Lester Freamon
A man of focus, commitment, sheer will...
- Член од
- 14 јануари 2015
- Мислења
- 16.238
- Поени од реакции
- 36.511
Не се така едноставни работите за прибирање на инженерите, ќе работат со тие што им се таму оти ако некој заминал назад не се враќа.Единствен проблем за Русија е што загубите на западните компании се дисперзирани, додека кај Русија концентрирани.
Но пак ќе речам, многу брзо почнаа договори да фрчат, со Индија, со Кина, со Пакистан... не е дека биле неспремни Русиве. Башка сега им се отвора шанса на ижинерите за соработка со Кина, замисли буст на копиите со Руски инжинери што би значело за Кинезите. Сега зависи колку е Кина во сето ова и дали ако е, ќе и биде наклонета на Русија или ќе и сврти грб при првата пречка.
Јас мислам дека е ова бајаги поголемо од Украина и дека ќе биде обид за тејк овер, па ќе видиме што ќе се деси.
Западот дефинитивно ќе си има мака со енергетиката и ќе ги удри по џебот обичните граѓани. Па дури и да остане врската со гасот и нафтата, цената никад нема да се врати во нормала, а тоа ќе е голем удар за западната економија. Како и да не чекаат доста интересни времиња.
И што е најитересно од све, ќе видиме дали после цела оваа русофобија на западот, Руските инжинери расеани низ западот ќе си се приберат дома и што тоа ќе значи за компаниите кои работат со нив.
И друга интересна работа е што ќе се случи со Белоруските програмери во Белорусија, одприлика ги има 60К со плати во просек над 3К долари. Бајаги фирми зависат од овие програмери.
Финтата за блискост со Кина е економската војна меѓу Кина и САД, па жолтите може да им свртат грб на Русите само и само ако САД ги тргне рестрикциите кон Кинеските компании (што чисто се сомневам, ако го направат тоа ќе и ебат мамицата на својата економија која и така ја држат само со печатење на пари, војни и страв).
Баба Рога е САД, и колку и да немаат заеднички јазик источните земји, ќе мора да играат заедно ако сакаат да и ги скратат крилјата.
ЕУ ќе биде само оштетената страна, не и одговара ниту да сврти грб на САД, ниту да се заебава со истокот, зависна е и енергетски, а и територијално е на најлоша позиција.