Брука во КАМ маркетите

  • Креатор на темата Креатор на темата pozdrav eden topol
  • Време на започнување Време на започнување
Ко што јас разбрав од темава, маслото било тргнато и не можело да се купи, освен ако не направиш промет од 800 ден.
Разбираат и они, но тешки контраши се.
Некој пензионер душичка на кого кам маркетот му е во близина и оди да купи едно шише зејтин и некоја ситница, ќе мора да опне 800 ден. или само за зејтин да оди во друга продавница оти на тие будалите газди на маркетот им текнало да не го даваат само зејтинот во продажба, фино лепо си го скриле.
 
sirot pensioner, 6to ke prai bes zeitin....
 
Вчера баш влегов во КАМ.. Имаше неколку врсти на зејтин на рафтовите. Имав сметка над 800ден и на каса ми дадоа шише. За што уствари тука се прави муабет? Никој не спомна за промоција ниту спомнуваат за акцијата. Дури еден на другата каса со сметка од околу 700ден се жалеше зошто не е информиран, ќе земел уште нешто.
Имало до сега милион вакви акции зошто мора се да се толкува со не знам каква намера.
 
Некој пензионер душичка на кого кам маркетот му е во близина и оди да купи едно шише зејтин и некоја ситница, ќе мора да опне 800 ден
Не е точно. Не мешајте баби и жаби
На полиците имаш да си купиш масло колку ти душа сака.
Тоа што го даваат како гратис со направена сметка над 800 денари, е сосема друга работа. Никој не те условува за да купиш масло да направиш над 800 денари. Туку над 800 денари добиваш ГРАТИС, тоа масло НЕ го купуваш.
 
Вчера баш влегов во КАМ.. Имаше неколку врсти на зејтин на рафтовите. Имав сметка над 800ден и на каса ми дадоа шише. За што уствари тука се прави муабет? Никој не спомна за промоција ниту спомнуваат за акцијата. Дури еден на другата каса со сметка од околу 700ден се жалеше зошто не е информиран, ќе земел уште нешто.
Имало до сега милион вакви акции зошто мора се да се толкува со не знам каква намера.
Акција е една работа и ке беше добро ако имаш право да одбираш...што ке правиш ако не носиш со тебе толку пари, на пример, а ти треба само зејтин, леб и млеко?
Вероватно после побуната на многумина муштерии и јавно објавување по соц.мрежи, продавачите го извадија во слободна продажба зејтинот без да те уценуваат што и колку треба за земеш и колку пари да потрошиш.
 
Никој не те тера да потрошиш 800ден... Колку имаш пари, толку. Нема ништо погрешно во ситуации кога се е твој избор. Ако даваа на каса мафини, немаше да им пречи да луѓево?
 
Realno dobra akcija so ogled sto sise maslo denes zlato vredi.
 
Само уште еден маркетинг.. Дека не сме научени да ни нудат производи со 50% попуст на каса затоа што им истекува рок на употреба...
 
На тие што не го користат маслото, не им вреди ама баш ич.

Кој не користи масло? Ја не знам кој не употребува макар ни малце масло да направи оброк. Сеа ако седмица ти е кујна тоа е разбирливо. Али ако се готви дома маслото е неопходно.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom