Можно е не викам не, што значи дека се успешни во нивната тактика и лесно го прочитале Путин неколку чекори унапред.
Успешни, апсолутно НЕ. Дали тоа им беше единствениот потег кој го имаа да да го изиграат, во најголем дел поради нивната ароганција? Апсолутна ДА.
Главниот противник им се Кина, Индија и Југо-Источна Азија. Регион кој не можат да се надеваат дека ќе го стават под контрола ако Русија им копа во позадина. Реалистично да беа водени од професионалци и способни луѓе, они ќе направеа договор со Русија. Украина, Молдавија, Грузија, Казакстан се ќе жртвуваа во замена за Руска подршка против Кина. И да ако ја имаа Русија на своја страна ќе беше многу лесно со време да го изгладнат целиот тој Азиски блок од суровини и ергененси или барем во огромен дел да им го минимализираат растот со високи цени.
Али егото, арогантноста и расизмот ги однесе на овој пат и немаат нешто многу избор освен да го одат а резултатите за сега им се катастрофални. А патем најсмешното е што веќе си ги испукаа сите куршуми освен целосна војна. Немаат што повеќе друго да направат освен трета светска војна.
- Финансиската изолација и грабежот на имоти/пари даде минимален ефект ( рубљата веќе расте во вредност) а олигарсите беа скротени пред доста време али повторно институционалната догма тешко се разбива и почнаа да си веруваат во своите лаги.
- Не успеаа да создадат каква било хистерија на светско ниво и не најдоа никаква подршка за санкции на светско ниво. Не само тоа туку и традиционални сојузници како Бразил, Саудиска Арабија, Емираи, Пакистан им свртеа грб.
- Не создадоа доволно хистерија ниту да ги внесат Шведска и Финска во Нато.
- Веќе покажаа слабост со тоа што отидоа да молат за нафта во Иран и Венецуела.
Единственото нешто што им успеа е да оформат некаков "цврст" јавен блок во ЕУ и да испотпишат еден тон договори за продажба на оружје. Али целиот тој блок е на стаклени нозе. Огромен дел од владите се ништо повеќе од марионетски влади без никаква цврста популарна подршка ( како во случајот на Македонија). А за некој месец одкако ќе заврши војната во Украина а цените на сите прехранбени производи и енергенси ќе бидат зголемени за х2-х4 ќе видиме колку време ќе можат да го одржуваат тој блок, посебно кога се знае дека веќе имаат и тројански коњ и во него во форма на Унгарија.
На Русите се што им останува е да видиме дали ќе се способни да го победат и мирот, откако ќе заврши војната за некој месец. Или ќе си преовладее пак олигархската струја кај нив и комплетно ќе се дестабилизираат внатрешно.