Русиве секако ќе ја освојат Украина невозможно е да се одбрани Украина со тоа што го има. Веќе гледаме борби во Киев малтене во центарот на Киев. За 2 дена прогресираа од Белоруска граница до Киев. Ваков брз продор веројатно придонесува да има многу мали групи руски трупи изолирани во различни делови на градот и лесно да бидат фатени без многу отпор од нивна страна. Друга работа е што мислам дека Русиве пазат доста цивили да не погинат со бомбардирања за да не се направи поголем хаос. Според тоа што го изјавуваат америве овде е дека за максимум 7 дена ќе капитулира Украина. Чудно е што Русите се многу тивки со видео снимки и слично. Успеав да најдам 1 видео каде имаше преку 20 украински војници масакрирани од артилерија живи запалено буквално од артилериски оган. Такви масовни жртви на руски војници не сум видел до сеа. Видеа на руски војници погинати беа 3-4 мах што го потврдува она што го пишуваат западниве медиуми за брзи десантни единици уфрлени со транспортни хеликоптери во Киев.
Многу техника им заплени Украина по тоа што го гледам на телеграм. БТР,Камази,Стрела,Бук и слични ним воени возила. Децава што се заробени се по 20-24 години од Русија. Дали се волонтери дали се професионална војска тешко е да се каже. На толку запленета техника а нема жртви до ти возила значи побегнале самите војници не останале да изгинат.
Шпекулациите за бутнати авиони Иљушин и Сухои не може да се потврдат нема ниедна снимка од ова. Освен од 1 ка-52 кој е оставен на напуштен у сред пољана. Барем 2 снимки се потврдени од бутнати су-27 на Украина каде што на 1 снимка пилотов е буквално мелено месо не се познава дека е човек.
Русија ќе ја покори Украина сигурно но прашање е дали ќе може да воспостави ред да инсталира влада по нејзина мерка. Со толку омраза кај народов украински не знам како би се одвивало ова. Која е крајната цел на Русија ? Дестабилизирана Украина ,Украина дел од Русија , Срамнета со земја Украина и сл? Што мислите?