Дека има големо лицемерие - сите знаеме. Но тоа не ја оправдува моменталната ситуација каде што Русија изврши инвазија врз независна држава.
И целата ситуација не почна ни пред 8 години, туку пред 78, по крајот на ВВ2. Веќе го пишував ова, сите држави кои Русија ги држеше под нејзина сфера на влијание ѝ избегаа. Зошто? Затоа што она ги држеше под нејзино влијание со страв и трепет, насилство, закани итн... И кога се распадна Советскиот Сојуз, сите Европски држави што ги држеше под контрола одма пребегаа на другата страна. Иста е и приказната со Украина и Украинците, и ним им е смачено од Руското влијание кога гледаат како нивните соседи живеат многу поубаво. Знаеш како викаат? "Таму каде што не буши бургија - буши пара".
Исто така, вие обожавате да кажувате дека сите се под контрола на САД, дека они всушност ја почнале војната преку "кловнот" што го имаат ставено за нивна марионета, но реалноста е дека огромен дел од Украинците го изгласаа за нивен претседател и уште го поддржуваат и се гордеат со него.
Освен по некој удрен навивач на двете страни тука, нема некој што оправдува војна. Најтрагично е што можеше да биде избегната. Погрешно е да се прави слика дека само Русија е крива. Не може само Русија да се окривува кога Украина е таа која не сака да спроведе мировен договор, потпишан од неа. Цел свет беше свесен, а камо ли Украина, дека членство во НАТО значи војна. Они упорно го форсираа тој пат. Колку треба да си ненормален, да знаеш дека противникот е многу помоќен, ако сака може да те срамни со земја, знаеш дека НАТО на нивна граница е директна закана за нивната држава, а ти да го форсираш тоа. Еден тон наоружување изнакупија од НАТО. Масивни воени вежби заеднички. На крај викаш, или во НАТО или ги враќаме нуклеарките. Додади на ова дека русите од 2014 навака ужасно живеат во Украина. Поделена е вината на двете страни.
Нормално е дека ако сакаат треба да одат во ЕУ. Тоа ни Русија не им го спори. Свесни се дека после 2014 во догледно време про руска политика од Украина не треба да очекуваат. Едноставно, на Русија и треба воено неутрална Украина, нека е и про европска. Затоа ги зборам како примери Шведска и Финска. Проблемот е што Украина им треба како кризно подрачје, полно со корупција, сиромаштија, криминал, а не ко нормална развиена земја како овие две. Затоа и ЕУ не им се замараа. Сите страни имаа интерес да е Украина таква. Украина ќе биде пуста држава ако влезе во ЕУ пред да стане нормална држава. Ни 20 милиони народ нема да им остане таму.
Факт е дека е нивна марионета. Сите негови постапки го покажуваат тоа. Јас не сметам дека преку него ја почнале војната зашто пак ќе кажам, оваа војна трае без престан 8 години. Ова сега е само кулминација. Зеленски беше поддржан и гласан и од про руски настроени гласачи, победи убедливо. Луѓето на него гледаа како обичен човек, кој не е политичар, на кој исто му е смачено од војна, сиромоштија, криза во државата. Зеленски ветуваше дека конечно не стави крај на војната и убивањата меѓу украинците и русите. Наместо тоа, во негов мандат ситуацијата дојде до директна војна меѓу двете држави. Сега ние може тука да кажуваме приказни, ама факт е дека 3 години е претседател и ако сакаше да можеше бар да почне да реализира делови од договорот од Минск, а ако некој му прави опструкции јавно да каже. Поготово што нео нацистите имаат големо влијание и високи позиции во владата, а они сигурно се против тој договор. Наместо тоа, он во секоја наредна година, се повеќе лижеше кај НАТО. Можеби има уште поддршка, ама верувај со секој нареден лош подег се повеќе ќе ја губи. А многу грешки му се трупаат во последниов период. Моментално пропагандата во Украина е на највисоко ниво, до некаде и разбирливо, во војна се, ама нема да може долго да ја крие вистината за манипулациите со лажни вести кои директно влијаеа на многу луѓе да не се евакуираат, делењето оружје на ретарди кои си ги убиваа сопствените граѓани на улица, користењето на цивилите како жив штит, ставањето на воена техника, во населени места, на 15-20 метри од згради со цивили, школи.