Навивачки групи во Македонија!

  • Креатор на темата Креатор на темата Hooligan
  • Време на започнување Време на започнување
Си праиме муабет бе , една анализа на паролите , еве на пример едната ви почнуваше вака...

"Се прајте мангупи во село без кучиња..."

Стварно ?
 
Што пишуваше на таа паролата пишувана со креди украдени од долната?

Небитни политички глупости... подметната од небитни политичари, која ги предизвика сите тепачки на нашата трибина. Преку к... од ваквите дерби навивачи шо мислат дека уште се мангупи како 90тите...

Фали кај нас цврста рака да ги суреди сите позери шо се местат прв ред, се уфилмуват за воџи и не почитуват кодекси, од дерби на дерби и измеѓу празнина...

Од такви ликој ми се одмилват дерби и побитни европски утакмици
 
Изнапишани милион мислења за 2-3 саати, како мали деца, истите приказни вртат нон-стоп затоа и ми е мака да отварам форум после секое дерби. Што било-било, нека си остане таму каде што треба и тоа е, идеме понатака.
Комити добро корео, уз некоја добра парола, некои и не баш, бројка на ниво, навивањето нема да го коментирам.. Според мене многу лошо и премногу одавање внимание на анти БТ песни.
Чкембари бројка/изглед одлични, паролите некои добри, некои без везе, не ми е јасно како група како нив си дозволува да вади парола некој на сопствена рака? Сепак, тоа они ќе си решат.
Во глобала тензично дерби, како што доликува. Се надевам дека сите се добро и од 2-те страни и дека никој нема да се влече по судови со казни за ништо.
Нас како група не држеа 40-50 минути после завршување на утакмицата во сала, тие што каменувале што да се каже, 21-ви век.. Неандератлци у секој сегмент.. Не дај Боже некој може да настрада од тие залутани камења и да остане цел живот инвалид, второ, веројатно се неписмени и не сфаќаат колку е ебено тешко да се најде превоз за гостовање. Ете нека се искажат со име и презиме па да ги пуштиме "хулиганите" друг пат први.
Секое добро.
 
Интересно дерби во секој случај и она што е за голема почит е фактот дека колку и да паѓа општо навивањето во цел регион, години наназад, дали едниот или пак двата клуба се на мизерно ниво, сепак ривалството опстанува и дербињата уште си носат еуфорија, адреналин, тензија и се што треба да содржи едно дерби.

За Чкембари можам да кажам дека навистина имаа убав коп за око, за разлика од порано, сега се гледа дека се трудат околу ова, го почитуваат дрес кодот и навистина има резултати. Нормално не можеше многу да се прати нивното навивање од нашата страна меѓутоа се чинеше дека имаа солидно навивање.
Креативноста пак им е на многу ниско ниво, добра кореографија не памтам да имаат извадено, песни и се останато уште не ми е јасно како никој нема да повлече нешто на ова поле. Паролите сепак, нешто ок, нешто онака, жив резил беше она бесилка, крстозбор или што и да требаше да биде, освен лешинари ништо друго не разбрав искрено.

Комити убава бројка, огромна штета што никогаш нема да добиеме и ние ,,неограничен" простор на трибина на гости, ќе добиваме по 150 карти и ќе бидеме пуштени во сала на 20 минути, но што е тука е..На ваква трибина фалеа 4, 5 бајраци, со оглед на трудот и ангажираноста на екипата која изгази сезонава со кореографии, мислам дека може многу да го подобри и изгледот на оградата и целиот коп на трибина. Паролата и дупешката со паркетот чиста 10ка останатите пароли од типот сестри, татковци, барем за мене се веќе излитени, имаше многу други мотиви што можеа да се искористат али ок..Навикнавме на мртов фудбал да навиваме каде што можеш со една песна да навиваш и цело полувреме и одлична журка да направиш, па сега во сала малку се изгубивме. Многу лош избор на песни во некои моменти..Требаше да се користи и обичната публика која беше за секоја пофалба, брзи еуфорични песни во напад, во одбрана кога се крши резултатот свириш им правиш притисок. Нормално треба и со нив да се пецнеш, ама нова песна вежбана на собир или ,,Сите битолчанки" кога се решава утакмицата па и титулата да очекуваш дека ќе ја пее цел коп преамбициозно е..

Каменувањето е нешто што најмногу ме револтирало цел живот, многу лошо организирано, но и теренот е таков и за жал ќе се најдат такви ликови што ќе покажуваат муда од страна со камења, а никој не би сакал да се најде од другата страна и не дај боже да има поголеми последици. Џабе тука рипате, сите го имаме истото мислење на ова прашање, баш би сакал во иднина да се промени, ама не верувам за жал.
 
Пола битолчани дојдоа Скопје да учат, односно самo скопјанки пучат
Комити и рк вардар неуспешен брак, играте со Пелистер вие всала пак
Се прајте мангупи во села без кучина дојдовте во Битола пиштевте ко пичина
И една парола за Белхатов кој се соочува со банкрот
Таа парола со креда е подметната и затоа настанаа тепачки. Не е на Чкембари. Втора работа нити добија нешто со то шо сакаа да извадат, само изгубивме сите. А и пораката општинари ќе го јадат некои ваши лешинари им била наменета за некои нивни лични конфротации.
Околу тепачките, има милон видеа и смешно е да кажвате дека некој од некој избегал. Браво шо сте се обиделе. А на бегање, за надвор, ваши, скопјани комити не знам, беа тепани и на 1 метро од нас седеа со камења враце. Мажи, не деца. Кога не нападна полицијата нас, а нив ги остај тогаш скршија некој џам од автобуси.
Епа другари, еве јавно е кажано, Битола ќе ја заборајте пак на уште 30 години.
Ко можевме ние да ве остајме и да влезите и да излезите без ниеден камен, а вие не знајте, ќе си платите
6 автобуси преполни бевме, плус можи 40,50 пред сала луѓе не чекаа, бројка околу 400.Навивање на моменти топ, на моменти паѓаше ептен ради конфликтите меѓу нас, шо е и најголем минус, да не се израдуваме ко шо треба на најважната победа. Штета
 
Последно уредено:
РК Вардар - РК Еурофарм Пелистер

Првично, мора да се напомене една работа која е важна а гледам не се спомнува..
На минатиот натпревар во Битола, Комити до последен момент не знаеа дали и колку луѓе ќе влезат во сала. Бројката која стигаше од управата на Пелистер беше десет пати променета. Едно време беше 50, па 63 па 100...за разлика од тој несериозен пристап, управата на РК Вардар размислувајќи за дербито одобри цел сектор со цел сите навивачи од Битола да влезат во сала. Знаевте недела дена пред СК дека сите без проблем ќе влезете. Плус што останавте 10 мин по завршувањето на натпреварот додека ние бевме внесени во 31мин кај вас а изнесени во 55...Комити сезонава докажаа дека и во втора лига на гостување одат по 350 луѓе, па можам да замислам доколку ни се даде цел блок во Битола колку луѓе би отишле...но, да видиме дали управата на Пелистер ќе научи нешто до тогаш.

Бројката на двете групи беше одлична. Комити првите 20 мин буквално грмеа. Браво за останатиот дел од салата бидејќи цело време беа на нозе и активно навиваа со нас. Влезот на Чкембари беше еуфоричен, реално добар но при нападот тотално се изгубија. Сигурно дека имаат екипа за фајт, далеку од тоа, но мислам дека направија кикс зошто дозволија прво да влезат ветераните и останатите пијандури. Тие мислам дека им направија конфузија на трибина зошто почнаа да бегаат ко не знам што да е. Нападот на Комити беше класичен напад, од трибина до трибина...е сега една работа, дај да не се праиме на Тошо. Реално, група од 15 луѓе дојдоа, не до вашиот сектор, туку вантре три метра беа. На клипот многу убаво се гледа дека горе си седат 20 Чкембари и не реагираат и оставаат само тие неколку долу да ја бранат трибината. Од горе да се пуштеа сите што што уплашено избегаа Комити многу полошо ќе си поминеа. И да, се фалите дека Комити исто добиле боксови? Ме дупите нешто? Кој тоа се тепа без ниту еднаш да не го мавнат при тепачката? Поентата е дека дозволивте во КОПОТ да ви се влезе, да ви се паднат два реквизита и да си заминат Комити. Е тоа е срамот што сакаат сите да го потенцираат, а од кој бегате цело време од синоќа. Ти доаѓа некој до копот? Го газиш и убиваш од мавање...али ете според вас тоа не било така. Новава екипа на Комити сезонава ги нападна сите групи кои дојдоа во Скопје и полека почнува групата да личи на сериозна група и по тоа прашање.

Комити, бројка околу 800 луѓе, на почеток како што кажав одлично навивање, но заради постарите екипи кои се рак рана очигледно на двете екипи, навивањето отиде во скроз погрешен правец. И Чкембари и Комити мора да им го покажат конечно местото на постарите. Преку кур веќе од дерби навијачи +35, кои киснат на ограда, наљокани со дрес код "Сачувај боже" и единствена цел, да се покаже среден прст на противничката екипа.

Кореото на Комити со паркетот беше интересно. Паролата за битолчанки непотребна според мене. Очекувани пароли од двете страни реално. Ништо ново на тој план освен кореото на Комити.

Што кур беше платното со креда нашкрабано кај Чкембари? Нека се изјаснат сами.

На крај, околу каменувањето..СРАМОТА кој и да го направил. Чкембари нека не се палат дека Комити го организирале зошто ние бевме во сала заглавени саат време после утакмицата. Ако го правеле некои, го правеле на лична иницијатива и тоа е тоа. На човекот од Чкембари му беше пружена веднаш помош и превоз до Битола. Тоа е она што го направивме кога излеговме од сала. А за каменувањето, пак ќе кажам, срамота.
 
...но, да видиме дали управата на Пелистер ќе научи нешто до тогаш.
Дали си свесен дека манавте на управата на Пелистер? Дали знајш дека 20-та минута заминаа од сала и дека им зедовте клупски маички?
Да, сигурно научија да не ве пуштат никој пат повеќе.
 
Последно уредено:
Тука има 2 видеа на кои најубаво се гледа напдот на Комити.
Митонани 87, со одземени 4 маички и 2 дуксери
 
Тука има 2 видеа на кои најубаво се гледа напдот на Комити.
Митонани 87, со одземени 4 маички и 2 дуксери
Кај се гледа напад на видеото жити се... И сакаш да ми кажиш во блицкригот од 5 секудни директен судир вие зедовте 4 маици и два дуксера. Па доброволно да ги вадеа да ви ги дадат немаше време да се слечат а не да одземите. Не се срамете, не се резилете
 
Дали си свесен дека манавте на управата на Пелистер? Дали знајш дека 20-та минута заминаа од сала и дека им зедовте клупски маички?
Да, сигурно научија да не ве пуштат никој пат повеќе.
Ќе направите напор вие да гостуваме.Како можевме ние со договор со управата да ви обезбедивме цел блог за навивање,да не ве вадат до крај .Така можете и вие.За инцидентите криво е МВР може сакаа намерно да се деси нешто за да се стави забрана
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom