jamajka
mode: Calm
- Член од
- 28 април 2007
- Мислења
- 19.498
- Поени од реакции
- 27.317
Јас незнам ти и другите дали воопшто знаете нешто за поблиската историја на светските текови...За секоја санкција предадена одма се вади дека Русите имаат нешто што ја заменува таа санкција и дури е подобра од западнава. Уште малце ќе напише некој дека Русија веќе има колонизирано 16 планети во Млечен пат..
Србија цела војна во бивша Југославија ја помина со санкции 10 години, на крајот мораа 3 месеци да ја бомбардираат, па на крај да удрат на цивилни објекти за да се предаде.
Белорусија 30 години живее под санкции па тоа не и пречи само во ИТ секторот на месечно ниво да добива над 300 милиони долари од запад.
Иран е над 40 години под санкции, во тие 40 години помина и една разурнувачка 8 годишна војна со Ирак кој беше подржуван и вооружуван од западот (да истиот тој Ирак на Садам Хусеин, кој само 3 години после војната со Иран го бомбардираа, читај не само што го фрлија како искористен куртон, туку и го згазија) во која војна даде над милион жртви. Па ете сеуште си стои. Изградија држава изградија образование кои ги дава едни од најдобрите студенти на техничките факултети во светот.
Да мислиш дека ќе пропадне Русија од санкции од западот, во услови кога истиот тој запад што воведува санкции ЗАВИСИ од гас и нафта (да не збориме жито, масло за јадење и други минерали) треба да си тешко тркало.
Најпатетично од све е што истиот тој запад што им маваше санкции на Иран, се обрати токму на Иран како можност да го замени Рускиот гас и нафтата, кои во краен случај пак ќе бидат во голем дел Руски... Патетика.