Војна во Украина (исклучиво воена перспектива)

  • Креатор на темата Креатор на темата Vanlok
  • Време на започнување Време на започнување
Одеса и Дњепетровск се следни, така мене ми изгледа.
 
Колку што гледам Русите ептен почнале да го интегрираат делот на југ (Херсонска и Запорожиска Област), ништо чудно да си прават простор за нивно менаџирање поствоено. Плус за разлика од Киев, Харков итн, тука воопшто не е уништена инфраструктурата а тој дел е еден од најбитните во Украина - крајбрежје, хидроцентрала, најголемата нуклеарна централа, 4 аеродроми, водниот канал за Крим... Уште Мариопул да го земат и да се поврзат целосно по копнен пат (автопат и железница) од Крим до Ростов.

Мислам дека има големи шански овој дел + ДНР + ЛНР + некој додатно освоен дел (Одеса, Николаев, Запорожје?) да станат дел од некоја нова про-руска држава.

Едит: Баш сега отворив да видам кај им се наоѓаат битните житни полиња и баш тие делови се меѓу најплодните.

Ukraine_Wheat_Web_Area_Map.jpg
 
Последно уредено:
Бидејќи Киев, Мариупол и Харков се веќе освоени, па сега Одеса и Дњепетровск се следни.
Викаш Мариупљ и Харков не се пред завршен чин? Ајде да видиме тогаш. Киев мислам ќе остане за крај.
 
Колку што гледам Русите ептен почнале да го интегрираат делот на југ (Херсонска и Запорожиска Област), ништо чудно да си прават простор за нивно менаџирање поствоено. Плус за разлика од Киев, Харков итн, тука воопшто не е уништена инфраструктурата а тој дел е еден од најбитните во Украина - крајбрежје, хидроцентрала, најголемата нуклеарна централа, 4 аеродроми, водниот канал за Крим... Уште Мариопул да го земат и да се поврзат целосно по копнен пат (автопат и железница) од Крим до Ростов.

Мислам дека има големи шански овој дел + ДНР + ЛНР + некој додатно освоен дел (Одеса, Николаев, Запорожје?) да станат дел од некоја нова про-руска држава.

И јас мислам така. Што повеќе денови оди војната тоа поголема е шансата тоа да се случи пошто на сите тие санкции Русите веќе нема што да изгубат а назад нема.

Инаку цел тој дел е познат како Новорусија

The-claimed-territory-of-Novorossija-red.png
 
Одеса мора да ја освојат за да го обезбедат брегот. А Днипро едноставно е следен со оглед на тоа што сакаат да ја опколат војската на југ што се наоѓа во Славјанск и Краматорск.

Мислам дека од таа голема офанзива се откажаа и ќе идат чекор по чекор до Киев.
 
Руските маринци се уште се немаат појавено, изгледа ги спремаат за Одеса кој пак сочинува 70% од извозот на Украина така да тој е меѓу најважните градови во државата.
 
Викаш Мариупљ и Харков не се пред завршен чин? Ајде да видиме тогаш. Киев мислам ќе остане за крај.

Харков е пред завршен чин откако почна војната, никако да заврши последниот чин. Со Мариупол веќе смешна стана работата, или нека го завземат, или нека го збришат од лицето на земјата, ова станува трагикомедија.
 
Последно уредено:
Харков е пред завршен чин откако почна војната, никако да заврши последниот чин. Со Мариупол веќе смешна стана работат, или нека го завземат, или нека го збришат од лицето на земјата, ова станува трагикомедија.
Еве готово сега ќе им јавам во генералштабот на Русиве. Уште некоја забелешка?
 
Викаш Мариупљ и Харков не се пред завршен чин? Ајде да видиме тогаш. Киев мислам ќе остане за крај.

Харков не е ниту почнат. Пред април ако го заобиколат би било голем успех. Реално до средина на април би можело да се очекува да го заобиколат градот, додека завземање таму накај јуни може да се очекува. Али ако продолжат со ова темпо може и да не завршат со заобиколувањето и до мај.

Со Мариупол би требало да бидат завршени за една недела. Две недели би бил апсолутниот максимум.
 
Последно уредено:
Одеса мора да ја освојат за да го обезбедат брегот. А Днипро едноставно е следен со оглед на тоа што сакаат да ја опколат војската на југ што се наоѓа во Славјанск и Краматорск.

Мислам дека од таа голема офанзива се откажаа и ќе идат чекор по чекор до Киев.

Мислам дека не е реално да одат и по Одеса+Николаевска област а нити по Днипро и Харков, во зависност од колку ќе оди војната би требало максимум да одат до Херсонска и Запорожка област а како одминуваат деновите сè тоа станува пореално.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom