- Член од
- 1 јули 2012
- Мислења
- 2.370
- Поени од реакции
- 6.971
Точно, до некаде е слична сиутацијата во поглед на негирањето. Иако украинците и русите имаат многу повеќе допирни точки и работи кои ги спојуваат него ли ние и бугарите. Украинците и русите се многу повеќе измешани, најголем дел од нив имаат роднински врски, мешани бракови и слично. Тоа не може да се каже за нас и бугарите, не може да се каже за нас и албанците. Сепак луѓето се чуствуваат како украинци и тоа не смее да им се негира.Leaving Facebook
l.facebook.com
Za toa shto kazuvam celo vreme, mnogu tuka zborat deka ne e isto, ama isto e i so tek na vreme kje se razberi.
Е сега, војнава нема никаква врска со тоа. Прво, Русија не иде да ја освои Украина, од проста причина што не и треба таа територија, која реално ништо добро не би и донела, поготово после 2014-та. Исто многу битно е да се нагласи дека војнава не почна сега, туку трае 8 години. Тогаш, со протестите на Мајдан, на америте им успеа, украинците и русите во Украина да ги донесат на нож. Голем дел од украинците наседнаа на замката, им се претстави дека полицијата ги убива протестантите (до некаде и точно), само што полицијата не е таа што прва почна да убива. Следеше хаос. Дојде до промена, се постави про западна влада и претседател, една од првите работи што ги направија, им ги ускратија правата на русите. Во медиумите и политичарите, буквално цртаа мети на секој кој е русин. Ги доведоа во ситуација ко македонците во Бугарија, Грција. Нормално, почнаа про руски пртести. Се деси Одеса. Наци групи палеа живи луѓе, а полицијата гледаше од страна и ништо не презема. До ден денес никој не одговарал за тоа, иако јасно се гледаат фаците на монструмите кои живи запалија преку 50 луѓе. За убивање на руси не се одговараше. Месец или два после тоа, следуваше анексија на Крим, потврдено на референдум. На Крим преку 90% од населението се руси. Седуваа и Доњецк и Лугањск кои сакаа да се отцепат. Региони во кои исто големо мнозинство се русите. Зошто би живееле во земја каде е дозволено да бидат убивани? Украина ги нападна овие региони, а не го нападна Крим, од проста причина што, на Крим има руски воени бази, а ваму нема. Русија секако ги помага во војната нивниве со оружје и доброволци. Во 2015-та се потпишува мировен договор, тој што го збориме од Минск. Го потпишуваат завојуваните страни, сведоци се Франција, Германија, Русија. Договорот во кратки црти е дека овие два региони ќе останат во склоп на Украина, а за возврат ќе добијат автономија, нормално и правата кои им беа одземени на русите, јазик, телевизии, школи. Украина до ден денес воопшто не сака да го спроведе договорот. Пред некоја година рекоа дека договорот не им одговара. Од 2015-та териториите под контрола на русите од Украина, се константно гранатирани. 8 години таму луѓето не живеат нормален живот, туку живеат по подруми и скривници. Исто и русите низ другите места во Украина. Ова што Русија официјално се вмеша е само крај на таа 8 годишна војна. За жал, ова што сега се случува, можеше да се избегне, а Украина ќе ја имаше целата територија (без Крим), само ако го исполнеше тоа што го потпишала. Додади го на ова и членството во НАТО кое украинците и америте го форсираа, поготово последнове години. Заеднички воени вежби на територија на Украина. Еден тон оружје од НАТО. Се тоа го правеа, иако беа свесни и украинците и америте дека тоа ја носи Украина во неминовна војна со Русија. 15 години Русија им кажува дека по ниту една цена нема да дозволи влез на Украина во НАТО, затоа што е тоа директна закана по нивната безбедност. Го пробаа истото со Грузија, видоа дека Русија нема да го дозволи тоа, дури и по цена на војна. Наместо, тоа да им биде поука, дека народот во Украина ќе биде тој кој ќе биде најголема жртва, они решија дека Украина ќе ја внесат во НАТО. Зеленски пред месец-два, се закануваше дека или ќе ги внесат во НАТО или ќе се вратат на нуклеарното оружје. Преглуп потег, во време кога војна ти тропа на врата.
Затоа иако во одредена мера има сличност околу негирањето, војнава нема врска со тоа, туку ова погоре напишаното.
Последно уредено: