Видео игра - СИМУЛАТОР, на која можеш да прикажуваш БИТКИ КАКО СЕ ОДИГРАЛЕ ВО РЕАЛНОСТА.
Total civilian casualties in 2021
The total number of civilian casualties recorded by OHCHR in 2021 has totaled 110: 25 killed (16 men, two women, three boys, one girl and three adults whose sex is not yet known) and 85 injured (56 men, 21 women, six boys and two girls), a 26.2 per cent decrease compared with 2020 (149: 26 killed and 123 injured), and the lowest annual civilian casualties for the entire conflict period.
Eте ти според ОБСЕ, во 2021 година. 110 убиени во Донбас, и има најмалку жртви од кога траат немирите во Доњецк и Луганск. А од 2014 наваму одприлика има 2500-3000 жртви на цела територија на Украина, а 85% пишува дека се во Источна Украина. Значи тие бројки што ги вадите од 14-15.000 жртви не е реална, барем според ОБСЕ како што го зеде за Извор.
Абе јас милион пати имам пишано тука дека единствено немири му одговараат на Западот а особено на УСА, и дека намерно беа влечени за нос Русите да го направат она што го направија. Е сега секој си има некоја математика, и Америка и Русија си имаат стратези и стручњаци кои проценуваат состојба на добивка и штета, ние тука може само да си го кажиме мислењето. И Русите и Американците си имаат своја математика, која ќе испадни подобра ќе покажи времето.
Мое мислење е дека Русија она што барем се шпекулира дека ќе го добие кое најверојатно го постигнале на денешните преговори (воена неутралност на Украина попут Австрија, и автономија на Доњецк и Луганск) Крим секако е Руски, дали го признале или не, небитно, можеше да го добие БЕЗ војна, само со малку повеќе трпение и упорност, малце со ржење, со закани и без да страда целокупното невино население и во Украина од војната и во Русија од санкциите.
Јас се трудам да сум реален, од моја гледна точка, и секој различно размислува. Западните земји се посредени за живот и според мене а и според 99% луѓето тука се со далеку поголем стандард. Што не значи дека по дифолт треба да се оправдува нивната политика. Ете и јас бев против Америчката инвазија во Ирак, бев против на она што и се правеше на Либија, на Сирија итн. Ама и сега сум против она што и се прави на Украина.
Бројот на жртви е 14000, а од нив 3300+ цивили меѓу кои многу деца. Бројот на повредени е околу 25-30000. Од тие огромен број цивили (не го знам точниот број). Е сеа од тие цивили повредени, рачунај дека повредите не се од пад од тротинет, туку од гранатирање. Таквите повреди се животоменувачки, т.е. сериозни хендикепи и онеспособувања. И тие иако не се загинати исто така се жртви. Немора да некој да биде убиен за да биде жртва, на пр жртва на семејно насилство, жртва на силовање итн. И затоа тие бројки од најмалку 14000 цивилни жртви (не само загинати) се у најмала рака потиснати, реалната бројка е многу поголема.
Е сеа, незнам дали ја разбираш тежината на ситуацијата и бројките? Значи пази, официјална војска на држава, добива официјална наредба од официјален воен претпоставен кој добил официјална наредба од претпоставен политичар/и да гранатира (значи не збориме ни за малокалибарно оружје туку разорно оружје) цивилни таргети (значи не воени или сепаратистички) кои сеуште се официјално државјани со пасош на истата држава. Понатаму, не станува за изолиран случај или конфликтче нешто се спукале, туку официјална политика на држава која ја спроведува 8 години. И во однос на бројките, 1 жртва да е или 10 или 100 на ваков начин, е дефиниција за геноцид, етноцид(или културоцид јер ипак се официјално украинци ама проруски), воени злосторства и злосторства против човештвото. А за бројки од 15000+ нема доволно ракети ни Путин да им додели правда.
За другото што си пишал, абе незнам како може да викаш можело да го добие со повеќе упорност и трпение. Незнам дали не разбираш дипломатија, меѓународни односи, право итн? Човек, од 2014 пробува дипломстски. Се потпиша Минск 1. Ништо не се спроведе. Веќе тука е касно за трпение и требало да нападне. Ај добро не нападна, стрплив е и упорен дипломатски да го реши. А веќе штом идеш на втор договор за истиот проблем ради неисполнување на обврските од првиот на другата страна, веќе си ги надминал границите на трпеливост и упорност и воздржување. Чак што више се работи за нуклеарна сила и воена грдосија. Ајде Минск 2. И повторно не се спроведува. Ај и тука не презима ништо толку време, упорен е, трпелив, го дупат од ЕУ му викаа да да еве ќе притиснеме малце ќе почне наркоманот од утре да го спроведува. Не заборавај тука дека во меѓувреме постојано се гранатираат цивили у Донбас и овој уште е трпелив, не напаѓа, веќе 7ма година. А исто така гледа како се инстигира нацизмот во Украина и се пробива свесно низ институции, овој пат индоктринирани дека русите се новите евреи. И не заборавај дека паралелно се одвива вооружување на Украина од западот (неброени милјарди и тони оружје плус логистика во инструктори, тренери, обуки итн). Ај и тоа го гледа, упорен и трпелив е за дипломатско решение и му искача прво некој таму од воениот врв на Украина со закани дека Крим ќе го враќале, Донбас ќе го исчистеле и чај у Москва ќе пиеле. Ај и тоа ништо, не напаѓа сеуште трпелив, упорен и иде Зеленски у Минхен на конференцијата и вика не само членка на нато што ќе станеме туку и ќе ја враќаме нуклеарната програма, ќе станеме нуклеарна сила (што е уште едно кршење на договор од претходно за денуклеаризација).
И додека се ова се дешава, стационираат 75000 војска со тешко вооружување на линијата со ЛНР и ДНР, а претходните 2-3 месеци секој ден по неколку авиони воена опрема и оружје слетуваа во Украина и не криеја тогаш, туку баш се фалеа.
Епа стварно многу нетрпелив и неупорен овој Путин. Требаше да чека да биде нападнат и да се чеша. Не еднаш рекол баш он, "ако гледаш дека неможеш да го избегнеш сукобот, удри прв".
Тоа и го направи. Само 7 години покасно од што требаше, баш од што е претрпелив и преупорен и пренаивен верувајќи на западот. Од 24.02. се стави крај на тоа.