Мене ми е многу жал за Украина. Украина има потенцијал да биде пример за богата држава во светов. Има толку многу ресурси и народ што е најважно за да ги направи Швајцарија, Норвешка, Сингапур, Дубаи и др да изгледаат сиромашни. Штета што со векови е малтретирана од цела Европа. Украинците немале шанса да кренат глава од агресори за да изградат нешто што им следува. Постојано се освојувани од Австро Унгарија, Полска, Балтик, Романија па и од Русија. Тоа што има голем процент на Руско население можеби и дава право на Русија да се меша во одреден процент но тоа зависи дали самото руско население во Украина сака да се меша Русија - тоа незнам. Во секој случај мене ми е јасно и зошто се појавија и Азов, тоа е напатен народ, угнетуван со векови и убиван.
Е сега како и ние и тие се во положба да мораат да играат оро на поголемите сили.
Мислам дека НАТО не смееше да си дозволи ваква авантура, сепак Русија никогаш нема да се сложи на ова.
Ова можеа НАТО да го направат кога беа нај потентни а Русија беше нај слаба, во времето на Јелцин. Сега е касно.