- Член од
- 8 април 2022
- Мислења
- 184
- Поени од реакции
- 269
Се загуби ти скроз. Ништо страшно, се случува и тоа само да не прејде во навика.Разликата е во тоа што едната навистина е суперсила и тоа на секое поле, воено, културно, научно итн. а другата само се замислува дека е. Имањето нуклеарки само по себе не значи дека автоматски си суперсила. Во тој контекст можеме дури и Пакистан да го вброеме како суперсила.
Русија не може да се заканува на цел свет ниту пак може против целиот свет. Бидејќи така се повеќе наликува на С.Кореја а не на некаква модерна земја која посакува почит од другите.
Ќе го цитирам големиот Гоце Делчев, 'Јас светот го разбирам како културно поле за натпревар помеѓу народите'.
Ако Русија навистина сака да стане суперсила и да ја промени денешната ситуација таа прво треба да започне од самата себе. Доколку Русија извезува култура, техника(не само воена) и иновации и доколку го подобри осетно стандардот на нејзининото население можеби ќе почне да привлекува се повеќе држави кон нејзината орбита на влијание и навистина ќе го добие респектот и почитта која ја бара. Таква Русија би правила сојузи кои ќе му конкурираат на НАТО и ЕУ а држави како Украина ќе размислат два пати која страна би ја одбрале. Доколку Русија навистина сака да биде модерна земја тогаш треба да поработи на корупцијата која владее во сите сфери на нејзиното општество а најмногу во власта. Доколку Русија навистина сака да биде модерна земја тогаш треба вистински да се преобрати во демократска држава а не нашминкана и замаскирана демократија зад чија маска се крие еден гнил систем наследен од комунизмот и СССР бидејќи да вредеше тој систем сега СССР ќе владееше со светот а не САД а ликови како Путин немаше вечно да владеат. Стравот ја прави силата.
Е тогаш и само тогаш Русија исто така би можела да ја мати водата и во дворот на САД и постепено да ја ослабнува неговата моќ. Ваква Русија денес никој не ја сака а може да биде погубна по светот и човештвото.
Можат да го удрат секој град во европа, па и во америка и азија. Што те наведе на мислењето дека не се сила?