Европската економија не е соочена со пропаст, туку со поголема зависност од САД, од која никогаш не се ослободија, но барем досега успеаа до некаде да ја намалат. Затоа си тераа(т) бизнис со Русија, Турција, Кина и други држави од блискиот исток, Азија и далечниот исток.
Се преценија себеси и сопствените можности во 2014 година кога го спонзорираа државниот удар во Украина, мислејќи дека ако ги влошат односите помеѓу Русија и Украина, кога двајца се караат, се надеваа дека ЕУ ќе биде третата страна која ќе има корист. Но како што во 2014 година не очекуваа реакција од Русија, така и сега во 2022 година не очекуваа воена интервенција од Русија во Украина, поради што одлучија да одберат страна.
Но никој не ги држи со сила евро-социјалистите во Брисел во ваква позиција, можат наједноставно да си прогласат неутралност, да ги укинат санкциите кон Русија, да престанат да бараат од Владимир Путин и Русија да седнат на преговарачка маса и за промена да му стават до знаење на украинската зеленика дека и покрај неговиот Масада синдром, светот ќе продолжи да се врти, Сонцето ќе продолжи да изгрева на исток и да заоѓа на запад и после неговата смрт. Поради тоа, украинската зеленика е тој од кого треба да побараат да седне на преговарачка маса за да прифати примирје со украинска неутралност и признавање на Кримскиот полуостров како територија на Русија како основни предуслови за седнување на преговарачката маса, а не да му испраќаат оружје и муниција за да продолжи да се прави силен само за да биде последниот кој ќе умре во последниот ден на украинската Масада.