edno e da prijavis, drugo e da imas obvrska da go platis istiot. Procitaj go ubavo zakonot i istrazi, nikade ne pisuva iznosot platen vo zemja so koja imame skluceno dogovor tuku za iznosot na danokot koj e platen vo druga zemja. Od utki ko tebe moze praksa da stane toa i posle dopolnitelno da treba da se objasnuvame.
Значи типична малограѓанштина, веднаш почнуваме со вреѓање и омаловажување?
Еве јас како “утка“ ќе образложам зошто мислам дека намалувањето на данокот за плаќање се однесува само за данокот платен во земја со која имаме договор за избегнување на двојно оданочување.
Делот што се однесува на намалување на пресметаниот данок за платениот данок во друга држава е регулиран во член 8 од ЗДЛД
Во првиот став од овој член е наведено дека
(1)
Заради примена на даночното изземање или намалување кое произлегува од меѓународен договор за одбегнување на двојното оданочување органот за јавни приходи по барање на обврзникот - резидент издава потврда за даночен резидент на Република Македонија
Во став 4 од истиот член се вели
(4) Заради одбегнување двојно оданочување, на обврзникот - резидент му се намалува пресметаниот данок на доход за износот на платениот данок на доход во друга држава, најмногу до износот што би се добил со примена на даночните стапки од членот 11 на овој закон.
Може и ја грешам, ама по мене во ставот 1 се дефинира дека одредбите од овој член 8 се однесуваат на “примена на даночното изземање или намалување кое произлегува од меѓународен договор за одбегнување на двојното оданочување“ и дека тоа се однесува и на одредбата од став 4