Војната во Украина не почна пред три дена, туку пред точно осум години, почетокот на 2014. Ама тогаш Украинците го изгубија само Крим, почнаа и воени дејствија да, но само на крајниот исток од државата (регионот Донбас односно Донетск и Луганск). Денеска во 2022 год. имаме обид за целосно 100% завземање на Украина од страна на Руската армија. Украина е нападната и од вода, воздух, копно и тоа од сите страни, север, југ, исток, едино од страната на Полска, Унгарија и Романија нема напад. Не знаеме која е крајната цел на Путин и неговата армија, дали да ја завземе/окупира како да се изразам цела Украина, половина Украина (фифти-фифти), две-третини, три-четвртини, којзнае, но едно е факт Украина онаква каква што ја знаеме никогаш повеќе нема да биде иста, иста како претходно. Веќе и сега е, а и тек допрва ќе биде целосно срамнета со земја, а половина од нејзината популација ќе отиде и веќе оди по Полска, Унгарија и други држави од централна и западна Европа. Всушност со Украина, но Украина со преполовено Украинско население (од 40 на 20 милиони) и со потполно 100% уништена Украинска армија, влада/власт, економија, инфраструктура, индустрија, институции... Путин/Русија ќе можат многу лесно да владеат во иднина откако ќе се заврши војната. Да бидеме реални на Путин апсолутно не му одговараат ниту моќна Белорусија, ниту па моќна Украина, но што се овие држави послаби во секој можен поглед толку подобро за Путин/Русија, бидејќи така полесно ќе ги контролира и владее или он директно или па индиректно преку свои играчи/вазали од типот на Лукашенко, Јанукович или оној како се викаше Донецкиот лидер Пушилин и сл. !