Деца, денеска ќе учиме за лошите хемиски дроги
1.
Мета кристали и метамфетамини
Мета кристалите и метата се инхалираат, пушат или инјектираат (вшприцуваат). Малите дози се во форма на пилули.
Мета кристалот е форма на метамфетаминот која наликува на мали парчиња на стакло или светкави сино-бели камчиња.На улицата ,има имиња како “мраз“, “стакло“, “кристал“ и други. Тоа е моќна дрога која предизвикува зависност. Nаправена од човекот и предизвикува насилно, агресивно однесување како и психолошко растројство. Многу корисници пријавуваат зависност уште при првата употреба. Претставува една од најтешките дроги за лечење.
Краткорочни ефекти
Негативните ефекти вклучуваат нарушен сон, хиперактивност, повраќање, зголемена агресивност и вознемиреност. Може да предизвика намален апетит и да дојде до загуба на телесната тежина. Во поголеми дози, зема поголем замав, проследено со зголемено расправање а понекогаш и насилство. Други ефекти се несоница, конфузија, халуцинација, вознемиреност и параноја. Може да редизвика грчење до смрт.
Долгорочни ефекти
Зголемени срцеви отчукувања и крвен притисок, оштетување на крвните садови во мозокот, доведувајќи до удари, нередовни срцеви отчукувања, кардиваскуларен колапс или смрт. Може да предизвика оштетување на црниот дроб, бубрезите и белите дробови. Корисниците може да страдаат од мозочни оштетувања, намалување на меморијата а зголемување на неспособноста за апстрактни мисли.
Оние кои се излечиле имаат празнини во меморијата и екстремни промени во расположението.