Интересно е тоа како се занемарува воената реторика на Европа, посебно на ЕУ последниве 15 години кон Русија, дури во два наврати бараа ЕУ да има своја армија (што ќе се трансформира од економска и политичка унија кон една класична федерација со сопствени органи, валута, територија, војска, знаме, па и со Уставот бараат и химна!) за војна со Русија!
Русија беше смирена и при агресијата на Турција, каде нивни генерали изјавуваа дека можат да ја победат Русија за неколку недели! Им беа урнати два воени авиони, на што русите отворија оган кон воен конвој.
Русија беше смирена и при инвазијата на Либија и Сирија. Русија беше и смирена кога администрацијата на Трамп запопна со укинување на договорите потпишани меѓу Горбачов и Реган, како оној за намалување на нуклеарните капацитети, а тие договори ставија крај на Студената војна.
Џо се покажа како слаб и патетичен претседател. Пораз по пораз. Џабе се сили кога е обичен серко. Овој пат на Русите ќе им остави воена опрема вредна неколку милијарди долари.
Знам дека се крши меѓународното право, САД се шампиони во истото, ама ова е единствениот начин да се стави крај на војната. Украина немаше јасни намери да стави крај на граѓанската војна која беснее веќе 8+ години. Доста умираше цивилно население.
Нашиот режим молчеше 8 години кога се бомбардираше Доњецк и кога се убиваа цивили. Примирје по примирје беше прекршувано од страна на режимот на Порошенко. Денес амбасадорот на Руската федерација бил повикан во МНР затоа што изјавија дека се евидентирала русофилијата! Добро, и? Зошто за тоа да му се даде протестна нота.
Овој наш режим и еба матер на нашата држава, како на меѓународен, така и на внатрешен план. Една од највисоките стапки по смртност, по глава на жител, во светот, инфлацијата е скоро 8%, тонеме на сите листи од слобода на медиумите до корупција во судството, реформските зафати наречени "Мила Царовска" ни го доруинира образованието и без референдум ја пикнаа Македонија во нато!
За нафтените деривати, државата наплатува акциза, да сака истата може да ја намали и барем одреден период да зема нешто помал дел од колачот. Очигледно тоа не е опција.
Така баравте, сега уживајте во шоуто. Стандардот е во раст и ќе продолжи да расне. Платите нема да можат да држат чекор затоа што ова е неповолна економска слика за пласирање на капиталот (берзата е во пад), а и многу компании работеа на самиот раб поради Ковид пандемијата. Цели индустриски гранки само што не пропаднаа, како шивачката и градежната индустрија, иако двората е нешто пофлексибилна.
Ќе започнат да се поставуваат и прашања за стабилноста на денарот. Од 2005 содносот денар-евро е 60(-63)-1! Со српскиот динар, руската рубља и бугарскиот лев приказната е/беше многу поразлична!
Мислам дека ќе седнат на преговори и Украинците ќе прифатат демилитаризација, умирање на сонот за влез во нато и федеративно државно уредување. Можеби ќе платат, со теротирија, и воена отштета. Во спротивно ќе станат најновата членка на Руската федерација. Русите веќе ги отекоа од Црното море, Киев ќе падне за некој ден и неколку градови се под класична опсада. Прашање на време е кога ќе капитулираат.