Некој тука што му здосади навивање да даде некое мислење за иднината на Украина и Русија?
Ај јас прв. Украина евентуално капитулира после 2 месеци. Русија ги анексира Донецк и Луханск со референдум. Украина го признава Крим како дел од Русија. Се одржува референдум во јужните и источните области откако се протеруваат/апсат украинските националисти и Украина губи излез на море. Зеленски бега на Запад или завршува во Сибир. Русија инсталира проруски режим налик Белорусија. 6 милиони украинци остануваат трајно во Полска. Уште 6 милиони низ Европа. Полска продолжува со политика на доделување полски пасоши на украинските патриоти и националисти и достига до 50 милиони граѓани во 2030. Украина станува демографски про-Русија и останува окупирана во следните четири години. Тотална денацификација. Сите припадници и лица поврзани со Азовскиот баталион и политичкиот врв кој владеел за време на „специјалната воена операција“ се пред суд налик Нурнберг. Се препишуваат устави, закони, учебници и рускиот станува официјален низ цела држава на исто ниво со украинскиот/малорускиот. Се прави референдум за промена на името во Северозападна Малорусија. Се шалам, само Малорусија. Западот стиска заби, квичи, прете, пцуе и колне. Путин им вели bite me, или на руски укуси менја. Русија останува под санкции но забрзано продолжува на патот кон економска независност и диверсификација. Путин се осеќа горд на сработеното и се пензионира среќно во 2024 во царскиот дворец во Краснодар. За наследник на престолот го избира Сергеј Шојгу кој продолжува со Путиновата надворешна политика на безбедност и Русија останува опозицијата на Западот во геополитиката, но со амин од Путин почнува со блага политичка либерализација. Алексеј Навални е ослободен од затвор, се кандидира и станува премиер. Пола од форумџиите на кајгана се шокирани.
Шојгу е евроазиец прва класа, мајка украинка и татко туванец, и ќе ја претстави Русија со дефинитивно независен евроазиски карактер, ниту чајнас ниту јуропс бич. Шојгу ја делегира внатрешната политика на Навални, но останува шеф на државата и шеф на Навални, со повисок авторитет и со право на вето/отстранување премиер. Премиерот Навални зема во десната рака едно дебело остро пенкало и почнува со хардкор анти-корупција и лов на олигарси, економски и социјален развој и обид да направи либерална демократија. Западот го добредојдува сето тоа и почнува со отстранување санкции. Западот ја менува својата политика кон Русија и Рус државите и ги гледа како независен евроазиски блок кој не смее да потпадне под кинеска доминација. Истото го мисли и Кина на која не и одговара премногу зближување на Русија и Западот. Блок Евроазијатик станува клучен играч помеѓу Блок Евроатлантик и блок Кинопацифик.
Што се случува со Малорусија и Белорусија? Тие остануваат политички, економски и воено врзани со Великорусија.
Украина добива милијарди евра, долари, рубли и ренминби и почнува со реконструкција. Се даваат инцентиви за репопулација на Украина. Западот сеуште мрчи за Украина но евентуално прекинува со обиди за одврзување на Рус државите и ја прифаќа новата ситуација, потпишува пакт за нон-агресија и економска соработка со Русија и се обидува да ја отстрани Кина од Евроазија и преминува кон обиди за изолација на Кина.
Ок ова е оптимистички поглед, малку детачед од денешната реалност но мислам тоа би било разумна политика во иднина за сите страни. Многу од тоа зависи колкава закана ќе биде Кина за Западот и Русија и на каков начин и со каква цел ќе ја користат нивната моќ, каков змеј ќе биде, The Great Protector или Dweller-in-Darkness. А секако дека ќе биде змеј.
Ок сега продолжете со навивањето.