Игорче ќе ти одговорам тука, да не ја полниме другата тема со оф-топик.
Нормално е да се гневни, но сулудо е да протестираш и се доближуваш до туѓа војска. Пак ќе кажам, не се работи за мирнодобска ситуација или завршена војна, туку војната е во полн ек. Шок бомби, солзавци, гумени куршуми се нормални за протести во цивилизираниот западен свет, а во ситуацијава, колку и да звучи лошо, можда е и најдоброто решение за да се растера група. Доволно е еден да биде вооружен од таа група и да припука кон руската војска, а знаеме колку оружје се подели на секоја будала. Тој еден, можда ќе убие или рани 2-3 војници, ама последиците по останатите луѓе од групата ќе бидат страшни. Вјската нема да стои туку ќе врати, а тогаш ќе има многу мртви. Едноставно, премногу оружје се подели на цивили, русите нема да дозволат така да им се приближуваат групи луѓе.
Што се однесува на договорот од Минск. Украина е најголемиот губитник од неисполнување на овој договор. ДНР и ЛНР според договорот треба да добијат специајлен статус, односно одредена автономија, со што би се децентрализирала Украина, овие региони би имале подобар статус, но би останале во склоп на Украина. Секако правата на русите би се вратиле, плус некои амнестии за сепаратистите, а за сметна на тоа овие нормално би го предале оружјето. Е сега од 2015-та навака, Украина со своите постапки и закони, прави се спротивно од тој договор, си продолжија со гранатирања, војната продолжи, иако не со интензитетот ко предходно. Слкиките што ги гледате од Мариупол, е таков е голем дел од Домбас регионот веќе 8 години.
Што се однесува до НАТО. Украинскиот парламент во 2019 година изгласа и ги вметна членството во ЕУ и НАТО во уставот на државата, со што се обврза дека ќе биде дел од нив. Ти викаш не е тоа од денес за утре, треба процедура, но тоа е политичка одлука и ако САД порценат дека треба, Украина за година дена ќе ја внесат во НАТО. Најдобар пример ти е Македонија, па нашиве војници немаат чизми, идат со крпени униформи, а камо ли други стандарди да исполнуваме. Буквално никаква корист нема НАТО од нас, како војска, ама битно им е овој регион да е под нивна контрола. Шпоните и заканата од поделба ја искористија да и удоволат на Грција, а во позадина на Германија и Британија, а не им се брзаше да не внесат зошто знаеа дека Русија нема ама баш никакво влијание во Македонија, а ни интерес. Еве сега и за ЕУ истото ни го прават, само место Грција сега е Бугарија.
На ова додај и масивни заеднички воени вежби на украинската и НАТО војската на територија на Украина, тони и тони одружје кое им го дадоа. Украина во последниве 2-3 годнини забрзано работеше на тоа да биде дел од НАТО.
На час по математика.
Оружје поделено на 15-16 годнишни деца.
Сите муабети за било какви вредности, после овие видеа и слики се сувишни. Е ова е тоа што тука го зборевме, ова е таа злоупотреба на цивили, а поготово деца. Оружје во рацете на овие деца, за нив значи само едно, сигурна смрт.