Мислам дека сеа нареднава недела војната ќе стане погадна и русиве ќе почнат полека но сигурно да ја распарчуваат Украина. Овие единиците што се спуштаат од Харков надолу веќе им доаѓаат позади грб на источната украинска војска и ќе остане отсечена. Ќе го опколат Киев од западната страна и до крај на неделава најверојатно цел ќе биде опколен. Доле на југ до крај на неделава мислам дека ќе стигнат до Одеса а најверојатно ќе го опколат Запорожје од исток и од запад преку Херсон и ќе почнат да го прецкаат Днипро.
Прашањето е до кај е спремен Зеленски да оди и да дозволи растурање на државата и илјадници загинати.
Мислам дека не е ни многу битно што ќе прават Русите понатаму. Војната ќе ја добијат конвенционално, невозможно е Украина да ја заштити својата територија на долг рок (освен ако не видиме некој историски левел на некомпетентност на руската војска). Источна Украина е скоро сигурно дека ќе биде окупирана.
Проблемот е што, баш ваква голема воена кампања, ко од пред еден век, е тоа што Путин требаше и верувам дека сакаше да го избегне.
Што и да прават натаму, изгледно е дека Украина ќе се претвори во европска Сирија. Уништена земја, половично, или минимално, контролирана од легитимната власт, полна со оружје, полна со платеници од сите страни на светот и ринг за две светски сили со спротиставени интереси. Ова е веројатно дека ќе трае со години. Од отпорот на терен и од штетата што ќе ја предизвикат, претпоставка е дека Русија нема да ја има подршката на населението долгорочно.
Тоа е рецепт за да заглават тука. Во вистински quagmire.
Тоа е мое мислење, ќе видиме дали е точно. Ама, мене ми изгледа дека си ископаа вистинска дупка Русите и самите влегоа во неа.
Ми изгледа и дека не очекуваа и ваква реакција од Западот, особено волјата да се вратат во студена војна менталитетот, толку брзо.
Санкциите ќе ги погодат особено тешко. Без разлика на навивачките приказни по интернет, нема никаква пропорционалност меѓу ефектите што Русија и ЕУ ќе ги претрпат. Замрзнување девизни резерви на Централна банка и исклучување на двете најголеми банки од SWIFT, е без преседан за волку интегрирана држава во глобална економија. Иран е безначаен во споредба со улогата која Русија ја има. Ова ќе им го уништи финансискиот сектор и ќе им требаат години и години да се вратат во нормала. Комплетно ќе ги измести инвестициските циклуси на компаниите, кредитниот пазар во вакви услови тешко е да функционира. Плус, ограничувањата на извоз на многу производи и полу-производи, од кои руската индустрија краткорочно зависи, е дополнителен удар за индустриската база, која и онака им се намалува уште од советско време. Од извоз на primary commodities не се прави економија во 21 век. Русија не е Етиопија или сл.
Нив и релативно бенигните санкции од 2014 ги погодија тешко, практично го пресекоа залетот кој нивната економија го имаше фатено во 00ити. Ова е сосема друга димензија на санкции и претпоставувам дека ги чека убава рецесија.
За оние кои ќе го промашат аргументот, не е ризикот дека Русија ќе се распадне, или Русите ќе гладуваат и ќе шетаат боси по улица. Туку долгорочниот потенцијал на Русија е сериозно лимитиран, што е доволно за сите конкуренти во нивна околина, бидејќи Русија и онака (слично како останатиот дел од Европа) беше тргната во decline. Затоа и мислам дека е геополитички blunder војнава. Русија ќе ја имаше Украина на тацна кога САД ќе се повлечеше од тој регион, ЕУ немаше интерес за неа. Требаше да бидат само трпеливи.
Вистинските победници од оваа војна ќе бидат САД и Кина.
За оние што мислат дека Кина има намера, да игра улога на некој лојален сојузник, веројатно не ја разбираат кинеската политичка филозофија, која е константа со милениуми. За кинеската надворешна политика постои само средното кралство и варвари. Варварите имаат употребна вредност, сојузници или противници се доколку Кина има интерес да бидат едното или другото.
Сигурен сум дека ќе удрат на купување на обезвреднети assets по сите класи и ако оваа конфронтација со Западот потрае, долгорочно економски ќе ја колонизираат Русија. Ресурсите на Азискиот дел од Русија и проголтување на целиот технолошки сектор е убава награда, за играње улога на посветен сојузник.
За САД, јасно е зошто ова е вин за нив. ЕУ се враќа целосно во нивниот камп како сениор партнер. Плус, Европјаните сега имаат incentive да се вооружуваат, што значи дека САД ќе може се повеќе да се фокусира на Западен Пацифик, каде што им е примарниот интерес. Оската Берлин-Москва-Пекинг е мртва, што значи дека целта на политиката околу Украина уште од 2014, е остварена. Источна Европа ќе ги следи како агресивно куче, поради стравот од Русија. Плус, ја заглавуваат Русија во криза, од која поради геополитички и историски причини не можат да се повлечат. Па, ако имаат среќа, може ќе ја доведат Русија до преговарачка маса во иднина, за да имаат по скротена Русија, која ќе се координира со нивната политика околу "containment" на Кина. Што беше и намерата на претходната администрација на Трамп
Нормално, ова е мое мислење и мое читање на трендовите што ова војна ги стави во движење. Ќе видиме што иднината ќе донесе, бидејќи светот е апсолутно непредвидлив во моментов.