Абе шо прави во животот овој Шојгу знае некој?
Едно време се шпекулираше дека Путин го пратил во Сибир заради неуспехот во војната па после демек се појави во видео разговор со Путин и оти имал срцеви проблеми. Сега пак некои велат дека тој видео разговор бил лажен колку да се добие впечаток дека се е во нормала. Како и да е човекот го нема во јавност од кога започна војната.
Како и да е, Шојгу не е единствениот кој најверојатно е пратен во Сибир. Се вртат информации дека адмиралот на црноморската флота Игор Осипов е во затвор поради дебаклот со бродовите во Црно Море за време на војната со Украина. Се зборува дека во затвор се и околу 20 генерали како и околу 150 офицери на ФСБ.
Но Путин не застанува тука, туку почнал на големо да апси неистомисленици и противници на војната со Украина и тоа од сите сфери на општеството вклучително и новинари.
Но лагите на руското раководство не застануваат тука. Почнуваат да испловуваат информации дека само околу педеситина морнари биле спасени од Москва и тоа од турски брод. Русите немале време за спасувачки акции бидејќи Москва потонала брзо а и имало невреме кое попречило спадувачки акции. Плус со денови колите на многу од морнарите на пристаништето Севастопол сеуште стојат паркирани и нивните сопственици ги немаат земено според гласините. Што значи првичните информации на руските власти дека сите морнари биле спасени се ноторни лаги. Ова би значело дека има значитечни загуби на човечки животи меѓу кои и капетанот на Москва.