Kога се пишува на некоја тема пред се и над се треба да се запознаеш со неа, односно со населението кое живее таму, Украина е многу специфична во тој поглед и пред се Украинците како народ се доста разновидни но сепак се силно обединети околу украинскиот национализам и фанатизмот за Украина.
Како прво да расчитиме една работа, како што сите овде а и огромниот дел русофили живеете во Западна Европа а не во Русија, сите се борите да работите и живеете во некој од ЕУ земјите а не Русија бидејќи таму квалитетот на живот е многу подобар истото го сакат и самите Украинци, но сепак за разлика од нас тие имат едно големо проклетство а тоа е да граничат со Русија.
Русинот за брат може да го смета само тој што немал потреба да ја почувствува неговата "братска љубов", докажано многу пати низ историјата, видено и пред година дена во Арцах (Нагорно Карабах) а и ќе го гледаме уште доста во иднина.
Пред се доста интересен феномен кај Украинциве е да земеме на пример религијата, имаа до скоро дури 4 правослани цркви, три национално украински и едната под влијание на Русија, Украинска Православна Црква - Киевски Патријархат, Украинска автокефлна православна црква кои се сега со признавањето од патријаршијата станаа една Православна Украинска Црква, потоа третата е Украинско гркокатоличка црква , или православни кои се во унија со Папата во битка против руското влијание, таков пример имаме и во нашата историја со Кукушката унија или познати како источникатолици кои и ден денешен ги има во Струмица и струмичко.
На крај четврта црква е Украинската православна црква - Московски Патријархат која ги обединува верниците кои се проруски ориентирани.
Покрај тоа треба да додадеме и доста римокатолици и протестанти кои прават доста интересен котел кој малку му треба да почне да врие.
Кој живее во религиски мешани средини како мојава ќе знае дека протестанти, католици. источнокатолици или православни кои го признаваат папата секогаш се прозападно ориентирани и многу немат сентимет кон славјанство, русофилија и.т.н., болки кои ги има во православието.
Е сега ако видиме дека и православните цркви во Украина кои беа две а сега се една се во постојан конфликт со Русија не треба да зборам како тоа влијае на менталитетот на еден просечен украинец.
Украина одсекогаш има силен национализам, ако земеме во факт дека Украинциве имале воена формација од околу 20 000 - 200 000 борци украински националисти кои војувале и антисталин и антихитлер за Независна Украина, без никаква силна поддршка од некоја голема сила зборува многу за нив, иако за воља на вистината и тие имат темна страна со етнички чистења ама сепак зборува доста за украинскиот национален фанатизам. Своето делување и знаме го превземале од ВМРО.
Ако на сето тоа го додадеме и Глaдомор, најголемиот егзодус на Украинциве кога иако се најголема житница во Европа дури 3.5 милиони умираат од глад, денес кај нив и нивните научни кругови го нарекуваат и Украински геноцид или Украински холокауст не треба повеќе да се зборува зошто омразата кон Русија е голема кај нив.
Во Украина има разни поделби од крајнолеви до крајнодесни, но сите се обединети само во едно нешто, омразата кон Русија и пред се омразата кон Путин, имам гледано изјави и документарци за тоа како антифашисти и националисти во Украина кои меѓусебе постојано се тепат каде стигнат и се сретнат, во битката против Русија прв пат не се нападнале едни против други на некој настан и биле на иста страна, ако две такви спротивни фракции застанат на иста страна рамо до рамо тоа зборува многу за каков гад е непријателот.
На крајот може многу да пишувам на темата но резимето е следно : Украинциве сакајќи поквалитетен живот за самите себе се ориентират прозападно но едноставно колку тоа и да го сакат тоа е невозможно поради тоа што граничат со Русија и таа никогаш нема да го дозволи тоа да го остварат, посебно што Русиве одсекогаш имале амбиции да ги асимилират Украинците.
Од историски и секаков аспект секој што е Македонец треба да биде на страна на Украина, украинциве се еден од ретките народи кои секогаш биле на наша страна за разлика од русиве, ни помогале секогаш од Карпошово востание па се до воениот конфликт 2001 и секогаш кога сме имале потреба за било каква помош низ историјата, Украинциве ги чувствувам како наши браќа и наша должност е да бидеме на нивна страна во овој конфликт.