Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    731
Член од
17 август 2009
Мислења
3.678
Поени од реакции
5.305
Како следни санкции против Русија, пошто ги потрошија више против нив, ќе биле санкции на сите странски компании што ќе соработувале со Русија. Претежно се кинески... па да видиме како ќе испадне со тоа. Дали ќе се повлечат од соработката кинезите.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.316
Како нови мерки, владата на рсм предлага буквите Z, O и V да бидат забранети
Зошто О ?
Јас мислам и R да се забрани и сите држави што се викаат на Р да ја сменат првата буква.
 

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.880
Поени од реакции
12.986
Имаше хехенца тука од членови кога се тврдеше за постоење на овие лабаратории. Интересно местоположбата им е претежно во Западна Украина.
Абе све тоа на фабрички ресет треба да се врати.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.837
Поени од реакции
36.874
Оваа ноќ нема краj. Сагата со авионите исто.
Според последните податоци, Полјаците се договориле да ги дадет своите руски авиони против американскиве.

Прегледај го приврзокот 324485

Во моментов се водат преговори со Бугарија и Словачка
Не ги разбирам какви камикази се земји како Полска, Словачка и Бугарија. Јасно ти е дека ако им го затворат гасот и нафтата тие економии ќе бидат закопани 10 метри под земја? Ова што се случува во Русија ќе биде смешка за тоа што ќе ги снајде нив. Не е ова Мекдоналдс и Нетфликс. Ќе нема енергенси. Ќе ги вратат во среден век.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.316
Споро, особено дека против ја имаат Украина, на кои во екот на војната им стигнува оружје и обуки за нивна употреба.

Уште не влегоа во Харкив, на граница им е, не мораат ни да преминат граница за да стрелаат ракети.

Во освоените делови има највеќе руси и проруси.
Дарди остај ти Харков, Киев... како спиеш ?
 
Член од
1 јули 2012
Мислења
2.384
Поени од реакции
7.017
Ова со биолошките лаборатории му дојде како кец на десетка за на меѓународна сцена а посебно за оправдание за војната дома.
Ова може да значи и дека не се баш токлку смртни непријатели САД и Русија. Може да значи дека целава војна ја имаат договорено.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.837
Поени од реакции
36.874
Споро, особено дека против ја имаат Украина, на кои во екот на војната им стигнува оружје и обуки за нивна употреба.

Уште не влегоа во Харкив, на граница им е, не мораат ни да преминат граница за да стрелаат ракети.

Во освоените делови има највеќе руси и проруси.
Ако падне Харков за два дена ќе бидат кај Днипро. Не е работата колку е блиску до граница, туку какво стратешко место е и колку војска ќе им разбијат таму.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.316
Не ги разбирам какви камикази се земји како Полска, Словачка и Бугарија. Јасно ти е дека ако им го затворат гасот и нафтата тие економии ќе бидат закопани 10 метри под земја? Ова што се случува во Русија ќе биде смешка за тоа што ќе ги снајде нив. Не е ова Мекдоналдс и Нетфликс. Ќе нема енергенси. Ќе ги вратат во среден век.
Кој? Бугарија? Имаат пронајдено гас они кај Стара Загора, немаат гајле.
Автоматски споено мислење:

Ова може да значи и дека не се баш токлку смртни непријатели САД и Русија. Може да значи дека целава војна ја имаат договорено.
Па незнам баш. Ако се лабораториите Американски ...
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.441
Поени од реакции
5.163
@Gags , гледам ги следиш овие војни случувања, што би рекле директно до фронтот, дали налета на ваква вест?

„На југ на регионот Харков, до 2 баталион од 93-та самостојна механизирана бригада на вооружените сили на Украина, распоредени од регионот на Днепропетровск, се обидоа да извршат контранапад на позициите на руските трупи. Во конфликтот беа уништени до 250 војници и 18 оклопни возила на вооружените сили на Украина.“

Ако е точна се забрзува денацификацијата и наредниве денови се гледаме во слободен Киев.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.724
Поени од реакции
33.968
JP Morgan им предлага на инвеститорите да купуваат акции во руски фирми со значителни бизнис операции во странство и да ги искористат сегашните ниски цени.
Не сум сигурен, ама мислам дек уште првиот ден направија некој мораториум. Инаку сега е право време за инвестиции таму.... Нека каже некој ако знае подобро.
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.441
Поени од реакции
5.163
Ова може да значи и дека не се баш токлку смртни непријатели САД и Русија. Може да значи дека целава војна ја имаат договорено.
Да се договориле да гинат Руси а да заработат САД!
Како ви паѓаат вакви работи на памет.

@Vanlok , ма тоа е веќе завршена операција, доцниш.
Работата беше доволно да паднат акциите на руските компании каде имаат свои акции БритишПетрол и останати ЕУСА компании и тогаш русите ги купија по ниска цена овие ги истераа а воедно се фалат и дека заработиле над 20 милијарди долари.
Инаку во операцијата многу помогнала Кина, затоа овие преку барата се како поулавени и на сите страни се закануваат.
 
Последно уредено:

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.316
@roden ти реков дека згреши што го покажа писмото јавно… пољаците и тука човек имале. Пак демант. Уплав имаат веќе Пољаците од вакви вести. Гарант на секоја вест пуштаат тревога.

 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.962
Поени од реакции
12.378
Не сум сигурен, ама мислам дек уште првиот ден направија некој мораториум. Инаку сега е право време за инвестиции таму.... Нека каже некој ако знае подобро.
И пиратеријата ја легализираа од пред некој ден.

Да симнуваш пиратерија со амин од државата = диктатура на сајбер пролетаријатот :D

https://off.net.mk/vesti/tehnologija/rusija-najde-zamena-za-celosniot-zapaden-softver-torenti

Русија најде замена за целосниот западен софтвер - торенти

7 март 2022 - 12:31

Што заради санкции, што заради сопствена волја најголемиот дел од западниот софтвер и забавни содржини веќе не се легално достапни во Русија. Легално.



Викендов, ненајавено, ама очекувано, во Русија повторно стана достапен еден од најголемите торент сајтови на светот RuTracker. Сајтот беше забранет од Роскомнадзор по одлука на судот во Москва од 2016 година.

Наводно Роскомнадзор го одблокирал домејнот на Рутракер по одлука на московскиот суд од 2 март. Одлуката, ниту потврда за истата, за сега не може да се добие.

На 3-ти март поранешен пратеник на Думата, а сега заменик-гувернер на Свердловскиот регион, објави предлог за одблокирање на Рутракер, како одговор на санкциите од западните филмски студија и софтверски компании кои решија да престанат да дистрибуираат филмови и софтвер во Русија.

По почетокот на војната Дизни, Ворнер и Сони објавија дека се повлекуваат од рускиот пазар, а Нетфликс неодамна целосно го сопре својот сервис за руска територија и корисници. Пред некој ден Адоуб објави дека нивниот софтвер и сервиси повеќе нема да бидат достапни за рускиот пазар.

Според документ по име „Приоритетен акциски план за осигурување на развој на руската економија во услови на притисок од надворешни санкции“ руските власти разгледуваат мерка која предвидува дека иако софтверската пиратерија и понатаму е казнива, таа е дозволена доколку конкретниот софтвер не е достапен во Русија и нема руска алтернатива за истиот.

Друг дел од овој документ предлага воведување на задолжителен механизам за лиценцирање на компјутерските програми и дата-бази, кои „ќе и го дадат на Владата правото на изум, модел на користење, индустриски дизајн во однос на компјутерски програми, дата-бази и топологија на интегрално коло (микрочипови)“.

Во планот се предвидува и опција за паралелен увоз, односно увоз на производи од други држави без дозвола од производителот или сопственикот на интелектуалната сопственост. Заради потребата од увезување на голем број производи без дозвола, руската влада предвидува укинување на казните за прекршување на ексклузивни права, вклучително авторски права и трговски марки.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom