Ваква интелектуална немоќ за волку сложена ситуација е греота да се коментира. Но ај со ред.
1. Тоа што про руски медиуми, фб ликови и навијачи, форумџии итн. пишувале ем е небитно ем е очекувано. Затоа се тие на интернет стратези, а за среќа оние што треба у реалност да бидат стратези, планери и спроведувачи си се на соодветни позиции.
У контекст на навивањето "за 3 дена се готови", секој објективен воен експерт/аналитичар знае дека и 3 дена се многу за моќта на руската армија во случај да им била таа намерата. И самите амери ако се сеќаваш викаа "очекуваме Киев да падне во следните 72 часа". Не е прашање на дали можеле туку на стратегија. Апсолутно можеле и можат. Апсолутно не им била тоа целта и стратегијата.
2. Буквално во првите 24 часа им ја уништија ПВО. Она што не го разбираш е повторно стратегија и определба, т.е. уништија стратешки позиции кои им дозволија како на тренинг да си ги леткаат коптерите. Буквално на 20км од Киев си се истоварија. И на сите други места од стратешка значајност истото, авионите, дроновите и коптерите си ги летаат како дома од тогаш.
3. Да имале цел апсење/елиминирање на Зеленски, навистина мислиш дека ќе се потегнеа светот наопачки да го обрнат? Не биди наивен.
4. Кои факти ги приложи дека не им оди поред планираното? Никои. У реалност, ефикасноста и брзината се историски. Мала компарација, НАТО 78 дена ја бомбардираше Србија без војник ни тенкче да успее да стапне у територија на Срб. НАТО 42 дена го кршеше отпорот на Ирак притоа прво мавање ракета у резиденција на претседател а после тепих бомбардирање сосе цивили. Исто битно е географијата, Украина е огромна територија, со многу активна војска, многу советско оружје и од 2014 пумпана со западно. На тоа додај целото западно техничко, технолошко, логистичко, сателитско, аналитичко, разузнавачко, политичко, економско, сајбер, пропагандно и секакво друго помагање. И на тоа додај воена основа тој што напаѓа мора да има 3:1 сили, а овде е обратно, 1:3. И ако пресметаш дека фронтот што го отвара е 1800км долг, нешто што ниту се десило ниту ќе се деси.
Никој не знае што е планирано, самите кажаа дека нема рок, ќе трае дур не се исполнат целите. Така да сета таа пропаганда дека не им идело е трагикомична.
5. И во таа насока дали им иде и дали ќе немало победник ај да ги видиме фактите.
1 цел демилитаризација - уништени 3500+ воени објекти + морнарица, пво, тенкови, дронови, авиони, коптери механизација, артилерија, командни постови, радари складови, магацини итн...ОСТВАРЕНО
2 цел денацификација, поголемиот дел од нацистите опколени, останатите елиминирани. ОСТВАРЕНО
3 цел неутралност, денес Зеленски кажуе дека веќе е јасно дека нема да бидат дел од НАТО.
И останува 4та цел тоа се признавање на Крим и решавање на статус на ЛНР и ДНР.
Е сеа ова беа почетните, а Путин рече со секое одолговлекување, цената ќе биде со камата, така да нека не те чуди поголем дел да задржи под контрола.
Ќе прескокнам другото и ќе кажам само за задњиот пасус. Ако се обидеш да ги разбереш позициите на Русија, ќе сватиш дека нема што да изгубат. Се освен контранападов за нив ќе беше смрт. Можеби не инстант ама полека но сигурно. Русија да дозволи ракети на НАТО донесени на близина со 3.5 минутна шанса за погодок у нивна територија е рамно на самоубиство.
П.с. како бонус само ќе ја споменам каматата за овие екскурзии на НАТО и европа. Путин штотуку ги доближи нуклеарките како и ваздушната одбрана за 1000 км поблиску до нив. Хинт: референдумот у Белорусија.
Сеа за сеа толку, а заслужуваш многу повеќе Red Pilling