Зовреа страстите на темава, некои баш лично односно егзистенцијално ја сфаќаат проблематиката. Треба да сфатиш дека се работи за народ кој е константно омаловажуван од кој ќе стигне, со многу ниско ниво на самодоверба, и со изразена црта на Калимеро. Ова поврзување со Русите на повеќето му е една од ретките шанси да почуствуваат големина, колку да е тоа смешно, и емотивно реагираат ако не ги сакаш Русите.
Што се однесува до Русите, јас лично не ги сакам, но максимално ги почитувам. Многу ја сакам руската литература, пораснав на Толстој и Достоевски, но Русите никогаш не успеав да ги засакам.
За тоа кој е крив за војната, веќе неколку пати го кажав мислењето. Најголемата кривица лежи врз САД кој константно ги игнорираа пораките од Русија, потоа врз Украинците кои направија неверојатно лоша политичка проценка. Толку лоша, што човек треба да се запраша дали некој во врвот на Украина намерно ја втурна во војна заради некоја лична корист.