Нови возачки дозволи

  • Креатор на темата Креатор на темата marija aleksova
  • Време на започнување Време на започнување
Ни на сон за 1 месец :D
Зошто не ако запнеш да возиш секој ден и положиш од прва? Тоа е најкраткиот период за кој може да положиш. Може не точно 30 дена, ама 40 дена се завршува.

Јас отприлика за месец дена завршив со возење и полагање уште десет дена и толку.


Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
Зошто не ако запнеш да возиш секој ден и положиш од прва? Тоа е најкраткиот период за кој може да положиш. Може не точно 30 дена, ама 40 дена се завршува.

Јас отприлика за месец дена завршив со возење и полагање уште десет дена и толку.


Sent from my Mi A1 using Tapatalk
Сега тазе положен си или од порано?
Ако слушаш теоретска 5дена + 3дена полигон + 15дена градска може да се заврши ова за еден месец.
Многу чекање има за полагање.
Ако се од прва поминеш , имаш чекање
2нед за теоретска, 2 нед за полигон, 2нед за градска.
Рачунај дека сега ретко кој од прва и втора положува. Секое паѓање +2 недели чекање...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: 048
Сега тазе положен си или од порано?
Ако слушаш теоретска 5дена + 3дена полигон + 15дена градска може да се заврши ова за еден месец.
Многу чекање има за полагање.
Ако се од прва поминеш , имаш чекање
2нед за теоретска, 2 нед за полигон, 2нед за градска.
Рачунај дека сега ретко кој од прва и втора положува. Секое паѓање +2 недели чекање...
Од порано. Сеедно многу е две недели за теоретска настава, тоа е за една недела. Јас возев од 6 сабајле само за побрзо да ми завршат часовите, иначе ќе чекав со месеци, попладне има повеќе кандидати. Тестовите ми беа за 3-4 дена откако завршив со возење, ги имав научено претходно. За она другото 10 дена.

Ретко кој положува, ама пишав за колку може, нормално ако му се поклопат работите и се погоди да го пуштат од прва или веднаш му побараат пари.
 
За сите што допрва треба да полагаат само да ви кажам да не верувате во приказните од типот комисијата не паѓа намерно ако не направиш грешка, или немојте случајно да ве излажат со нивните приказни кога ќе влезат во кола дека се на твоја страна, дека и они сакаат да положиш итн... Луѓето со чест на исклучоци кои за среќа ги има, се напатени говеда, кои паѓањето на кандидати им претставува единствено задоволство во денот, а воедно и најголем дострел во нивниот мизерен живот, кој е исполнет со потење газови од кола во кола и алапачење дур кандидатите се трудат да се сконцентрираат на возењето. Ме имаа бутано поради крајно ретардирани причини, како и ситуации што воопшто не се случиле а ти ги набројуваат како да постоеле, од типот не застана на црвената кола на таа и таа раскрсница ќе се удревте ти свиреше, а никаква кола воопшто не доаѓала ниту свирела. Потоа бизарни ситуации од типот паднат си пошто коментираше други возачи, или пак паднат си бидејќи си застанал на пешачки на точак кој се симнуваше од точакот за да помине како пешак, еднаш ми закочи нагло без причина бидејќи му се сторило дека доаѓа кола, а кога другиот му кажа дека не била во мојата лента, тогаш за да ме падне искористи тоа дека не ме видел дека сум проверил. Има уште ситуации да не набројувам, среќа минато се. Само бидете упорни и не дозволувајте да влијаат на вашата среќа, се ќе си дојде на свое место (y)

Ау да и ќе заборавев, од возењето кое трае 30 минути, третина од возењето човекот кој е напред свртен е со главата позади зборувајќи со другите, а тој е задолжен да закочи ако наиде на опасна ситуација, која секако нема да ја забележи гледајќи назад. 95% од времето барем еден од инструкторите збори на мобилен, а 100% од времето активно се зборува за кој каде бил на свадба, одмор, што правела Сузе, што правел Горан итн.
Druzhe, dali ima nekade kade mozhe da pushtime zhalba za komisija?? Imam pomal brat, 4ti pat go butnaa na gradska a deteto si vozi najnormalno....
 
,,,vo Veles najpoekje gi obaraat na mesto kade bi trebalo da ima znak stop ama nema,,,no bidejki trebalo da ima a nema ako ne zastanat kandidatite na toa mesto vednash gi obaraat
,,,imam chueno za kandidat koj na toa mesto tripati go obaraat i plus ushte dvapati za samo na komisijata poznati prichini,,,sevkupno gradsko polaganje 5 petpati a za slednoto zdravje,,,
 
Ако нема вертикална сигнализација има хоризонтална, а и во случај да нема се знае каде се застанува и како се приклучува во сообраќај.
 
Druzhe, dali ima nekade kade mozhe da pushtime zhalba za komisija?? Imam pomal brat, 4ti pat go butnaa na gradska a deteto si vozi najnormalno....
Тогаш уште толку ќе полага. Ќе му најдат грешка, а сигурно ги има иако извозил најнормално. Ќе му кажат дека брзо вози, не е сигурен и тоа е.

Знам девојче кое пушти жалба после 3-4 пат и положи на 8ми пат.
Друго пак си ќутеше иако не знаеше добро да вози и си положи од 4 пат.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
Koга влагаш да полагаш они имаат лист за оценување таму пишува по кој пат полагаш. Уште пред да влезеш они знаат дали ти ќе положил или нема.
 
Moже и на крај да се договорат, зависи како ќе извозиш.
Жена ми кога полагаше ја чекав таму на паркинг и кога заврши испитот и кажаа да излезе од колата, за овие внатре да се договорат и пак ја повикаа да влезе за да и кажат.
 
Moже и на крај да се договорат, зависи како ќе извозиш.
Жена ми кога полагаше ја чекав таму на паркинг и кога заврши испитот и кажаа да излезе од колата, за овие внатре да се договорат и пак ја повикаа да влезе за да и кажат.
На сите им викаат да излезат и да почекаат надвор,не дека се договараат нешто вау-бау.Во право е членот погоре дека уште пред да влезеш знаат дали си за пуштање или не.Мене ме пуштија од 3та,а од 3те пати најлошо извозев :D Се престројував ко шиповците низ Чаир,максимално агресивно.Дури на еден и му пресеков пат,па ме извозеа 25 минути низ Аеродром и Железничка и ме пуштија.Возев лошо ама не дека не знам во смисол на возење него како максимално поштување правила.Али тоа беше последица пошто премногу ме изнервираа кога полагав 1 и 2 пат кога возев максимално сконцентрирано поштувајки ги сите правила и ми вадат непостоечки ситуации.И така отидов на 3 пат од заебанција шо се вика :D
 
Немој да мислиш дека не се договараат и е онака. Доволно е еден збор да си кажат кога ќе излезеш надвор.
Кога не е за договарање веднаш ти ги кажуваат грешките и дали си положил или не. Кога сите се на едно.

Тогаш нејзе требало да ја паднат и го кажаа тоа, ама пак ја пуштија.
Двајца беа да помине, а еден за да падне, демек брзо возела, а 30км на час. Ми вика цел испит тој напред се вртеше кон тој позади и се погледнуваа.



Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
Ајде здраво народе, денес трет пат градска. Пешаци, знаци, заобиколување, престројување, брзина... Што и да ме праша човек - немав грешка, со оглед на тоа што ќутеа од комисија цело време, освен кога даваа насока. Возењето претежно беше јас како појаснувам пред да направам нешто, од проста причина што имав максимално високи очекувања за денов, и гледав да е пиц пец. Се враќам по Ристо Шишков, еднонасочна уличка до фонтана, и коли наредени од десна страна. Се гледаше од комисијата дека тој до мене што седеше беше напнат, и ми кажува дека "немам" растојание од возилата, и јас си кажувам дека имам. Ликот да земе и ширум да ја отвори вратата, и да почне да се дере така хаотично.. Sidenote: Иако ја отвори вратата, пак имаше растојание од возилата. :pos: И ме паднаа, за ништо. Прашањето ми е дали можам да поднесам приговор? Дека ова више не се трпи, а и не ми никнуваат парите на дрво... 2000 за да ми се глупира некој матор.
 
Како одат регулациите за возачка БЕ категорија?
Дали и до која тежина на влечно возило можам да прикачам без БЕ категорија?
Од колку до колку тежина е дозволено со БЕ?
 
Здраво може Help?! Положив градско од 5ти пат , ама закажано ми е сликањето за возачка дури на 18 Април касно , дали ми е дозволено во меѓувреме да возам кола Б- Категорија???
Ми рекоа дека уверението го праќале во МВР директно..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom