Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    732

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Kano, naivno e da mislis deka Putin crvenoto dugme go nosi so nego vdzep pa koga saka samo stega i otidoa tie gradovi sto gi spomna. Ako i tie okolu nego se ludi i ne im se zivee, mozebi taka ke dojde. Ama ne deka avtomatski scenarioto koe go opisa ke se desi. A NATO tesko da rizikuva voena intervencija ova e maksimumot sto moze da go pravat im pomagaat na Ukraincite i sankciite. Sledno e zabrana da se kupi ruska nafta i gas. Ke ima cenovni sokovi, pored procenki od zapad mozat nekoe vreme da preziveat i da ne tece gas. E sega prasanje e koj prvo ke kolabira vo taa situacija. Ne bi daval prognozi. A deka Rusija voeno ke pobedi e mnogu verovatno vo najmala raka mozat sve da srusat. Aj toa, a posle? Kakov i Ruskiot plan vo takvo scenario? Kako ke drzi kontrola vo tolkava zemja i dosta golem narod? Inace da, site gubat sekako i Rusija da pobedi voeno ke ima ogromni zagubi, material, pari, zivoti.
Сериозно мислиш дека и двете страни влегуваат во оваа игра без да гледаат 5 чекори напред?
Ете неколку страни претходно имаше инфо дека фактички со падот на цената на голем дел од Руските компании, на берза си ги откупија Руси пошто зошто од западњаците. Утре ако се потпише мировен договор, ти гарантирам дека цените на тие компании ќе летаат 30-40% нагоре и луѓе ќе направат милиони преку ноќ.
Во целата оваа игра губитници се: народот на Украина, дел од народот на Русија, распад систем земји како нашата, сите Еврпски земји поради турбуленциите во цената на гасот/нафтата/транспортот/суровини и се што се увозува од ваму, компаниите кои избегаа од Русија.
На крај од денот исто како и во САД, и во Русија (па и во сите земји во светот), политиката се прилагодува и води само за минијатурен процент на тајкуни кои ги поседуваат земјите, а со тоа ги имаат и политичарите во џеб.
 

SkimSkam

Full Stack Говнар
Член од
26 август 2021
Мислења
2.119
Поени од реакции
5.671
Европа неможе без Русија, Русија неможе без Европа. Америка неможе без Кина и Кина неможе без Америка. Незнам како не разбира некој дека ова се све испреплетени црева и дека ова сега што се случува врз животите на руските војници и украинско цивилно население е прераспределба на бизнисите и гарантирање слобода на поединци. Америте и пријателите изгинаа едно чудо на блиски исток земајќи во предвид дека претходно тепсија направија, а да не зборам за цивилно население тамо за да добијат одредена група на ратни профитери мрсни бизниси а авериџ џо го испуши. Истото и сега се случува, ќе надрљаат руски војници и украинско население за да се фатат бољи бизнис позиции од кои ќар ќе има само одредена група на луѓе.
 
Член од
6 февруари 2022
Мислења
977
Поени од реакции
3.802

Ме изненадува одлучноста и храброста на украјинците.
Два ОТ уништени од молотови коктели, кај првиот има барем 25-30 флаши, а кај вториот 15-20. Треба сериозна храбост да улеташ пред ОТ или било кое оклопно возило и од неколку метра да го погодиш притоа ризикувајќи куршум од 14,5мм да те преполови буквално (имаше сведочења за тоа како неколку шкиптари биле преполовени буквално на пола од таква муниција од БТР-ите на АРМ 2001), настрана што низ пушкарниците отстрани сите војници во ОТ можат да дејствуваат цело време.

Путин очигледно некој го излагал дека украјинците не постојат па следствено на тоа ќе положат оружје во првите 72 саати дочекувајќи ги ослободителите со цвеќиња.
Интересно, значи според русите, ова е војна меѓу свесни руси и руси со амнезија, значи граѓанска војна во која оние со амнезија дека се уствари руси да ти биле и нацисти притоа, што значи дека сите тие азовци, сектори се = руси?! :angel:

И не само тоа.
Аналогиите сами се наметнуваат.
За србите, македонците се срби со амнезија, па дури имаше планови да се окупира РМ во 1992, со евентуален инцидент при повлекувањето на ЈНА што би било casus beli. Шешељ изјавуваше дека ако му даделе една едина дивизија ќе ја освоел РМ за 24 часа.

Грците пак тотално го негираат постоењето на македонска нација па дури удрија и ембарго 92-96.

Бугарите беа ок поголем дел од времето, но денес гледаме како упорно ја кочат можноста за влез на РМ во ЕУ (како што Русија прави со Украјина) и тие го негираат постоењето на македонска нација (исто како Русија со украјинците) со муабети дека мак.нација била измислица на Тито и коминтерната (исто како Русите за Украјинците).

Имавме и србијански негирања на хрвати (покатоличени срби) и на босанците (исламизирани срби) и знаеме како тоа заврши, иста тактика како руската со стварање САО квази-држави и потоа роварење за планот на Велика Србија. Едина разлика што Милошевиќ ги предаде тие творевини 95 кога не прати единици на СРЈ да ги бранат САО туку ги остави да бидат збришани во Олуја и Блијесак,
Каква беда, Петар Богоевски ти ли си?
 
Член од
15 јуни 2013
Мислења
1.776
Поени од реакции
2.754
Европа неможе без Русија, Русија неможе без Европа. Америка неможе без Кина и Кина неможе без Америка. Незнам како не разбира некој дека ова се све испреплетени црева и дека ова сега што се случува врз животите на руските војници и украинско цивилно население е прераспределба на бизнисите и гарантирање слобода на поединци. Америте и пријателите изгинаа едно чудо на блиски исток земајќи во предвид дека претходно тепсија направија, а да не зборам за цивилно население тамо за да добијат одредена група на ратни профитери мрсни бизниси а авериџ џо го испуши. Истото и сега се случува, ќе надрљаат руски војници и украинско население за да се фатат бољи бизнис позиции од кои ќар ќе има само одредена група на луѓе.
имаш знаја
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.441
Поени од реакции
5.163
Уште во 2014 год многумина пишуваа дека имаме исклучителна можност да присуствуваме на раѓањето на нов мултиполарен свет. Исто така се пишуваше и дека случувањата во Македонија се со цел на затварање на јужното крило на ОТАН, денес Македонија не влезе во НАТО, затоа НАТО влезе во Македонија со што таа престана да постои како суверена држава и стана вазал, квислиншките групации се зацврстија и сите веруваат дека така требало да биде.

Имам едно прашање, ако сака некој да одговори:
Што мислите дали САД+ЕУ ќе се откажат од својот статус без голем огномет?

Еве го и мојот одговор на истото: Се повеќе стравувам и сум убеден дека САД+ЕУ нема да се откажат од својот статус на глобален хегемон без голем огномет.
 
Член од
1 јули 2012
Мислења
2.384
Поени од реакции
7.017

Ме изненадува одлучноста и храброста на украјинците.
Два ОТ уништени од молотови коктели, кај првиот има барем 25-30 флаши, а кај вториот 15-20. Треба сериозна храбост да улеташ пред ОТ или било кое оклопно возило и од неколку метра да го погодиш притоа ризикувајќи куршум од 14,5мм да те преполови буквално (имаше сведочења за тоа како неколку шкиптари биле преполовени буквално на пола од таква муниција од БТР-ите на АРМ 2001), настрана што низ пушкарниците отстрани сите војници во ОТ можат да дејствуваат цело време.

Путин очигледно некој го излагал дека украјинците не постојат па следствено на тоа ќе положат оружје во првите 72 саати дочекувајќи ги ослободителите со цвеќиња.
Интересно, значи според русите, ова е војна меѓу свесни руси и руси со амнезија, значи граѓанска војна во која оние со амнезија дека се уствари руси да ти биле и нацисти притоа, што значи дека сите тие азовци, сектори се = руси?! :angel:

И не само тоа.
Аналогиите сами се наметнуваат.
За србите, македонците се срби со амнезија, па дури имаше планови да се окупира РМ во 1992, со евентуален инцидент при повлекувањето на ЈНА што би било casus beli. Шешељ изјавуваше дека ако му даделе една едина дивизија ќе ја освоел РМ за 24 часа.

Грците пак тотално го негираат постоењето на македонска нација па дури удрија и ембарго 92-96.

Бугарите беа ок поголем дел од времето, но денес гледаме како упорно ја кочат можноста за влез на РМ во ЕУ (како што Русија прави со Украјина) и тие го негираат постоењето на македонска нација (исто како Русија со украјинците) со муабети дека мак.нација била измислица на Тито и коминтерната (исто како Русите за Украјинците).

Имавме и србијански негирања на хрвати (покатоличени срби) и на босанците (исламизирани срби) и знаеме како тоа заврши, иста тактика како руската со стварање САО квази-држави и потоа роварење за планот на Велика Србија. Едина разлика што Милошевиќ ги предаде тие творевини 95 кога не прати единици на СРЈ да ги бранат САО туку ги остави да бидат збришани во Олуја и Блијесак,
Видеото го имаше уште првите денови. Видеото е чиста пропаганда и е фејк. Ова е од 2014-та и протестите тогаш.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.988
Поени од реакции
6.474
Кој попрв се снајде победува во енергетската војна, а можеби и во ладната војна. Сега за сега само од шпекулации Европа е зашаметена.
Автоматски споено мислење:


Кога ќе сватиш дека Европа не ја боли стапот за Украина и за народот таму, може и ќе престанеш со хистеријата :)

Како за илустрација, Путин се пази со петни жили да има што е можно помалце цивилни жртви, Европа праќа наоружање и инструкции како да се борат и цивилите до последен Украинец, и тоа во војна за која Америка вика дека е веќе изгубена. Па сега ти види кој ги сака повеќе Украинците Путин или ЕУ. Што е најтажно на крајот Украинците ќе го увидат ова. Сега се уште во шок и во Еуфорија, зошто најверојатно мислат дека ја победуваат војната. Ама кога ќе се освестат што ги снашло, нема да им биде баш сеедно... А тоа тапкање по рамо ќе го разберат како носење на јагне во кланица.

Украина нема да ја добие оваа војна па макар и да има милион Руски жртви.
Автоматски споено мислење:

За да сватиме дека кога збориме за модерна Украина всушност станува збор за општество заглибено длабоко во нацизам збори овој документарец.

Воведот на документарецот:

Petro Poroshenko:

We will have work, not them.
We will have pensions and they will not.
We will have benefits for pensioners and children, they will not.
Our children will go to school and kindergardem, their children will stay in cellars!
Because they can't do anything.
And that's how, precisely that, we will win this war.



Anne-Laure Bonnel:

December 2014, I discover Ukranian President Petro Poroshenko speech about the population in eastern Ukraine. I leave Paris on 15 January 2015 to meet the inhabitants on Donbas and hear what they have to say.

Погледнете го филмот, да дознаете за кого ние станавме легитмна воена цел.
Автоматски споено мислење:



Овој пост ти е многу добар пример на релативизирање на нацистички злосторства за коишто и покрај тоа што има безброј документирани од западни извори, за кои несомнено си свесен. Значи не е дека не знаеш, ова си ти, изваден на површина, излезен од плакар. Еден ден претходно се правеше наудрен како ништо не си знаел, за да следниот демек се образова и дојде со хард кор „аргументација“ тогално обликувана да релативизира масакр на еден народ. Па дури и кажа дека си бил у Украина и не си видел ништо такво (а претходниот ден „појма немам“ mode).

Притоа служејќи се најподло со нашиот навидум најголем проблем што го имаме, а тоа е со Албанците, како дежурно плашило, кажувајќи: „Колку сличности има руската пропаганда со шкиптарскта е интересно.“. Тоа кажува дека наративот не само што не е случаен, туку е и правилно одбран да удира во национализмот како горка страница од нашата понова историја. А тоа е наративот на политичарите и на агитпроповците. Незнам дали го правиш ова за пари или чисто за злоба, но ти си непријател на овој народ и како таков треба да бидеш обележен, за сите да те знаат.
@puno @Dardan-ia Да си знаете само дека за ваквите обработувавте. На ваквите сте им бесни кучиња, а кога ќе дојде времето истите овие ќе ве фрлат во оган, како што гледате...

И нормално Хлодоморот, нешто што се случило 70 години во држава која и не ја воделе Руси во најголемиот дел од нејзиното постоење, што е монструозна самата по себе не само за Украинците, туку за сите што живееле во таа држава, а највеќе за Русите. И тоа го кажуваш како изговор.
Клеветењето на цел еден народ дека е нацистички е во најмала рака малоумно.
Знам дека навијаш за Русија како да е ова фудбал и ги пренесуваш срањата на руската пропаганда.
Имав другр и знам во 2003 кога САД нападна, упорно веруваше дека Садам имал оружје за масовно уништување и бил спремен да го употреби за да побие милиони западњаци. Не знам како гледа на ситуацијата од денешна гледна точка но тогаш беше како папагал на Си-ен-ен. Така и ти.

Украјина даде милиони жртви и изнедри илјадници борци Херои на СССР за време на војната. Да се сере по нивните жртви за конечната победа над фашизмот со тврдење дека украјинец=нацист е срамно и бедно.
Треба да престанете да навредувате цела една нација. Ако ни е до ефтина руска пропаганда ќе пуштиме РТ или Спутник, нема потреба за повторување на истата на форум.

Холодоморот имал и тоа како етничка димензија иако таа била второстепена. Тоа што умирале луѓе во сите републики е факт, но факт е дека Украјина беше едина која имаше независна држава во две години пред да биде окупирана од СССР некаде 1919. Никој не знае за Нестор Махно кој водеше борба вс. бољшевиците до 1922. И не само тоа туку и редовни побуни и востанија во Украјина биле доволни за да украјинските селани бидат најжестоко казнувани.
Точно е дека гладот немал исклучиво етничка димензија, како оној во Ирска кога умреле 1,1 милион луѓе а 2 милиони емигрирале, но русите со своите постапки само ја влошувале ситуацијата во Украјина. Ниту британците ниту русите тргнале со мисла за геноцид, но нивните постапки и тоа како допринеле за тоа.

Русификацијата на украинскиот народ (како бугаризацијата на мак.народ и србизацијата во минато време) е факт од минатото.

Во Русија има повеќе нео-нацисти него во Украјина.
Русите во WW2 имале далеку повеќе колаборационисти со нацистите него што имале украјинците.
СССР беше првите две години од војната верен сојузник на Третиот Рајх при што нападна и окупира 7 независни и суверени држави.

Денес пак, повторно таа пропаганда за угнетеност. Како бре тоа, исто како србијанците, секаде кутрите руси ги угнетуваат (во тој поглед потсеќаат и на шкиптарана која е вечно угнетена), де во Украјина, де во Грузија, де во Молдавија, де во Латвија, де во (наведи земја). Но има една константа а тоа е одбивањето на русите да го учат јазикот на земјата во која живеат, неприфаќање на домицилната култура и постепено стварање на сецесионистички групи, пошто не сакаат да бидат граѓани на друга земја.
Исто како шкиптарите кои не сакаат да учат македонски денешно време.
 
Член од
1 март 2022
Мислења
361
Поени од реакции
936
Исто така се пишуваше и дека случувањата во Македонија се со цел на затварање на јужното крило на ОТАН, денес Македонија не влезе во НАТО, затоа НАТО влезе во Македонија со што таа престана да постои како суверена држава и стана вазал, квислиншките групации се зацврстија и сите веруваат дека така требало да биде.
Инаку пред тоа имавме независна надворешна политика.
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.441
Поени од реакции
5.163
Инаку пред тоа имавме независна надворешна политика.
А каква имавме?
Многу идеализираш, на рамнава плоча само десетина земји имаат целосна сувереност, но да повторам го промашуеш фудбалот.
 
Член од
16 декември 2009
Мислења
1.323
Поени од реакции
1.162
Многу добро е запознаен со тие факти, но бидејќи не му одат во прилог истите ги минимализира или ги заобиколува.
Автоматски споено мислење:


Имаш дедо што преживеал сремски фронт! Колку години има?
Автоматски споено мислење:


Зарем мислиш дека Германија, Франција и Британија не учествуваат во оваа агресија врз Русија?
И кои се тоа “главни терористи“ ако не се овие 4 земји?
Главниот терорист е позади Атлантикот а овие држави што ги напомна се само иизвршители на работите и не се субјекти во маународната политика.
Тие немаат свој мозок (свој субјективитет) и не одат по логика на сопствени интереси.Тие заликуват на нашиов политички режим нели?
 
Член од
30 август 2021
Мислења
1.243
Поени од реакции
2.629
Кој попрв се снајде победува во енергетската војна, а можеби и во ладната војна. Сега за сега само од шпекулации Европа е зашаметена.
Автоматски споено мислење:


Кога ќе сватиш дека Европа не ја боли стапот за Украина и за народот таму, може и ќе престанеш со хистеријата :)

Како за илустрација, Путин се пази со петни жили да има што е можно помалце цивилни жртви, Европа праќа наоружање и инструкции како да се борат и цивилите до последен Украинец, и тоа во војна за која Америка вика дека е веќе изгубена. Па сега ти види кој ги сака повеќе Украинците Путин или ЕУ. Што е најтажно на крајот Украинците ќе го увидат ова. Сега се уште во шок и во Еуфорија, зошто најверојатно мислат дека ја победуваат војната. Ама кога ќе се освестат што ги снашло, нема да им биде баш сеедно... А тоа тапкање по рамо ќе го разберат како носење на јагне во кланица.

Украина нема да ја добие оваа војна па макар и да има милион Руски жртви.
Автоматски споено мислење:

За да сватиме дека кога збориме за модерна Украина всушност станува збор за општество заглибено длабоко во нацизам збори овој документарец.

Воведот на документарецот:

Petro Poroshenko:

We will have work, not them.
We will have pensions and they will not.
We will have benefits for pensioners and children, they will not.
Our children will go to school and kindergardem, their children will stay in cellars!
Because they can't do anything.
And that's how, precisely that, we will win this war.



Anne-Laure Bonnel:

December 2014, I discover Ukranian President Petro Poroshenko speech about the population in eastern Ukraine. I leave Paris on 15 January 2015 to meet the inhabitants on Donbas and hear what they have to say.

Погледнете го филмот, да дознаете за кого ние станавме легитмна воена цел.
Автоматски споено мислење:



Овој пост ти е многу добар пример на релативизирање на нацистички злосторства за коишто и покрај тоа што има безброј документирани од западни извори, за кои несомнено си свесен. Значи не е дека не знаеш, ова си ти, изваден на површина, излезен од плакар. Еден ден претходно се правеше наудрен како ништо не си знаел, за да следниот демек се образова и дојде со хард кор „аргументација“ тогално обликувана да релативизира масакр на еден народ. Па дури и кажа дека си бил у Украина и не си видел ништо такво (а претходниот ден „појма немам“ mode).

Притоа служејќи се најподло со нашиот навидум најголем проблем што го имаме, а тоа е со Албанците, како дежурно плашило, кажувајќи: „Колку сличности има руската пропаганда со шкиптарскта е интересно.“. Тоа кажува дека наративот не само што не е случаен, туку е и правилно одбран да удира во национализмот како горка страница од нашата понова историја. А тоа е наративот на политичарите и на агитпроповците. Незнам дали го правиш ова за пари или чисто за злоба, но ти си непријател на овој народ и како таков треба да бидеш обележен, за сите да те знаат.
@puno @Dardan-ia Да си знаете само дека за ваквите обработувавте. На ваквите сте им бесни кучиња, а кога ќе дојде времето истите овие ќе ве фрлат во оган, како што гледате...

И нормално Хлодоморот, нешто што се случило 70 години во држава која и не ја воделе Руси во најголемиот дел од нејзиното постоење, што е монструозна самата по себе не само за Украинците, туку за сите што живееле во таа држава, а највеќе за Русите. И тоа го кажуваш како изговор.
Џабе ти е скренување внимание на се што таму се случува од 2014, колку луѓе изгинале и зошто, сите веќе знаат за азов но гајле им е пошто на крај на ден ова е војна против глобализмот и либерализмот за кој знаат дека у позадина умирале и ќе умираат " небитни " луѓе како пример овие у Јемен, Палестина, Ирак, Сирија и тако даље. Гајле им е и за Украинските бебиња, еве овој горилаз ти кажа, почна со " абе луѓе бебиња умираат " за да заврши со " абе луѓе свесни сте шо криза ни иде ". Тоа е, Русија ни го наруши комфортот сега и не стави во сериозна морална дилема, поедноставно ќе беше да не преземе Русија ништо, да ги остават украинците да ги збришат тие руси таму,и така до сега не го гледаа тоа, далеку од очи далеку од срце, но битно бензинот, струјата и храната немаше да поскапат многу. Проблем кај Путин гледам у тоа кој би го наследил, осеќам сценарио попут Југославија и Тито, потенцијал за проблем има цело време но док другар Тито бил жив знаел да го некако балансира и менаџира, чим умре лесно го расклатија тој нежен баланс и од браќа се закрвавиме сите а тоа е лесно кога ќе секнат парите. Кинези мислам дека го решаваат можеби попаметно, не зависи од мудроста интелигенцијата на еден човек и неговата способност да игра добар шах туку со систем, технократија и одржуваш хајв мајнд со кој верувал или не грото кинези се кул и си фураат куча посо и навечер гледаат Кинески филмови со змејови ово оно. Но сите сме у хајв мајнд, западот те држи со либералните идеи, ти удира на себичноста, индивидуализмот и комфортот и го гледаме на дело колку е лесно да цензурираат сами цела една нација а доволно е само да им кажеш Раша бееед. Хајв мајндот во Русија беше као и е идеологија која е сериозно разнишана од западните комфорт вредности и не сум сигурен дека е одржлива денес сем да прерасне во поексплицитен тоталитаризам што дефинитивно води кон внатрешна шарена револуција а тоа е знаеме поделба на Русија и грабање на ресурсите. Значи гледам сериозна можност Русија да оди кон Кинескиот соушл кредит технократски систем а ние - западот кон диџитал кјуренсито пошто ќе мора да имаме квота, ваучери колку купуваме пошто следат недостатоци на храна. За сега гледам дека Шваб победува и се тече по планот, на крај ќе испадне дека нема за нас друго чаре и Шваб бил визионер.
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.441
Поени од реакции
5.163
Главниот терорист е позади Атлантикот а овие држави што ги напомна се само иизвршители на работите и не се субјекти во маународната политика.
Тие немаат свој мозок (свој субјективитет) и не одат по логика на сопствени интереси.Тие заликуват на нашиов политички режим нели?
Не дека тие преку барата се невини, ама со амнестирање на наведените еуропски сили им правиш услуга.
Инаку и аргументите не ти одат во прилог, земи го периодот пред Јое Алцхајмер, периодот на Трумп и однесувањето на овие еуроспки сили кон него и политиката која сакаше да ја наметне, додека тој промовираше какво такво релаксирање на односите со Русија, сите овие 3 продолжија со демонизација на Русија, така да не можат да бидат амнестирани.
 
Член од
1 март 2022
Мислења
361
Поени од реакции
936
А каква имавме?
Многу идеализираш, на рамнава плоча само десетина земји имаат целосна сувереност, но да повторам го промашуеш фудбалот.
Можно е јас да ја промашувам топката, ама ти го имаш промашено теренот. Македонија нема своја независна надворешна политика од самото осамостојување. Многу е смешна реториката дека ако Груевски не паднеше Македонија немаше да влезе во НАТО. Ќе им се исправеше Грујо на НАТО и ќе им кажеше НЕ.

Кој циркус.
 
Член од
16 декември 2009
Мислења
1.323
Поени од реакции
1.162
Не дека тие преку барата се невини, ама со амнестирање на наведените еуропски сили им правиш услуга.
Инаку и аргументите не ти одат во прилог, земи го периодот пред Јое Алцхајмер, периодот на Трумп и однесувањето на овие еуроспки сили кон него и политиката која сакаше да ја наметне, додека тој промовираше какво такво релаксирање на односите со Русија, сите овие 3 продолжија со демонизација на Русија, така да не можат да бидат амнестирани.
Не друже,никого јас не амнестирам туку по правило на хиерархија,така и ги градирам.
Дури и луѓето што сега завземаат некој позиции и во Македонија не се амнестирани зошто секој човек има право да избере дали ќе биде послушник и ќе го помага злото, или ќа има слободна воља и ќе работи за својот народ.
 
Член од
1 март 2022
Мислења
361
Поени од реакции
936
Не друже,никого јас не амнестирам туку по правило на хиерархија,така и ги градирам.
Дури и луѓето што сега завземаат некој позиции и во Македонија не се амнестирани зошто секој човек има право да избере дали ќе биде послушник и ќе го помага злото, или ќа има слободна воља и ќе работи за својот народ.
A кој тебе ти дава право да кажуваш што е злото а што е доброто?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom