Не сум сигурен, ама мислам дек уште првиот ден направија некој мораториум. Инаку сега е право време за инвестиции таму.... Нека каже некој ако знае подобро.
И пиратеријата ја легализираа од пред некој ден.
Да симнуваш пиратерија со амин од државата = диктатура на сајбер пролетаријатот
https://off.net.mk/vesti/tehnologija/rusija-najde-zamena-za-celosniot-zapaden-softver-torenti
Русија најде замена за целосниот западен софтвер - торенти
7 март 2022 - 12:31
Што заради санкции, што заради сопствена волја најголемиот дел од западниот софтвер и забавни содржини веќе не се легално достапни во Русија. Легално.
Викендов, ненајавено, ама очекувано, во Русија повторно стана достапен еден од најголемите торент сајтови на светот RuTracker. Сајтот беше забранет од Роскомнадзор по одлука на судот во Москва од 2016 година.
Наводно Роскомнадзор го одблокирал домејнот на Рутракер по одлука на московскиот суд од 2 март.
Одлуката, ниту потврда за истата, за сега не може да се добие.
На 3-ти март поранешен пратеник на Думата, а сега заменик-гувернер на Свердловскиот регион, објави предлог за одблокирање на Рутракер, како одговор на санкциите од западните филмски студија и софтверски компании кои решија да престанат да дистрибуираат филмови и софтвер во Русија.
По почетокот на војната Дизни, Ворнер и Сони објавија дека се повлекуваат од рускиот пазар, а Нетфликс неодамна целосно го сопре својот сервис за руска територија и корисници. Пред некој ден Адоуб објави дека нивниот софтвер и сервиси повеќе нема да бидат достапни за рускиот пазар.
Според документ по име „Приоритетен
акциски план за осигурување на развој на руската економија во услови на притисок од надворешни санкции“ руските власти разгледуваат мерка која предвидува дека иако софтверската пиратерија и понатаму е казнива, таа е дозволена доколку конкретниот софтвер не е достапен во Русија и нема руска алтернатива за истиот.
Друг дел од овој документ предлага воведување на задолжителен механизам за лиценцирање на компјутерските програми и дата-бази, кои „ќе и го дадат на Владата правото на изум, модел на користење, индустриски дизајн во однос на компјутерски програми, дата-бази и топологија на интегрално коло (микрочипови)“.
Во планот се предвидува и опција за паралелен увоз, односно увоз на производи од други држави без дозвола од производителот или сопственикот на интелектуалната сопственост. Заради потребата од увезување на голем број производи без дозвола, руската влада предвидува укинување на казните за прекршување на ексклузивни права, вклучително авторски права и трговски марки.