- Член од
- 10 август 2011
- Мислења
- 1.930
- Поени од реакции
- 7.811
Кајгана експертиза vs германската економија.
Германската (севкупно европската) индустрија ќе преживее и ќе остане компетитивна, без грижи. Предноста на европската индустрија не е ниската цена на енергенси, туку огромниот домашен пазар на ЕУ (втор најголем по способност за апсорпција), заштитен со протекционистички политики и огромни бариери за влез и нејзината софистицираност, тоа што се високо на глобалниот ланец на додадена вредност. Додека германската индустрија ја има ексклузивата на внатрешниот пазар на ЕУ и непопречен пристап до северноамериканскиот и кинескиот пазар, што не е изгледно дека ќе се смени во иднина, they will be fine. Германската економија не живее од индустрии на инпути, со ниски маржи, кои се профитабилни единствено ради обем, туку од високо софистицирани, капитално-интензивни индустрии, кои ги доминираат. Во такви пазари тешко се влага и тешко се создаваат супститути.
Плус, трошоци за енергенси не се make it or break it елемент за определена индустрија. Не се главна ставка на фиксни трошоци, ни ставка што комплетно детерминира трошоци на производство. Во последните 30-40 години, најбитни се трошоците за човечки капитал и имплементирана технологија на производство. Затоа што, цените на сите commodities како инпути во производство се формираат на глобални берзи и тоа ни зависи од руската економија, ни Русија некогаш ќе може да го смени. Јапонија и Кореја немаат пристап до ефтина енергија, па пак имаат фантастични индустрии.
Западните економии имаат преживеано и полошо од ова. Нафтената криза во 70ите на минатиот век, беа многу посериозен шок на страната на понудата на енергенси, па Европа и САД се приспособија. Такви шокови создаваат инфлациски притисоци во една економија, тоа е сигурно, ама не е крај на светот ни ја детерминираат долгорочната иднина на еден регион. А Русија е само еден добавувач. ЕУ има опции за да го ублажат шокот и да ја премостат зависноста од руски енергенси на долг рок. Добар дел од нив политички тешки за голтање, ама опции во секој случај. Нормализирање на односи со Венецуела и Иран, за нивната нафта да почне да тече, нуклеарана енергија, лнг терминали, обновливи извори, па дури и прљава енергија, ако дојде до нож до коска.
Moot point е ова, економијата на ЕУ нема да пропадне, ни ќе стане некомпетитивна затоа што ќе плаќа повеќе за енергенси, или затоа што ќе изгуби пристап до руски енергенси. Само ќе и треба време да се приспособи.
Такви анализи, малку личат на проектирање желби за реваншизам кон Западот. Секогаш ЕУ се заебува и пропаѓа, после секој потег на нивни геополитички противници.
ЕУ неминовно ќе губи на релативна (економска) моќ, во однос на државите од Далечен исток (Кина и Индија на прво место), ама тоа нема никаква врска со руските енергенси и цената што ја плаќаат за енергија.
Смешно е малку, ЕУ секогаш се портретира како главен губитник во економска смисла, а Русија секогаш располага со некоја макроекономска магија и секој проблем го надминува со неколку трикови.
Главни губитници од оваа војна, во економска смисла, се очигледно Украина и Русија. Русија има проблеми со огромна инфлација, на огромни каматни стапки, веројатно ја чека рецесија од околу 10%, има уништен пазар на капитал на долг рок, контроли на капитал како да се сред финансиска криза и сет на санкции спрема неа со кој не се соочила ниту една држава досега. Украина не ни мора да се коментира, руина е моментално. Колку подолго трае војната, толку повеќе ќе личи на европска Сирија.