Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?

  • Вкупно гласачи
    732

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.724
Поени од реакции
33.968
Клучен момент е развојот на хиперсоничното оружје од руска страна со кое имаат тактичка предност, што значи нема да се осуди НАТО да што би рекол Халид Муслимович да направи погрешен чекор, 2014 не било така.
Да, ова е огромен фактор.
Но сеуште мислам дека реакциите (и последиците) ќе беа далеку помалку тогаш, отколку сега. Русија и без хиперсонична технологија е нуклеарна велесила, а доктрината на прв удар на САД е само блефирање... Не гледам сценарио каде дел од нуклеарните капацитети на РФ нема да резултира со нуклеарни експлозии во САД. И следствено MAD.

Хаха... BREAKING: Spokesman for Germany's Chancellor faces reality! :D
A Украинциве па... Пристаништата биле „привремено затворени“. Мисли трајно затворени додека не се смени владата.
Автоматски споено мислење:

US Unexpectedly Sanctions China Officials Hours After Demanding Beijing Condemn Russia

Apparently not content with diplomatic war on one front with Russia, the Biden administration appears ready to escalate with China following on the heels of last week's persistent accusations that Beijing was mulling cooperation with Moscow on weapons resupplies for its Ukraine operation, as well as assistance on Western sanctions evasion.

Monday afternoon Secretary of State Antony Blinken announced more visa restrictions on Chinese officials related to prior charges that state authorities are overseeing the ethnic cleansing of Uighurs. It's certainly interesting timing in terms of pulling out the the human rights card, given that throughout last week the admin's China criticisms seemed exclusively focused on its "fence-sitting" over Ukraine.

Последно уредено:
Член од
30 август 2021
Мислења
1.243
Поени од реакции
2.629
Но сеуште мислам дека реакциите (и последиците) ќе беа далеку помалку тогаш, отколку сега. Русија и без хиперсонична технологија е нуклеарна велесила, а доктрината на прв удар на САД е само блефирање... Не гледам сценарио каде дел од нуклеарните капацитети на РФ нема да резултира со нуклеарни експлозии во САД. И следствено MAD.
Доколку само локално се гледа конфликтот веројатно си во право но мислам дека има многу леери и за да се наместат коцките чекале а доколку се погледне големата слика - се е поврзано - со еден удар успеваат стратешки да изиграат неколку потези и стават во движење процес кој можеби е побитен. Либералите сакаа да се осамостојат енергетски со ринјуаблс ( според кампањата на изборите имаа уште 8 години да ја спасат планетата ). Тоа значи дека они самите планирале да се откачат од петродоларот на што им се почива економијата, нели да го заменат со дигитална програмбл валута. Не знам на што им бил планот да почива новата валута кога, прво злато па нафта сега комодитис? За се тоа да функционира мора сите да се во Шекспир фазонот - Воук права и емотивна незрелост да се исплашат за планетата и се сложат на се тоа. Али овие се одделуваат - истокот - и тоа рано, САД и Европа не се спремни сега да се откажат од фосилни горива но у својата дебилна политика попрво ќе преговараат со Иран и Венецуела отколку да бустнат нафта гас копање дома. Истокот продолжуваат со нафта, гас, фамилијарни вредности, они произведуваат и можат да бидат самоодржувачки континент и во исто време му покажуваат на запад кој е фундаменталниот проблем на глобализмот и дека вистински Воукер ги прифаќа и почитува другите системи. Кој сега ќе му произведува добра на колонијалистот кога Кинези инвестираат у Африка? Мислам дека отприлика во право време е акцијата, дури мислам дека целиот развод го планирале со Кина можеби и порано од 2014 како опција и дека сега можат да бидат во ситуација да им постават услови на старите колонијалисти.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.724
Поени од реакции
33.968
Од аспект на можно постоење на поголем план, да, се согласувам.
Инаку САД не може да бустаат производство тек така, фракингот е убедливо најскап метод на екстракција на гориво. Всушност само во САД е економски можен, и само заради тоа што е субвенциониран од државата - заради енергетска независност во услови на криза и заради специјални економски војни против противниците како Русија (повремено пуштање на хиперпродукција и дампинг на цените).
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.023
Поени од реакции
83.446
Поранешен агент на ЦИА зборува за Украина и Путин
Меѓу другото, Мајк Бејкер, објаснува дека Американците имаат проблем да најдат некој близок на Путин со кој можат да работат. А како ги наоѓаат такви? Па лесно, главно со добро, ќе гледаш да му помогнеш на некого „чие дете има здравствени проблеми, или ќе му го запишеш детето на факултет во странство...“.
:D
 
Shakespear

Need moar drugs
Член од
25 јули 2015
Мислења
2.418
Поени од реакции
2.043
За воени цели као тенк, авион, хеликоптер, дрон, склад, пво, млрс, воени единици полк, батаљон, бригада, вооружени групи и поединци, наци фашисти, база, команден центар итн., правилната терминологија е неутрализирање од прв степен. И нема врска со националност, демек украински биле. Не дискриминираат русите, и странските платеници и странски оружја ги неутрализираат.
Леле ма немој, „неутрализирање“. Не умираат луѓено од неутрализирање, туку од убиство. Тоа ти е само збор да ги покрие грдотиите на војната.
И не, не ја интересира Русија „неутрализирање“ на наци фашисти. Ако беше до тоа, барањата на Путин за крај на војна би биле конкретно ограничени на тој аспект, ама не се.
 
Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916

друже не дудлај многу многу, гледај видеа од 2014-2022 како Укро-нацистите ладнокрвно убиваат и палат цивили, па дојди тука дискутирај..
 
Член од
30 август 2021
Мислења
1.243
Поени од реакции
2.629
Леле ма немој, „неутрализирање“. Не умираат луѓено од неутрализирање, туку од убиство. Тоа ти е само збор да ги покрие грдотиите на војната.
И не, не ја интересира Русија „неутрализирање“ на наци фашисти. Ако беше до тоа, барањата на Путин за крај на војна би биле конкретно ограничени на тој аспект, ама не се.
Оваа војна е почната уште пред 8 години, сега само кулминира, за тие 8 години Украинци убиле 15 000 луѓе, знаеш за тоа?
 
Shakespear

Need moar drugs
Член од
25 јули 2015
Мислења
2.418
Поени од реакции
2.043
Оваа војна е почната уште пред 8 години, сега само кулминира, за тие 8 години Украинци убиле 15 000 луѓе, знаеш за тоа?
А кој ја почна оваа војна?
 
Член од
30 август 2021
Мислења
1.243
Поени од реакции
2.629
А кој ја почна оваа војна?
САД во 2014 на Мајдан. Од тогаш Украина сака да го дерусифицира руското население во истокот одземајќи им права - јазик, култура. Многу деца имаат отепано украинците, еве овие фатени/предадени војници ги носат пред споменикот на нивните жртви.

Shakespear

Need moar drugs
Член од
25 јули 2015
Мислења
2.418
Поени од реакции
2.043
САД во 2014 на Мајдан. Од тогаш Украина сака да го дерусифицира руското население во истокот одземајќи им права - јазик, култура. Многу деца имаат отепано украинците, еве овие фатени/предадени војници ги носат пред споменикот на нивните жртви.

САД никогаш нема објавено војна на Украина ниту на Русија. Обиди се пак со одговорот.
 
Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
САД никогаш нема објавено војна на Украина ниту на Русија. Обиди се пак со одговорот.
Друже, доколку не си трол, сериозно ти треба психијатриска помош...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom