Имало и еден ескимец.
Упорно сакаш да прикажеш дека русите ги убивале украинците и само они страдале. Факт е дека во 32-33 година, од иста причина и Сталин, жртви биле над 4 милиони украинци, 3-4 милиони руси, 2 милиони казахстанци. Сигурно имало и други етнички заедници, но овие биле најпогодени.
Единствен кој тука нешто негира си ти. Ти си тој кој намерно изостави 2 други етнички групи. Тебе изгледа ти пречат факти, пошто ги пишуваш само тие кои ти одговараат за да створиш слика дека русите им го направиле тоа на украинците. Нормално ако ги спомнеш другите два етникуми кои исто имале милионски жртви, твојот муабет не може да претстави слика каква што сакаш, а тоа е една голема лага. Лага не во смила на број на украинските жртви туку лага со која пробуваш да ги претставиш русите како народ кој извршил геноцид над украинците.
Ти барем малку да си прочитал од тоа што го пишувам ќе знаеше дека цело време истакував дека сум против војнава, дека највеќе од ова ќе страда украинскиот народ, дека можеше се ова да се избегне. Јас во ни еден момент не ги истакнав жртвите на едната страна како побитни од оние на другата страна. Ти тоа го правиш. Еве дај ми коментар твој, од кога нападна Русија, каде си ги спомнал руските цивилни жртви, каде си ги осудил украинците за убивањата, палењата цивили, масовни гробници, воени злосторства, вршени над руското население. Јас во 100 коментари пишав дека и двете страни се криви што ситуацијата дојде до тука. Јас во 100 коментари пишав дека не смее да се прави разлика во жртвите, без разлика дал се украински или руски.