Финастерид

  • Креатор на темата Креатор на темата k1k0sK
  • Време на започнување Време на започнување
од стероиди може и цицки да порастат, не само коса :cool:
 
Кај може да се најде финастерид во Скопјево?Прашав во Зегин збунети беа како никогаш да не слушнале за лекот.
Пиј saw palmetto ако ти е за коса , докажано и со бенефити за простата плус и немаш гајле
 
Џабе. Ако агресивно губи коса мора лек за да го спречи процесот со или без трансплантација.
Точно, и после трансплантација ги препишуваат Минокс + Финастерид

Пиј saw palmetto ако ти е за коса , докажано и со бенефити за простата плус и немаш гајле
Ова е мачкина кашлица.
 
НАЈДОВ еве месец дена пијам и по 10 пати дневно се сликам да видам колку расте
 
Дур даваш пари за препаративе за опаѓање коса, собери си 1500 евра полека и посети ја Турција на некој ден.
Читам најевтино било таму за пресадување коса.
и да направи трансплантација, секако пак ке треба да користи финастерид и миноксидил за да не си ги изгуби нативните влакна.
 
Финастеридот немаше лоши ефекти кон либидото/плодноста?
 
зголемен ризик за рак на простата, и либидото доста страда. Според производителот само 2% од корисниците пријавиле нус појави.
 
Ме интересира дали ќе имаш re-growth на влакна.
Иам мали нови влакна уште сега на предниот дел од скалпот ама минијатурни се ако не зумирам на слика не се гледаат воопшто,не се ни милиметар долги.
Иначе и миноксидил 5% во комбинација, тој 2 месеци го користам.И дермароллер планирам месецов да зеам гледам многу го користат на Реддит.
 
Attachments

  • 20220309_141144.jpg
    20220309_141144.jpg
    586,5 KB · Прегледи: 35
Финастеридот немаше лоши ефекти кон либидото/плодноста?
зголемен ризик за рак на простата, и либидото доста страда. Според производителот само 2% од корисниците пријавиле нус појави.

Ова се само "fake rumors". Финастеридот досега има 0 пријавени проблеми во врска со плодноста, многу доктори имаат одговорено дека нема никакви несакани дејствиа со плодноста.
Во врска со рак на простата, баш во спротива - финастеридот го намалува ризикот за рак на простата - тоа му е и главната намена.

Ме интересира дали ќе имаш re-growth на влакна.

Еве јас од мое лично искуство ќе кажам - имам одлични резултати, ми се врати 50-70% од косата што ја имав изгубено.

На форумот освен лични искуства од членови и нивните резултати друго ни не барајте, за тоа како функционира финастеридот најдобро прочитајте од некои легитимни статии кои што објаснуваат точно што и како функционира како и кои се можните несакани дејствија. Вака од различни членови различни мислења добиваш, и многу пишаа погрешно(слушнале - не дослушнале).

Инаку @k1k0sK јас во која и аптека да имам отидено сегде имаа на залиха и сите знаеа што е, и да не знаеа претходно дека се користи за против опаѓање, веднаш сватија бидејќи знаат дека зголемениот DHT резултира кон androgenic alopecia.
 
На кој месец примети драстична разлика,знам кај сите е различно ама чисто ме интересира.Само фин користиш?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom