Војна во Украина (исклучиво воена перспектива)

  • Креатор на темата Креатор на темата Vanlok
  • Време на започнување Време на започнување
Е како тоа знаеш дека Русите не сакаат примирје?
А Украина сака примирје па затоа испратила диџеј на преговори!
имаш некоја чудна логика.

Се тоа е мое мислење. Мислам дека РФ не сака примирје бидејќи до сега Украина одбиваше договори па веќе кога влегоа ол ин тогаш ваљда ќе целат да наплатат многу дебело.

Не спомнав ништо за тоа дали Украина сака или не сака примирје, само дека во нивни интерес е војната да заврши бидејќи они губат најмногу од неа.
 
прецизен удар со Александар врз штабот за одбрана на Харков
се говори дека настрадале над 100-тина укронацисти и странски платеници
Автоматски споено мислење:

Се тоа е мое мислење. Мислам дека РФ не сака примирје бидејќи до сега Украина одбиваше договори па веќе кога влегоа ол ин тогаш ваљда ќе целат да наплатат многу дебело.

Не спомнав ништо за тоа дали Украина сака или не сака примирје, само дека во нивни интерес е војната да заврши бидејќи они губат најмногу од неа.
ма во ред е да имаш свое видување, само прашањето е зошто Русија би барала или сакала примирје?
Русија сака да ги исполни целите кои ги објави и се додека не ги исполни не знам зошто би барале примирје.
Примирје би требало да барат или сакаат Украина, но не одлучуваа Украина туку НАТО-ЕУСА така да не е важно што би сакале или барале Украинците и онака никој не ги прашува за ништо.
 
Последно уредено:
Не ти се чини дека малтене истото го кажа и тој? :)
Сѐ разбира дека на Русија не им одговара примирје без претходно остварување на целите. А тоа што сакаат или не сакаат Украина е нонфактор, тие само играат како што свири САД... Така да прашањето е дали САД сакаат примирје. Можеби ако Русија се согласи на статус кво, на што Русија се разбира дека нема да се согласи.
 
Целта на регрупирањето:

novorusija.jpg


%D0%9D%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D1%80%D1%83%D1%81%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%B7%D0%B0%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%B0.jpg
 
Еве што русите оставиле позади себе кај Димитровка Киев.

Јасно ли ви е зошто тактички се повлекле, иначе кој нормален пушта позиции до главен град на непријателот.

 
Еве што русите оставиле позади себе кај Димитровка Киев.

Јасно ли ви е зошто тактички се повлекле, иначе кој нормален пушта позиции до главен град на непријателот.

Во шах тоа се вика, жртвува пиун за кралица.

На снимкава од "гробиштата" на тенкови се гледаат макс 7 возила, 3 тенка и 4 оклопни транспортери, а само 1 тело. Од високиот кадар од дрон се гледа дека биле поставени дијамант формација најнапред истурени што значи биле свесно поставени за жртвување со намера да служат како бариера и заштитен ѕид за колоната која била позади, а и како cover places за војниците, јер нема во околина објекти за засолнување.

Фактот што пронаоѓаат 1 тело е доказ дека беспрекорно си ја завршиле работата, јер тука била задржувана и ангажирана украинската армија со што неможела да биде испратена кон другите фронтови на исток, што беше и целта на русите - да ги држат подалеку од истокот.

За сметка на овие жртвувани возила (пиуни), русите навлегоа на исток, север и југ во територија голема колку Франција и Германија заедно, при што најголемата концентрација на украинска војска спроти Доњецк е опколена од три страни (кралицата).

Колку за споредба, украинците имаат загуба на 2000 тенкови, од вкупно 2500 со кои располагаат. И плус загубена толкава територија. Секој генерал би трампал воена техника за освоена територија.

Така да, многу паметни и спремни стратези напуштаат позиции околу главен град кој ниту бил цел ниту пробале да навлезат, туку служел како лажњак за противникот да мисли дека седиштето на државата е под закана и да распредели огромен број трупи за негова одбрана, додека далеку на истокот губи масовни територии.
 
Во шах тоа се вика, жртвува пиун за кралица.
Им оставаат простор да одиграат зигзванг потег. ;)
Автоматски споено мислење:

2april2022_Ukraine_map.jpg

Автоматски споено мислење:

2april2022_Eastern_Ukraine_map.jpg
 
Последно уредено:
Им оставаат простор да одиграат зигзванг потег. ;)
2april2022_Ukraine_map.jpg

Све е оваа тактички знам, да губат на секој фронт, влегоа за да ја поразат цела Украина за 1 недела, да го зоборат Зеленски и да постават свој човек.

Мапи од пред месец дена, 3 март и 7 март, поставени од вас, не да не напредуваат, губат огромни места.

Спореди со твојата денешна.

Ова е до вчера, за денес кон крај на денов нова мапа.
Прегледај го приврзокот 323818

Денешна мапа.
 
Најрамнодушен човек (во однос на војнава во украина) да ја отвори темава и да види кого го подржуваат шиптариве и бугариве ќе знае чија страна да заземе и кој е всушност у право.
Зборам за Македонец,за северномакедонски амеби и останати издркотини ова нормално не важи.

Sent from my SM-G975U using Tapatalk
 
Све е оваа тактички знам, да губат на секој фронт, влегоа за да ја поразат цела Украина за 1 недела, да го зоборат Зеленски и да постават свој човек.

Мапи од пред месец дена, 3 март и 7 март, поставени од вас, не да не напредуваат, губат огромни места.

Спореди со твојата денешна.
Русите спроведуват специјална воена операција во Украина, не вршат инвазија, удират онаму каде што сметат дека е потребно.
 
За сметка на овие жртвувани возила (пиуни), русите навлегоа на исток, север и југ во територија голема колку Франција и Германија заедно, при што најголемата концентрација на украинска војска спроти Доњецк е опколена од три страни (кралицата).

Колку за споредба, украинците имаат загуба на 2000 тенкови, од вкупно 2500 со кои располагаат. И плус загубена толкава територија. Секој генерал би трампал воена техника за освоена територија.

Така да, многу паметни и спремни стратези напуштаат позиции околу главен град кој ниту бил цел ниту пробале да навлезат, туку служел како лажњак за противникот да мисли дека седиштето на државата е под закана и да распредели огромен број трупи за негова одбрана, додека далеку на истокот губи масовни територии.

Цела Украина има 600,000 км2.
Германија и Франција заедно, скоро милион км2.
Колку има освоено Русија, еве твоето другарче има поставено најнова мапа.

И после ова сакаш за сериозно да ти го земам пишаното за тактики, пиуни и кралеви.

Кај ви се мапите каде само делот околу Лвив ќе му остане на Украина?

27 февруари:

Ги „загуби“ Украинците ама ја доби Украина, со вакво темпо како до сега за месец дена 70% од Украина ќе биде под контрола на Русија. Ќе останат само на Лвив и руралниот дел без пристап до море, а стотици ако не и милиони ќе избегаат на запад додека другиот дел ќе си живее мирно под Руски протекторат
 
Последно уредено:
Све е оваа тактички знам, да губат на секој фронт, влегоа за да ја поразат цела Украина за 1 недела, да го зоборат Зеленски и да постават свој човек.

Мапи од пред месец дена, 3 март и 7 март, поставени од вас, не да не напредуваат, губат огромни места.

Спореди со твојата денешна.
Од различен извор се мапите. Единствено од Киев и Чернихив се повлекоа, сами, не дека украинците ги освоија. На другите фронтови немаат изгубено никаква територија. Слабо напредуваат, ама не губат територии засега.
 
Соборен руски Су 34 кај Харкив пилотот фатен.


Уништен голем број руски оклопни возила кај Мариупол.

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom