Брука во КАМ маркетите

Член од
7 септември 2016
Мислења
20.079
Поени од реакции
35.576
Разбираш сега?
... искрено и јас не разбирам,
споредбено, логички, зашто би била поинаква цена на исти лабораториски услуги за ист тест или биохемиска анализа на пример во Биотек лаборатотија споредбено со Авицена лабораторија? зошто би една магнентна резонанса на приватно има различна цена зависно од приватната болница? зашто не се унифицирани цените како банките што би направиле преку Народна банка или се?
КАМ го става зејтинот 100 евра, мене како купувач не ми одговара цената и идам во ВЕРО или Тинекс да пазарувам.
Меѓутоа ВЕРО и Тинекс одлучуваат и они да го стават зејтинот 95 евра или 105 евра.
Истово го прават за лебот, брашното, маргаринот.
Што треба ја во овој случај да направам? Да престанам да ги купувам овие производи.
Е поради ова е потребен и има закон кој ги регулира цените на овие производи.
За да не можат продавачите да си се договорат меѓу себе и да ги направат цените по 100 евра и да немам кај да пазарувам.
...споредбено со лекови може?
лековите се многу поосетливи за дебата од брашното и лебот како пример, нели, зашто Зегин аптеките имаат најниски цени на ист лек за разлика од некоја рандом аптека или Еурофарм има исто медицинско помагало поевтино од Славеј, дали има закон кој ги регулира цените односно доколку го има дали функционира, односно дали воопшто некој селективно во дадено време се казнува парично, демек еве работиме во име на граѓаните, а всушност само параван за неисплатен рекет, непослушност или слично?
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.234
Поени од реакции
10.841
Ама кој го крие бре? Дај договорете се со измислициве. Ако снемало во одреден момент а било изложено на почеток на денот, како е КАМ крив за тоа?
Или треба да вработат посебна екипа зејтинаши кои ќе полнат рафтови беспрестано додека другиве грабаат по 20 шишиња одеднаш?
Плус они не го препродаваат, туку го даваат гратис на сметка од 800 денари, што значи добиваш 11.2% гратис на работите кои ги пазариш.

Бидејќи не сум во МКД, а моите живеат многу блиску до КАМ, ја натерав мајка ми кога ќе оди нареден пат да ми сликне дали има зејтин за продажба или "го кријат по магацини". Многу ме интересираше целава ситуација во која тврдите дека немало зејтин воопшто на продажба. Еве ти слика од тоа како изгледа КАМ после грабежот од испаничени тетки.
Може убаво да се види дека имало најмалку три нивоа со зејтин според картоните.

Прегледај го приврзокот 325663


Зашто они би биле виновни за нивната акција каде ги честат своите верни потрошувачи?
Нели ви е срам малце да плукате цело време без да согледате факти?
Ова што ги набедувате дека го криеле е уште посрамно.
Јас ако би бил менаџер на КАМ, би сакал оние верни потрошувачи да можат да купат зејтин кога пазарат во моите маркети, па сигурно би лупнал ваква некоја промоција, па дури и 1000ка би ве условил. Подобро тоа отколку да дојде некој цинцар кој возел 10 км до КАМ од својата колиба за да заштеди 100 денари при купување на 120 литри и да створи паника кај другите само затоа што комшијата кој го сретнал пред кооперација слушнал од другиот комшија дека ќе нема зејтин заради ова во Украина.
Не е дека снемало масло во одреден момент. Хм, од кога е почната кризава во Украина кога и да влезам во КАМ стандард нема масло, сол, шеќер, шпагети, макарони. И еве не ми е јасно, како ако ги нема, ако се дефицит, ги даваат гратис некому за сметка над 800 денари. Хмммм. Профитерство е тоа, сакале вие да прифатите или не.

За факинг м а с л о испишавме цели петнаесет страници. Да пишевме вака за сите проблеми кои ги имаме во државата, Македонија ќе беше подобро место за живот.

Извинете, ама вака кога ќе размисли човек...со контрењето на темава јас, ти, а и сите други покажуваме дека не сме воопшто различни од нашите сограѓани кои се степале за шише зејтин.

А кога веќе се казнува КАМ, редно е да се казнат и тетките кои купуваат по 10 кила зејтин ко да е апокалипса па се главни актери во целата оваа психоза која владее не само во реалниот, ами и во виртуелниот свет.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
24.054
Поени од реакции
39.709
можам да ги замислам бијонс и топлата како држат шише зејтин и се борат која да го земе. И од страна викаат. Тепачка, тепачка!!
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
20.079
Поени од реакции
35.576
А кога веќе се казнува КАМ, редно е да се казнат и тетките кои купуваат по 10 кила зејтин ко да е апокалипса па се главни актери во целата оваа психоза која владее не само во реалниот, ами и во виртуелниот свет.
...тетките не ги крадат или со сила купуваат 10 литри зејтин за да би биле казнети, а тоа го прават мислејќи за сопствени резерви, а и за резервите на своите пораснати синови и ќерки кои баш немаат време за семејни обврски и пазарување, а колку што видов немаше официјално инфо за максимални количини при купување на зејтинот.
Не е дека снемало масло во одреден момент. Хм, од кога е почната кризава во Украина кога и да влезам во КАМ стандард нема масло, сол, шеќер, шпагети, макарони. И еве не ми е јасно, како ако ги нема, ако се дефицит, ги даваат гратис некому за сметка над 800 денари. Хмммм. Профитерство е тоа, сакале вие да прифатите или не.
...искрено и мене не ми е јасно како може да нема доволно од некој вид на инсулин, а истиот пациентот не може да си го обезбеди со сопствени средства т.е. да го купи и чека нервозно неколку пати одејќи да види дали го има на рафт за да го добие како неопходна дневна терапија, односно зашто нема лекови кои се со симболична партципација, а истите лекови на исто место може да се купат комерцијално со сопствени средства? односно зашто антиковид вакцините се гратис, а за вакцини против сезонски грип треба да се плати за ист осигуреник на исто место во здравствена институција? зашто при ковид терапија со Актемра која во болниците се дадени како донација од Министерство за здравство, пациентите не можат да си го купат лекот со сопствени средства и се условувани од епидемиолошки алгоритам дали ќе му следи како терапија лекот? дали сакале или не имаме профитерство тука и тоа во најосетливиот сегмент -здравството или не...онака по инерција на нештата?
За факинг м а с л о испишавме цели петнаесет страници. Да пишевме вака за сите проблеми кои ги имаме во државата, Македонија ќе беше подобро место за живот.
... проблемите се сосема исти, од иста природа, причина, последица од исти челници само се со различни имиња, а едно од нив е и зејтинот, проблемите не се решаваат со пишување тука, туку со менување на улогата на политичкиот фактор и преголемо влијание во сите сегменти на оштеството.
 
Последно уредено:
Член од
5 март 2018
Мислења
15.352
Поени од реакции
16.959
Не знам зошто не прават како надвор, по лице да не смее да се купи повеќе од две шишиња масло, истото и за брашното треба да биди. Ако веќе имаат дефицит на овие прехрамбени производи.
Срамота е ова шо се дозволува, му текнало на некој ментален ќе го кревам цело масло.
Ама профитери се тука во прашање ги заболе нив таму за луѓето.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.935
Поени од реакции
9.688
можам да ги замислам бијонс и топлата како држат шише зејтин и се борат која да го земе. И од страна викаат. Тепачка, тепачка!!
Верувај дека таква сцена не можеш да замислиш...ние можеме само да го поделиме тоа едно шише за двете да имаме....Зарем уште не си не научил што карактери сме!?

да се казнат и тетките кои купуваат по 10 кила зејтин ко да е апокалипса па се главни актери
Тетке кулирис, не играј двотарифно, најмногу ме нервираат улизици ко тебе...Со кое право ти би казнила некој што купува 10 шишиња зејтин?
Кој колку сака може да си купи, а ако си ти способна да носиш десет кгр а да не те здоболи раченцето, купи и ти.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.234
Поени од реакции
10.841
Верувај дека таква сцена не можеш да замислиш...ние можеме само да го поделиме тоа едно шише за двете да имаме....Зарем уште не си не научил што карактери сме!?



Тетке кулирис, не играј двотарифно, најмногу ме нервираат улизици ко тебе...Со кое право ти би казнила некој што купува 10 шишиња зејтин?
Кој колку сака може да си купи, а ако си ти способна да носиш десет кгр а да не те здоболи раченцето, купи и ти.
Океј тетке.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.935
Поени од реакции
9.688

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.801
Поени од реакции
35.480

Зејтин низ нос ќе му потече на газдата на КАМ, го изеде стапот...ај белким ке биде за пример на останатите газди на продавници, да работат поштено.
Ќе му текне него, ама вие ќе го платите, тој нема да извади од џеб туку ќе ти дигне по 1-2 денари на е што може и за 1 месец ќе му ја платите таа казна од 16к евра.
 

Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
3.687
Поени од реакции
8.660

Зејтин низ нос ќе му потече на газдата на КАМ, го изеде стапот...ај белким ке биде за пример на останатите газди на продавници, да работат поштено.
Одиш у КАМ да пазариш после сите неправди што ти ги направија?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom