Ај Карамба. Каброн, ќе паса? Мислам се напасе западна пропаганда а?
Прикажување на руската војска како неспособна, деморализирана и неморална е дел од западниот пропаганден наратив, како и тоа дека Украина е „некоја земја“, а не земја каде што живеат 8 милиона руси, кои последните 8 години се оставени на милост и немилост, ок претежно немилост од анти-руски режим и нео-нацистички крајно десничарски паравојски одобрени, подржани и веќе интегрирани во државата, илјадници мртви во Донбас, милион бегалци во Русија, воени злосторства документирани од UN, Amnesty International, HRW, ICRC и други.
Бидејќи тие руски војници не знаат што е Нато, не знаат што е национална безбедност, никогаш не виделе учебник по историја, не знаат накаде се движи Украина, немаат пријатели и роднини таму, море не знаат ништо освен дека се пиони пратени да гинат за малиот злобен диктатор Путин. Згора на тоа ги хранат со паштети со изминат рок. За греота.
Наративот во суштина оди вака:
Путин се разбудил едно студено фебруарско утро, се оптегнал во неговите пижами од 100000 евра, станал и отворил прозор од Кремлин, се издерал рускo зимо, иди нахуј, го затворил прозорот, ставил да се вари чај, пуштил тв но на тв само кремлинска пропаганда, му станало досадно, па ја погледнал картата на Европа, секако во диктаторски формат, и си рекол дај да нападнам некое државче од соседството, некое неутрално, мало и невино, и се мислел онака 5-6 минути меѓу Финска, Шведска и Украина, но не можел да се одлучи, па свиткал лотарија ливчиња, ги измешал троа со шепите и ете се погодила Украина, притиснал едно копче, во меѓувреме чајот бил сварен, додал водка и малку млеко, а на вратата веќе дошол верниот министер за одбрана, Путин го пуштил внатре и го погалил малку по главата и по вратот и му наредил да прогласи мобилизација и да ја прати целата армија во Украина, 18 годишни гуштери во првите линии, 84 годишни тенкови во вторите, воени мечки во третите, воени злосторници во останатите, а ако праша некој нешто нека каже само denatsifikatsiya, благо се насмевнал Путин и го ставил ливчето во џеб.
Да наративот не е во ред, штом нацизам не е еднакво со анти-семитизам. Бидејќи нацизам не може да се базира на анти-русизам. Така е, не е нацизам ако Зеленски нема Чарли Чаплин бркови, ако не го завршува секој говор со зиг хајл и наци салут, не е нацизам ако не се носат евреи во логори. Не е нацизам ако деноноќно гранатираш малцинство сепаратисти, пошто се знае Украина е света и нејзините граници се од Бог, Ленин и Хрушчев дадени, не е нацизам кога препишуваш учебници во кои наци германците палеле украински села поради провокација од партизаните, не е нацизам кога банди од неонацисти и касапи се претставени како патриоти и украински херои, не е нацизам кога деца во школо пеат обесете ги русите, обесете ги русите. Не, нема ич нацизам во Украина. Се е руска пропаганда.
Еве ти домашно: Пронајди ги разликите меѓу Азов и Schutzstaffel.