Која е вистинската вера/религија?

Член од
3 мај 2019
Мислења
19.160
Поени од реакции
10.155
самиот израз„ религија„ означува „релација со Бог„,
Зборот религија потекнува од грчкиот збор RELIGIO, што значи повторно поврзување....но, повеќе се користи како синоним за вера и се дефинира како верба во нешто натприродно, свето, божествено.
Вистинска религија, по мене, ќе биде таа, која што ќе успее да го разбуди внатрешниот потенцијал на љубов кај човекот, да се поврзе со своето битие, со својата суштина и да биде инструмент на таа љубов со позитивни промени во цел свет.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.172
Поени од реакции
12.157
Јас се извинувам.
Има ли можност да ја исправиш грешката?
Поправено е со мојот коментар... сега ќе знаат луѓето дека е од латински, од Рим, каде што се мешаа иницијациите и учењата на светот! :)
Дури и самото христијанство започна во Римската империја - каде инаку? :)
 

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.403
Поени од реакции
4.776
...не знам зошто,но прашањево носи кај мене уште едно прашање во контекст:"Кои сме ние навистина?" :)
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.172
Поени од реакции
12.157
...не знам зошто,но прашањево носи кај мене уште едно прашање во контекст:"Кои сме ние навистина?" :)
Ние? Или кој сум јас навистина? И ова кој сум јас навистина во однос на што? На бесконечното?
Меѓу човештвото, на Земјата, во сончевиот систем?
Кој е референтниот систем по кој ќе одреди некој кој е, што е, каде е, зошто е, како е?

И како може да одговориме за другиот до нас кој е, за да направиме множина? По тоа што тој ќе ни каже или по делата?
Бидејќи по зборови сите сме сешто, но по дела - многу малку од сопствените учења, верувања и религии!
 

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.403
Поени од реакции
4.776
...знаеш точно дека мислам на нас самите исклучени од толпата,нас самите во спрега со космосот(или божественото ако милуваш)
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.930
Поени од реакции
5.071
...не знам зошто,но прашањево носи кај мене уште едно прашање во контекст:"Кои сме ние навистина?" :)
Како што рече еден мој јако ценет проф, дека на Светов нема човек кој не се запрашал:
-„Кој сум јас?„
-„Од каде доаѓам?„
-„Што барам во овој свет?„.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.172
Поени од реакции
12.157
Како што рече еден мој јако ценет проф, дека на Светов нема човек кој не се запрашал:
-„Кој сум јас?„
-„Од каде доаѓам?„
-„Што барам во овој свет?„.
И одговорите на овие прашања водат до ... вистинската религија и ритуали за целото човештво...
Автоматски споено мислење:

...знаеш точно дека мислам на нас самите исклучени од толпата,нас самите во спрега со космосот(или божественото ако милуваш)
Не можеш да се исклучиш од толпата и религиите и верувањата на човештвото, без разлика дали една е вистинска за тебе и начин кон божественото или сите се лажни или во сите си пронашол по нешто за да се оформи твоето верување, надеж, искра за да се биде подобар итн итн...

Која религија е вистинската од сите денес? Која? Во сите се зборува за љубов, за вечност, за надеж, за куп примери како слабиот го победува силниот, како надежта мора да опстои итн итн, како искушенијата мора да се поминуваат, како боговите казнуваат или заплашуваат, се зборува за богови во кои мора да се верува (не го разбирам тој концепт да се мора нешто во однос на боговите) - што е оправдување на многумина да се дрзнат да осудуваат преку својот ум за патот што го оди другиот... апсолутно непознат за нив самите...

Постои ли религија денес да е вистинска и ако постои, зошто сеуште постојат „лажните“ религии и верувања? И дали постојат тајни религии, учења и ритуали кои се кријат зад овие религии со своите секти се познати на човештвото во глобала, па овие што се јавни достапни религии преку крштевки и заедничко прославување на животот и смртта - да се само филтер за одредени луѓе, мажи и жени да пристапат кон вистинското учење за човештвото Vs божественото?

Мора човек да се бори со тие „чудовишта“ кои се наметнуваат постојано насекаде... на било кој начин мора да се бори човекот, својствен за самиот човек. :)
 
Последно уредено:

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
...религијата е чувство а не поим,безусловна љубов а не калкулација
Не е ниту чуство.Во она повторно поврзување нема ништо со кое човек би направил споредба со чуствува или со било која емоција.Чуство на без чуство...празнина,а таму нема ништо!
За таа состојба зборувале повеќето ,но со зборови тешко дека може да се објасни.

Зен..
за опишување на Наглото просветление
често користат метафора - на бурето му отпадна дното. Кога тоа
ќе се случи, целата содржина одеднаш исчезнува.

Кога сме будни, светот на сонот речиси и да го нема, а кога сонуваме, не постои светот на сетилата. Значи, ниеден не е вистински. "" Но, што е тогаш навистина реално? ", прашал кралот. "Постои состојба која е од другата страна на овие два света! Откриј ја. Тоа е единствената реалност".

Суфизам..

Кога душата легнува во таа трева, светот е преполн за говор.
Мислите, јазикот, дури и оној израз заемно, губат смисла.

Го прашав зачетокот зошто останува
склопчен во мракот со затворени очи.
Чуј му го одговорот.
Нема „друг свет.“
Го знам само она што сум го искусил.
Тебе мора да ти се причинува.

Ако човек со сите свој чуства и емоции има одраз во огледало..во духовна смисла.
images.jpg

Религија или она повторно поврзување е без одраз во огледалото.

Има доста споредби да не ширам , но тоа е тоа!
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.172
Поени од реакции
12.157
...религијата е чувство а не поим,безусловна љубов а не калкулација
Не ми изгледа така со религиите што ги имаме тука... Освен за оние кои се дел од тие религии.
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.930
Поени од реакции
5.071
И одговорите на овие прашања водат до ... вистинската религија и ритуали за целото човештво...
...водат во:
- трагање по вистината,
- средба со Вистината,
- увид во својата огревовеност,
- покајание/преумување/метаноја,
- откажување од Светов,
- врвење по Бога,
- на пат кон Царството Небесно.
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.172
Поени од реакции
12.157
...водат во:
- трагање по вистината,
- средба со Вистината,
- увид во својата огревовеност,
- покајание/преумување/метаноја,
- откажување од Светов,
- врвење по Бога,
- на пат кон Царството Небесно.
Тогаш сите религии во светот и нивните секти водат кон трагање по вистината!

Огревовеност има во христијанството. Оној што не е христијанин го нема тоа „огревовеност“. Во многу учења го нема еврејскиот концепт на првобитен наследен грев од своите родители.

Покајание доаѓа од ова претходното, христијански концепт.
Откажување од светот дали значи носење живот во светот, деца? И какво е тоа откажување од светот кај еден просечен верник христијанин што не е христијански монах?

Врвење по бога е општо, кој бог? Кој концепт на божественост е вистинскиот? За христијаните Исус Христос, концептот на тројност, кај евреите еден бог, без синови и ќерки, исто како и кај исламот, Аллах...?

Царството небесно ако е „ пат навнатре“ го има во многу религии и учења... посебно истокот.
 
Последно уредено:
Член од
15 март 2022
Мислења
12
Поени од реакции
15
И одговорите на овие прашања водат до ... вистинската религија и ритуали за целото човештво...
Автоматски споено мислење:


Не можеш да се исклучиш од толпата и религиите и верувањата на човештвото, без разлика дали една е вистинска за тебе и начин кон божественото или сите се лажни или во сите си пронашол по нешто за да се оформи твоето верување, надеж, искра за да се биде подобар итн итн...

Која религија е вистинската од сите денес? Која? Во сите се зборува за љубов, за вечност, за надеж, за куп примери како слабиот го победува силниот, како надежта мора да опстои итн итн, како искушенијата мора да се поминуваат, како боговите казнуваат или заплашуваат, се зборува за богови во кои мора да се верува (не го разбирам тој концепт да се мора нешто во однос на боговите) - што е оправдување на многумина да се дрзнат да осудуваат преку својот ум за патот што го оди другиот... апсолутно непознат за нив самите...

Постои ли религија денес да е вистинска и ако постои, зошто сеуште постојат „лажните“ религии и верувања? И дали постојат тајни религии, учења и ритуали кои се кријат зад овие религии со своите секти се познати на човештвото во глобала, па овие што се јавни достапни религии преку крштевки и заедничко прославување на животот и смртта - да се само филтер за одредени луѓе, мажи и жени да пристапат кон вистинското учење за човештвото Vs божественото?

Мора човек да се бори со тие „чудовишта“ кои се наметнуваат постојано насекаде... на било кој начин мора да се бори човекот, својствен за самиот човек. :)

(Бесплатен примерок) Со помош на оваа споредба, во книгава безусловно се докажува дека христијанството и исламот се две потполно различни религии и дека христијаните и муслиманите не се молат на еден и ист Бог. Суштината, содржината и целта ја има во оваа книга книга.
 

Attachments

Последно уредено од модератор:

Kajgana Shop

На врв Bottom