Константинопол | Мегалополис на Византија

Византиецот

Codename Duchess
Член од
14 март 2021
Мислења
2.829
Поени од реакции
6.434
За мене Византија е време на ултимативна моќ и целосно реализиран потенцијал на народите од нашиот полуостров. Главниот град бил мешавина или тенџере вкусна компир манџа од Словени, Грци, Римјани, Дачијци, Македонци, Илири, Тракијци. Империја полна пијанства, ебеш и религиска хипокризија - но сето тоа направено со многу стил.
Дами и господа клавајте лилјаковите наметки на вас, се враќаме (временски) во оригиналниот град на полуостровот Хаемус. Тврдина полна цркви, пехари, палати, стадиони, плоштади - скапоцени камења и метали. Но најважно од се - тврдина полна кинки палави византијци и византијки, (жители на Романија - како што тие ја нарекувале оваа своја држава во свое време), жени и мажи желни за моќ и целосно ослободување на својот потенцијал, без ама, но, зошто, и без компромиси.

ИМА ПРАШАЊА?

КОНСТАНТИНОПОЛ | МЕГАЛОПОЛИС НА ВИЗАНТИЈА

Константинопол бил основан од страна на римскиот цар Константин I на местото од стар грчки град со името Визант. Изграден е со големи и високи ѕидини, па така внатрешноста на градот била скоро недопирлива и покрај вековните опсади од различни антагонисти. Неколку векови со ред, тој бил најголемиот град во Европа со население од 12.000.000 жители. Кога Атила ги погледнал ѕидините и Златната Порта - направил налево круг со своите коњаници, затоа што знаел дека градот не можи да биди освоен. Многумина веруваат дека падот на Византија е внатрешна работа, имено дека некој од внатрешноста им отворил на Турците за да влезат. Тој настан води до крах на најголемата европска цивилизација на сите времиња, а вековите кои следуваат се полни со горчина, сиромаштија и свирепи притисоци. Ѕвездениот потенцијал на луѓето кои зрачат златен ореол светлина околу главата, е загубен. Хелена = Светлана.

Поглед на Златниот Рог со значајни зданија:
I. Хиподрумот - каде Византијците се тркале.
II. Аја Софија - каде Византијците се молеле.
III. Плоштадот со Колумната на Константин -
каде Византијците се социјализирале.

Слободно кликајте на сликите за вистинска резолуција и детали.

ПАЛАТАТА БУКОЛЕОН

Хормисдас е првобитното име на палатата. Името Буколеон доаѓа по крајот на 6 век.
Под власта на Јустинијан I било изградено мало пристаниште пред палатата.
Две статуи од лав и бик стоеле на влезот, давајќи му го името на пристаништето
βοῦς - буко и λέων - леон, грчки зборови за бик и лав соодветно.
Палатата во извори се среќава и како Куќата на Хормисдас и Куќата на Јустинијан.

СВЕТАТА МУДРОСТ | АЈА СОФИЈА

Изградена од скопјанецот - Императорот Јустинијан I, помеѓу 532 и 537 година.
Црквата го имала најголемиот внатрешен простор во светот во тоа време и била меѓу првите
што имале целосно незавизна купола, потпрена на основа од квадрат.
Се смета за олицетворение на византиската архитектура.
Таа ја промени историјата на архитектурата.

Ремек делото е дизајнирано од грчките геометричари
Исидор од Милет и Антемиј од Трал.

2560px-Saint_Sophia,_Constantinopolis.jpg
1245556661.jpg

DLdZmHmV4AAdVV4.jpg

СТОЛБОТ НА ЈУСТИНИЈАН

Лоциран директно пред Светата Мудрост, бил изграден од бронза и мермер.
На врвот се наоѓал Јустинијан со својот коњ, носел византиска круна украсена со перја од паун.
Во богатите записи на византијците, се спомнува настан кога круната паднала при стравотен земјотрес кој го оштетил градот.
Се случил целосен спектакл кога византиски акробат врзал јаже од куполата
на Светата Мудрост се до Столбот и одново го крунисал Јустинијан,
векови после неговата смрт.

Column of Justinian - Art by Antoine Helbert by Hagia Sophia, on Flickr

Последно уредено:
Член од
6 јануари 2020
Мислења
327
Поени од реакции
320
Така е, цела Европа во среден век било мрачна доба освен Константинопол.
 
Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.804
Поени од реакции
26.868
За столбов на Јустинијан првпат читам. Дали сеуште постои и дали има записи за неговата судбина после освојувањето на Цариград ?
Автоматски споено мислење:

Така е, цела Европа во среден век било мрачна доба освен Константинопол.
Ако си саркасичен само 5% си во право ако не си саркастичен 95% си во право.
 
Член од
6 јануари 2020
Мислења
327
Поени од реакции
320
За столбов на Јустинијан првпат читам. Дали сеуште постои и дали има записи за неговата судбина после освојувањето на Цариград ?
Автоматски споено мислење:

Ако си саркасичен само 5% си во право ако не си саркастичен 95% си во право.
Не бе озбилен сум. Додека народите ширум Европа се пронаоѓале себеси по падот на Римската Империја, Константинопол како наследник на таа цивилизација продолжиле да напредуваат технолошки и опшествено па немале мрачна доба.
 
Византиецот

Codename Duchess
Член од
14 март 2021
Мислења
2.829
Поени од реакции
6.434
За столбов на Јустинијан првпат читам. Дали сеуште постои и дали има записи за неговата судбина после освојувањето на Цариград ?
Веднаш по заврземањето на градот, Турците имаат ритуал по јунаштво - кој ќе успее да се измолкни по столбот и да ја турни статуата на Јустинијан. Колумната - столбот останува на место уште еден век (не можеле да го турнат, толку им била силата). Овај ритуал е практикуван во следните години. Пошто имало многу за туркање, а тие не биле така силни се да турнат одеднаш. Исто им требало векови да го турнат Хиподрумот. Тие не биле фан на колективни игри и коњски трки со публика во стадиони како нас (денес имаме континуитет со Фудбалот). Со други зборови, ни грам култура.

Градот бил преполн со колумни. Ова е наследено од Форумот во Рим - плоштад на кој се извишувале столбови со статуи на нив. Некои се останати и денес. Пример столбот на Константин стои сеуште. Изработен од Порфири - египетски лилјаков мермер. Константин бил излеан во бронза, според записите со Хелиос (сонце) околу главата. Хеленистички, на мама.

Во секој случај цивилизациска катастрофа.
Автоматски споено мислење:

Не бе озбилен сум. Додека народите ширум Европа се пронаоѓале себеси по падот на Римската Империја, Константинопол како наследник на таа цивилизација продолжиле да напредуваат технолошки и опшествено па немале мрачна доба.
добивме ние и бетер од мрачно доба, во моментот кога Европа излегуваше од својата, ние влеговме во нашата 5 вековна.
 
Последно уредено:

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.804
Поени од реакции
26.868
Веднаш по заврземањето на градот, Турците имаат ритуал по јунаштво - кој ќе успее да се измолкни по столбот и да ја турни статуата на Јустинијан. Колумната - столбот останува на место уште еден век (не можеле да го турнат, толку им била силата). Овај ритуал е практикуван во следните години. Пошто имало многу за туркање, а тие не биле така силни се да турнат одеднаш. Исто им требало векови да го турнат Хиподрумот. Тие не биле фан на колективни игри и коњски трки со публика во стадиони како нас (денес имаме континуитет со Фудбалот). Со други зборови, ни грам култура.

Градот бил преполн со колумни. Ова е наследено од Форумот во Рим - плоштад на кој се извишувале столбови со статуи на нив. Некои се останати и денес. Пример столбот на Константин стои сеуште. Изработен од Порфири - египетски лилјаков мермер. Константин бил излеан во бронза, според записите со Хелиос (сонце) околу главата. Хеленистички, на мама.

Во секој случај цивилизациска катастрофа.
Автоматски споено мислење:

добивме ние и бетер од мрачно доба, во моментот кога Европа излегуваше од својата, ние влеговме во нашата 5 вековна.
Столбов ако се наоѓа во околината на Аја Софија би требало да го имам видено, не знам зошто не ми текнува на нешто вакво монументално да имало таму во околината :confused:
Значи од Јустинијаниовиот споменик ништо не е останато, а овој на сликиве е од Константиновиот ?!
За статуите јасно ми е дека заради исламот се што е со представен човечки лик морало да се тргне, уништи или преработи.

Кога зборуваме за култура и цивилизациски вредности тогаш дискутабилно е. Да не се случувале вакви настани немало да имаме потреба да учиме историја и немало да ги повторуваме грешките од минатото.
 
The Savior

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
5.146
Поени од реакции
9.821

Да од Јустинјановиот нема ни дел останато. Другиот е на Константин, тој бил на плоштад настрана од Аја Софија. Скролај горе, прва слика, крајно лево на сликата се гледа каде точно бил столбот на Константин, во центарот на тркалезен, ротунда плоштад. Споменикот е тргнат веднаш. Столбот е оставен и денес. Идеалите се коселе крајно, комплетно неприфатливо било за турците такви ликови да се надвишуваат над градските столбови.

Имало еден Грк роден во Епирус западна Грција, на Јонско море - Паргали. Земен јаничар, потурчен, сечен куро. Кога созрева влечи накај своите. Опседнат е со грчки статуи од античкиот свет. Иако му бил најблизок советник на Султанот, во моментот кога го наполнил дворот со мермери од Венери - му летнала главата. Комплетен конфликт на вредности и идеали. Гревота за нашите луѓе.
Автоматски споено мислење:

МАКЕДОНСКА ДИНАСТИЈА (862 - 1056)

"Basil's family ruled for 194 years. The Macedonian period is seen as the golden age of the Byzantine Empire."

Македонската Династија е закон. Моја омилена. Веќе се мешани со Словени (според Грчки и Арапски извори) со потенцијал по илјадити пат да го преродат Царството. Типично Македонски.
 
The Savior

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
5.146
Поени од реакции
9.821

Византиецот

Codename Duchess
Член од
14 март 2021
Мислења
2.829
Поени од реакции
6.434
И Јустинијан Втори бил Македонец.

Од Теодорите, омилена ми е женаму на Јустинијан Први. Тој бил од Скопје, ама во Цариград се запознал со нејзе. Таја била актерка од Кипар (чиишто драми вклучувале секусуални акти, па професијата и била скоро еднаква на проституција). Лудо се вљубил во нејзе, е арно ама црквата не го пуштала да се земи со Гркињава, жена од лош морал била (ко сите мажи), па ја нејќеле за царица. Овај убаво ги построил тоа татињата во црквата и не само што ја прифатиле да му биди сопруга, туку и за светица ја прогласиле.

Пази сега која улога ја одиграла лисицава. Имало трки во Хиподрумот. Се тркале со коњи и кочии стандардно 4 тима: сини, зелени, црвени и бели.
Имало 2 членови на синиот и зелениот тим - мажи, бацина желни за моќ кои веќе некое време се рчкале со Јустинијан. На денот на трките направиле хаос, имено се целело кон тоа Јустинијан да биде убиен, му спремале ваков заговор долго време. И додека членовите на зелениот и синиот тим го држеле стадионот под заложништво, Јустинијан и Теди се криеле во некоја одаја под трибините. Тој се спремал за бегство. Тогаш Теодора се воспалила и ја дала една од најамбициозите изјави во цело постоење на Византија (парафразирам, да не го барам цитатот) :
"- Јас сум голема љубителка на лиљаковава свила, ако умрам ќе умрам во лиљакова, а не во друга наметка."
Лиљаково носеле само императорите. Тоа значело дека неа власта така лесно не и се дава. Јустинијан размислил, му рекол на некој од послушниците да им понуди многу булги пари на некои од мажите во зелениот и синиот тим, да најди некои мажи во соодветните тимови, кои се помоќни од тие два познати негови опоненти, и да ги поткупи, па така ги решил и немирите и непријателите.
Без Теодора, слабо. Жена Балканска.

Еве ја Теди на мозаик во Италија. Гордо го носи пурпурното дури и на мозаик.

Еве го и Јустинијан. Инаку никогаш не заборавил дека е роден Скопје. Ги изградил Скопје и Ниш на ново од темел. Премногу бил склон кон тој дел од империјата. Тој лево од него е Белисариус. Главен командант на Византиската Армија. Од Сердика.

Автоматски споено мислење:

Сума: еден маж од Скопје, друг од Софија и една жена од Грција го дрмале целиот полуостров и имале држава посилна од Франција и Германија заедно.
 
Последно уредено:
Член од
6 јануари 2020
Мислења
327
Поени од реакции
320
Јустиниан дефинитивно бил најмоќен, дури го вратил и Рим и територијалните граници на империјата биле речиси исти како во приматот на Римската империја. Но за жал набргу повторно бил изгубен Рим и поголемиот дел од тие западни територии. Тешки биле тие територии за владеење од Константинопол, се сменила геополитичката ситуација во светот.
 
Византиецот

Codename Duchess
Член од
14 март 2021
Мислења
2.829
Поени од реакции
6.434
На Јустинијан тие западни провинции до Хиспанија не му значеле многу.
Подоцна во неговото владеење тој покажал интерес за Ѓорѓија - Грузија (какво вино прат овие) и Ерменија. Ерменија била првата Христијанска нација во целиот свет - Ерменците го направиле Христијанството државна Религија, пред Рим.
Добро профитирале од таа општествена промена, црквишта и палати уште во 5ти век. Големи градители.
Но Јусти, најмногу им го имал меракот на Грузијците. Тие покажале отпор. Подоцна во вековите имало неколку Византиско - Грузијски војни. Скрос бесмислено. Посебно зато што Грците биле опседнати со Грузијците, хорни ги праеле како народ, им се одушевувале и сакале да ги имаат по секоја цена. Сакале Византија до работ на Црно Море и не повеќе.

Со Ѓорѓија опседнати биле и Германците. Тие тврделе дека европскиот сој потекнува од нивната земја (Кавказ) и дека станува збор за претерано атрактивен народ со прави носој и широки очи.

Во гените на Ѓорѓијците има Хаплогрупи кои ни денес не се наоѓаат во други нации.
 
Кои биле твоите Ерменци или грузијци во антиката додека апостол Павле прв почнал да го шири христијанството во Македонија или за време на освојувањата на Александар ?
 
Византиецот

Codename Duchess
Член од
14 март 2021
Мислења
2.829
Поени од реакции
6.434
Зборуваме за генеза на европјаните која траела уште пред првобитните племиња. Еден Германец смета дека само во таква преубава земја можела да се случи таква генеза.

За браќата Тавитјан имам само љубов и почит, како народи се (за жал) уште понастрадани од нас (заради турците). Каролина + Тавитјан и Дафино вино црвено ти е енкапсулација (спонтана) на истите тие Византиски аспирации.

Во Германија прв пат сретнав Ѓорѓијци, има 250.000, избегале од Руските бомби во 93та. Се шо се зборува за нив е точно. Не сум сретнал физички поубав народ. Менталитетски, скрос на мое мириса, и тие се со православен ритуал, но си имаат свои цркви настрана од руската. Плус, кон нас осеќааат блискост и сакајне, спонтано, без преовиличеност и муабети за религија.
 
The Savior

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
5.146
Поени од реакции
9.821
Зборуваме за генеза на европјаните која траела уште пред првобитните племиња. Еден Германец смета дека само во таква преубава земја можела да се случи таква генеза.

За браќата Тавитјан имам само љубов и почит, како народи се (за жал) уште понастрадани од нас (заради турците). Каролина + Тавитјан и Дафино вино црвено ти е енкапсулација (спонтана) на истите тие Византиски аспирации.

Во Германија прв пат сретнав Ѓорѓијци, 250.000, избегале од Руските бомби во 93та. Се шо се зборува за нив е точно. Не сум сретнал физички поубав народ. Менталитетски, скрос на мое мириса, и тие се со православен ритуал, но си имаат свои цркви настрана од руската. Плус, кон нас осеќааат блискост и сакајне, спонтано, без преовиличеност и муабети за религија.
Јас имав можност да работам со двајца грузијци во Италија. Мене по изгледот,начинот на гласно зборување и нивниот јазик многу ама многу ме потсеќаат на Албанците кај нас во Мкд. Кога разговараа меѓу себе не можеш да сфатиш дали се расправаат или "нормално" разговараат.
Автоматски споено мислење:

Менталитетски, скрос на мое мириса, и тие се со православен ритуал, но си имаат свои цркви настрана од руската. Плус, кон нас осеќааат блискост и сакајне, спонтано, без преовиличеност и муабети за религија.
Иако е така си влечат накај Русите.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom