Украина не е мала, и башка оружје континуирано набавувала последниве години (2014-2021), и генерално (секако со последици) може да се држи со овие 30-40% од рускава војска која е навлезена на нејзина територија (негде прочитав дека 30-40% од оние 200.000 кои беа распоредени се влезени на територија на Украина), би претпоставил дека ќе се држи и доколку навлезат и повеќе од рускиве трупи (сите 200.000).
Прво, дома се, иако и на русите им е познат теренот, но сепак ценам дека домашен терен е домашен терен, второ мотивирани се (муабетов дека се топовско месо) цел свет во принцип е на нивна страна и ги поддржуваат (да речам буцкаат) и трето...разумот не е присутен на ниедна страна (штом војуваат нели) мене ми личи работава дека се решени и двете страни да одат до "крај".
На САД им е во прилог да оваа војна трае што е можно подолго => поголеми загуби за Русија, и обратно на Русија не и е во прилог да трае долго, посебно кога ќе се земат во предвид санкцииве, народот во Русија не верувам дека е мотивиран како Путин да ги трпи санкцииве до бесконечност, но пак САД (и западот) верувам пак дека нема да останат само на санкции доколку Русија започне со употреба на посериозна воена опрема ( во очите на јавноста ќе дадат порака дека буквално ја набуцкаа Украина и ја оставија да пропадне во апсолутна агонија и дека не ги бива за ништо т.е. се плашат = Путин е главен - како сака, така прави и никој ништо не му може).
Што значи ова:
Сценарио 1: Русија ги издржува санкцииве некако, го завзема Киев за брзо време, менува влада и претпоставувам life goes on некако...не е сјајно али барем нема да има веќе војна
Сценарио 2: Украина се држи добро што би значело дека ќе треба уште повеќе (посилно) да нападне Русија за што побрзо да го оствари првово сценарио, праќа повеќе трупи и оружје, го завзема Киев со катастрофални последици по двете страни и нели менува влада и некако life goes on...пак не е сјајно, али нема војна, со тоа што Путин во ова сценарио ценам дека ќе почувствува дека може што сака да прави (никој ништо не му може)
Сценарио 3: Украина пружа отпор, добива од запад помош се повеќе, намирисува победа, го издржува притисокот постојано што би резултирало со употреба на многу посериозно оружје/артилерија од страна на Русија за да некако извојува победа, во оваа ситуација како резултат на апсолутна воена катастрофа (збориме бомбардирање на цивили, eл. централи, гасење вода, u get picture) со многу цивилни жртви итн итн, под силен притисок на јавноста можно е да замешта прсти и некој друг (запад) што би резултира со WW3.
Сценарио 4: Путин да ја освои Украина и да продолжи (да речеме кон Финска/Шведска) што исто ценам дека ќе еволуира во WW3, тоа ќе ги инспирира дефинитивно сојузнививе (читај Кина) да тргне кон Тајван, па не знам Северна Кореа кон Јужна, Србија кон Косово итн итн = WW3.
Од горе искача 50% дека ќе ја оставиме и ќе гледаме како Украина се уништува, или 50% дека ова ќе прерасне во WW3..
Без разлика кое сценарио ќе биде полошо од ова не можеше да биде, пандемија па војна... ќе остареме дур да го вратиме светот кај што беше во 2019 економски...