Интелектуална немоќ?

Оу, се извинувам што не мислам како тебе, моќнику, но тоа не е проблем. Јас тебе нема потреба да те вреѓам, доволен си си сам на себе.
1. Ако беа стратези, ќе ја завршеа војната многу побрзо и немаше да трпат санкции на секое можно поле, да се разбериме. Сакаш признавај, сакаш не признавај за колку побрзо Русите ја решеа работата, толку подобро беше за нив. Секој ден плус во војна, е на штета на Русија. Цената нема да ја плаќаат олигарсите зошто тие и без трговија со странство имаат пари за поколенија и поколенија унапред. Цената ќе ја плаќа обичниот Руски човек. Ако беа стратези ќе предвидеа дека тоа ќе им го направат.
Западните медиуми нормално е да пишуваат такви работи, колку што е подолга војната толку повеќе и одговара на Америка. Не беше џабе уште пред почетокот на инвазијата што Америчките медиуми трубеа 24/7 ќе има војна, ќе има војна, ќе има војна. Ете гледаме колку ојача доларот после Руската инвазија. А рубљата како е? По тоа само види на кој му одговара повеќе војната.
2. Ако дома вака летаат, тогаш ок:
3. Тоа што беа испратени камуфлирани снајперисти облечени во Украински униформи, близу Украинската влада тебе на што те асоцира? Или можеби таму беа за да го бранат Зеленски и владата?
4. Историски?

Не биди смешен, ти се молам. Што историско гледаш 3 дена да се бориш во Украинско село близу Киев, со 1500 жители да не можиш да го освоиш со тенкој, авиони итн. Туку во право си, стварно е историско, ама колку можиш да бидиш неспособен.
А за целите на војната:
1. Демилитаризација - Ако беше остварено ќе беше завршена војната. Украинците имаат оружје, уште војуваат значи е НЕОСТВАРЕНО, колку сакаш филмој прај си.
2. Денацификација - Нека си ги исчистат прво во Русија фашистите. Лани, имаа марш и го славеа роденденот на Хитлер во С.Петербург. НЕОСТВАРЕНО.
Еве ти дел од командантите на Вагнер:
Прегледај го приврзокот 325347
Руски неонацисти, кои во моментов се во Украина борејќи се против Украински неонацисти. Не ти е смешно? Треба да смените малце инфомаксојте и Миленкота:
Прегледај го приврзокот 325349
4. Признавањето на Крим, и статусот на ДНР и ЛНР, можеа и по дипломатски пат да го остварат. Не мораше војна да прават. Ама ете способни се што да прајме

.
П.с. за бонусот, каматата за екскурзијава на Путин, ќе ја почувствува обичниот Русин, за жал.