а една госпоѓа што ни преведуваше не е во МК периодов, па дали може да ми кажете дали треба сите документи изводи да ги преведеме на бугарски и да ги завериме у амбасада кај нас во Скопје? Или пак тоа може да се направи во Софиа. И ако треба да се преведат дали може да ми дадете контакт од некој што го прави тоа?
Знам дека треба да се платат и одредени такси, дали имаат опција да се платат тие такси со картица на шалтер или мора да одам во банка/пошта?
Овие работи не успеав да ги најдам на форумов, па ако на некој не му е проблем да ми одговори.