имаше пишувања дека повлекувањето на руските сили околу Киев било пораз дека тоа било демотивирачко за силите и уште многу такве рабоќе...
Никој не сака да види зошто се изврши упад на тој аеродром (инаку според сите стандарди НАТО аеродром) дека со таквиот потез се оневозможи испраќање на сили кои се во Донбас и во моментов се пред опколување.
Еве нека и не е така, од кога тоа обичен маневар на повлекување станува пораз. (еден дури вели се повлекле на сигурни позиции е каде да се повлечат, на Марс? каде е можно пополнување и одмарање на единиците, да не е на фронтот)
Со опколувањето на големите градови се даде време сите значајни воени цели да бидат уништени, влегување во градовите ќе донесе големи цивилни жртви , можеби оваа повлекување е всушност навлекување на силите на укронацистите надвор од градот каде би можеле да бидат уништени без цивилни жртви, но ниту еден од нас ги нема плановите и што е предвидено во нив така да секој може да си пискара што сака.
Можеби има поединци кои изучувале тактика па и онаа по видови, но оператика за голем број е мислена именка за стратегија да не говориме, имаше некои кои настапувањето на РФ силите го класифицираа според доктрината Герасимов, објавена некаде во 2013г. инаку и тогаш и сега начелник на генералштабот.
Има мислења дека цело време се прави познатата руска маскировка и во таква прикриена позиција се влечат потези кои многу подоцна треба да го донесат непријателот во позиција да биде уништен или подигне бело знаме.
-------
Сега се води дискусија дека имало 4 милиони бегалци, па тие се среќни да беше таму САД камарилата ќе завршеа како хумус, само во Ирак велат дека убиле над 500.000 деца, редица земји уништија само затоа што им се спротивставија, Е сега нормално е северџганскиот дух да преовладува и да се говори дека потребно е да се инсталира квислиншка власт затоа што ќе се избегне насилства терор и сл, значи на голема врата се пропагира предавство-полтронство-подничарење како врвна северџганска доктрина, која им овозможува да го јаваат македонскиот народ.
Никој не сака, од овие демокративе атлантисти, да рече оваа војна кој против кого и со кого, всушност со кого војува Русија, знаете ли?
еве мала помош за оние кои не се упатени.
Дека САД ќе профитрале најмногу дека Европа ќе изгубела, која држава е таа Европа, што е таа, дајте престанете со небулози или барем бидете инвентивни. Знаете ли дека со хегемонијата на САД и неговата четворка е завршено, дека се завршена приказна, дека Светот е поразличен од вчера а дека на крајот ќе биде непрепознатлив на многумина, дека Кина, Индија, Иран и многу други прифатија и прифаќаат да се вршат трансакции во национални валути без посредство на долар и евро, знаете ли што значи тоа!?
Војната во Украина е само почеток и одмерување на силите, со истовремено позиционирање на силите, или западот самиот ќе се откаже од својата позиција на доминација со светот или ќе биде воден низ низа процеси кои ќе донесат негово позиционирање каде што му е местото, а тоа не е хегемон.